В. И. Ленин

Анархизам и социјализам


Напишано: 1901
Првпат објавено: Proletarskaya Revolutsia, No. 7, 1936.
Извор: Lenin Collected Works, Foreign Languages Publishing House, 1961, Moscow, Volume 5, p. 327-330.
Превод: Б. П., од англиски јазик
Онлајн верзија: август 2009


Тези:

1. Анархизмот, во текот на 35 до 40 години (Бакунин и Интернационалата, 1866-) од своето постоење (заклучно со Штирнер, во текот на многу години) не произведе ништо освен општи тривијалности против експлоатацијата.

Овие фрази беа актуелни повеќе од 2,000 години. Тоа што недостасува е (алфа) разбирање на причините за експлоатација; (бета) разбирање за развојот на општеството, кој води до социјализам; (гама) разбирање на класната борба како креативната сила за остварување на социјализмот.

2. Разбирање на причините на експлоатацијата. Приватната сопственост како основа за стоковната економија. Општествена сопственост над средствата за производство. Во анархизмот – нула.

Анархизмот е буржоаски индивидуализам во опачина. Индивидуализмот е основата на сиот анархистички светоглед.

{

Одбрана на ситната сопственост и ситната економија на земјата. Keine Majorität.[1]

Негација на обединувачката и организациска моќ на авторитетот.

}

3. Неуспех да се разбере развојот на општеството – улогата на масовното производство – развојот на капитализмот во социјализам.

(Анархизмот е производ на очај. Психологијата на вознемирениот интелектуалец или вагабонтот, а не на пролетерот).

4. Неуспех да се разбере класната борба на пролетеријатот.

Апсурдна негација на политиката во буржоаското општество.

Неуспех да се разбере улогата на организацијата и образованието на работниците.

Лек кој се состои од еднострани, неповрзани средства.

5. Што придонесе анархизмот, едно време доминантен во романските земји, во скорешната европска историја?

– Нема доктрина, револуционерно учење или теорија.

– Фрагментација на движењето на работничката класа.

– Комплетно фијаско во експериментите на револуционерното движење (прудонизам, 1871; бакунинизам, 1873).

– Подреденост на работничката класа на буржоаската политика под превезот на негација на политиката.


Забелешки

[1] Без мнозинство (т.е. анархистичкото неприфаќање на потчинувањето од страна на малцинството спрема мнозинството).–Ed. —Lenin


Ленинова архива

Анархистичка тематска архива

марксистичка интернет архива