Карл Маркс Фридрих Енгелс

Германска идеологија


В. Комунизам. — Производство на самата форма на општење

Комунизмот ce разликува од сите досегашни движења по тоа што темелно ги урива сите досегашни односи на производство и општење и за првпат свесно ce однесува спрема сите стихијно настанати претпоставки како творби на дотогашните поколенија, лишувајќи ги тие претпоставки од нивниот стихиен карактер и подредувајќи ги нив на власта на здружените индивидуи. Поради тоа неговото востановување има според својата сушност економски карактер — создавање материјални услови на тоа здружување; тоа постојните услови ги преобразува во услови за тоа здружување. Постојното, што комунизмот го создава, е вистинска база која го оневозможува сето постојно независно од индивидуите, до колку тоа што постои сепак не е ништо друго туку производ на досегашното општење на самите индивидуи. Комунистите, значи, спрема условите создадени со досегашното производство и општење, практично се однесуваат како спрема неоргански, но притоа тие не си вообразуваат дека планот или решението на досегашните генерации беше да им даваат материјал, ниту веруваат дека тие услови биле неоргански за индивидуите што нив ги создавале. Разликата меѓу индивидуата како личности и случајната индивидуа не е разлика во поимите, туку претставува историски факт. Оваа разлика има различна смисла во различните времиња, на пр. сталежот е нешто случајно во индивидуата во XVIII век, a исто така, plus ou moins (повеќе или помалку. — Прев.), и за семејството. Тоа е разлика што ние не ja правиме за секое време, туку која секое време ja прави меѓу елементите кои ги затекнува, и тоа не според поимот, туку според принудата од материјалните животни колизии. Она што на подоцнежниот временски период, наспроти досегашниот, му се чини случајно, значи случајно и меѓу елементите што ги наследи од претходниот период, претставува формата на општење која соодветствуваше на определен развиток на производните сили. Односот на производните сили спрема формата на општење е однос на формата на општење спрема [самодејноста], спрема трудот или спрема дејноста на индивидуата. (Основна форма на оваа дејност [самодејност] е, ce разбира, материјалната дејност од која зависат сите други духовни, политички, верски итн. дејности. Различните форми на материјалниот живот зависат, ce разбира, секогаш од веќе развиените потреби, a самото раѓање и намирување на тие потреби претставува историски" процес коj не може да ce најде кај една овца или куче / главен аргумент на Штирнер што тој упорно го истакнува како adversus hominem/ (против човекот. — Прев.) макар што овците и кучињата во својот сегашен вид ce несомнено — навистина malgré eux (наспроти својата волја. — Прев.) — производ на историскиот процес.) Условите во кои индивидуите меѓусебно го извршуваат своето општење cè додека не ce роди погоре посочената противречност, претставуваат услови кои спаѓаат во нивната индивидуалност, кои не ce за нив нешто надворешно, услови во кои сите определени индивидуи кои егзистираат во определени односи, единствено и можат да го произведуваат својот материјален живот и она што е во врска со него, т.е. претставуваат услови на нивната самодејност и производ ce на таа самодејност, [производство на самата форма на општењето], Определени услови при кои луѓето произведуваат, cè додека не ce родила посочената противречност, соодветствуваат на нивната вистинска условеност, на нивното еднострано битие, што ce покажува како едностраност дури благодарение на појавата на противречноста и, според тоа, постои само за оние што доаѓаат подоцна. Тогаш овие услови ce јавуваат како случајни пранги и свеста за тоа дека тие претставуваат пранги му ce препишува на претходниот период.

Тие различни услови, кои првин ce јавуваат како услови на самодејноста, a подоцна како нејзини пранги, образуваат во целиот историски развиток поврзана низа од форми на општење чија поврзаност ce состои во тоа што на местото на поранешната форма на општење, која стана пранга, доаѓа новата која соодветствува на развиените производни сили, a co тоа и на попрогресивниот начин на самодејноста на индивидуите, форма која à son tour (од своја страна. — Прев.) повторно станува пранга и тогаш бидува заменета со друга форма. Бидејќи овие услови на секоја степен соодветствуваат на истовремениот развиток на производните сили, нивната историја е едновремено и историја на производните сили, кои ce развиваат и кои ги презема секоја нова генерација, a co тоа и историја на развитокот на силите на самите индивидуи.

Бидејќи овој развиток ce одвива стихијно, т.е. не е потчинет на еден општ план на слободно здружените индивидуи, тоа тој исходува од различни места, племиња, нации, гранки на трудот итн., од кои секој во почетокот ce развива независно од оние другите, a дури постепено стапува во врска со нив. Потем, тој развиток ce одвива мошне бавно, различните степени и интереси никогаш целосно не ce надминуваат, туку само му ce потчинети на победоносниот интерес и уште со векови ce провлекуваат паралелно со него. Оттука следува дека дури во рамките на една иста нација, индивидуите, дури и да ce апстрахираме од нивните имотни односи, имаат сосем различен развиток и дека некој поранешен интерес, чија соодветна форма на општење е веќе потисната од формата која соодветствува на некој подоцнежен интерес, уште долго продолжува по традиција да има власт во заедницата, т.е. привидната заедница која е самостојна во однос на индивидуите (државата, правото) — власт која во последна инстанца може да ce урне само со револуција. Оттука исто така мошне јасно ce гледа зошто по некои прашања кои имаат повоопштен израз, понекогаш ce чини дека свеста отишла потаму од емпириските односи на истото време, така што во борбите на некоја подоцнежна епоха можно е да ce потпреме врз авторитетот на теоретичарите од минатото.

Обратно, во земји кои како Северна Америка го почнуваат развитокот во веќе развиена историска епоха, тој ce одвива мошне бргу. Таквите земји немаат други стихијно настанати претпоставки освен индивидуите кои таму ce населуваат и кои биле принудени тоа да го сторат поради формите на општење во старите земји кои не им соодветствуваа на нивните потреби. Тие, значи, својот развиток го започнуваат со најпрогресивните индивидуи на старите земји, a отаде и со најразвиената форма на општење која соодветствува на тие индивидуи, пред уште таа форма на општење да може да ce утврди во старите земји. Таков е случајот со сите колонии, до колку тие не ce чисто воени или трговски бази. Како примери можат да послужат Картагина, грчките колонии и Исланд во XI и XII век. Сличен процес ce случува и при освојувањето, кога на освоената земја и ce пренесува во готов вид формата на општење развиена на друга почва. Додека таа во својата татковина cè уште е оптоварена со интересите и односите наследени од минатите епохи, тука таа може и мора целосно и без пречки да ce утврди веќе и поради тоа за на освојувачите да им обезбеди трајна власт. (Англија и Неапол по Норманското освојување кога добија најсовршена форма на феудална организација).

Ce чини дека на севкупното вакво сфаќање на историјата му противречи фактот на освојувањето. Досега силата, војната, пљачкосувањето, разбојничкото убиство итн. ce земани за подвижна сила на историјата. Овде ние можеме да ce ограничиме само врз главните точки и поради тоа ќе ги земеме само највпечатливиот пример, разурнувањето на една стара цивилизација што го извршил еден варварски народ и почетокот на оформувањето на една нова култура на општеството што ce надоврзува на ова. (Рим и варварите, феудализмот и Галија, Источното Римско Царство и Турците). Кај освојувачкиот варварски народ самата војна, како што веќе горе беше навестено, претставува ce уште нормална форма на општење која до толку поревносно ce користи, до колку повеќе, порастот на населението во условите на вообичаениот и за него единствен можен примитивен начин на производство, создава потреба за нови средства за производство. Во Италија, напротив, благодарение на концентрацијата на земјишната сопственост (предизвикана не само од купувањата на големо и од задолжувањето, туку и од наследувањето, бидејќи поради големата негрижа и ретките женачки, старите семејства постепено изумираа, a нивниот имот поминуваше во сопственост на малубројните), и благодарение на претворањето на таа сопственост во пасишта (причинета не само од вообичаените и денеска важечки економски причини, туку и од увозот на ограбеното и како данок добиено жито и, како последица на тоа, од отсуството на потрошувачи за италијанските житни растенија), во Италија, значи, слободното население беше речиси исчезнато, робовите cè повеќе изумираа и беше нужно постојано да бидат заменувани од нови. Ропството остана основа на севкупното производство. Плебејците кои според својата положба беа некаде меѓу слободните и робовите, никогаш не отидот потаму од лумпен-пролетаријатот. Воопшто Рим никогаш не ги прерасна рамките на град и речиси единствено имаше политичка врска со провинциите која, ce разбира, можеше со политичките настани да биде и прекината.

*

Нема ништо повообичаено од претставата дека досега cè во историјата беше сведено само на освојување. Варварите го освојуваат Римското Царство и од фактот на тоа освојување ce објаснува преодот од античниот свет во феудализам. Меѓутоа, при освојувањето што го преземаат варварите cè зависи од околноста дали нацијата која ja освојуваат има развиени индустриски производни сили, како што е случајот кај современите народи, или пак нејзините производни сили главно ce засновуваат само врз нејзината обединетост [врз нејзиното заедничко дејствување] и општост (Gemeinwesen). Натаму, карактерот на освојувањето е условен од предметот на освојувањето. Имотот на некој банкар кој ce состои од вредносни хартии не може воопшто да ce земе до колку тој кој зема не ce потчини на условите на производството и општењето во освоената земја. Тоа истото важи и за целокупниот индустриски капитал на некоја модерна индустриска земја. И, најпосле, надоаѓа многу бргу насекаде крајот на освојувањето, a кога повеќе нема што да ce земе тогаш мора да ce почне со производството. Од оваа нужност на производството која ce појавува многу бргу следува дека формата на општествениот поредок која ja преземаат населените освојувачи треба да соодветствува на степенот на развитокот на производните сили што тие ги затекнуваат, или до колку тоа од самиот почеток не е случај, таа мора да ce менува сообразно со производните сили. Со тоа ce објаснува и фактот кој во периодот по селидбата на народите може, како што ce тврди, насекаде да ce забележи, дека, имено, слугата стана господар, и дека освојувачите многу бргу ги примија јазикот, образованието и обичаите од освојуваните народи.

Феудализмот воопшто не беше пренесен од Германија во готов вид, туку неговото потекло кај освојувачите ce наоѓа во воената организација на војската за време на самото освојување, a таа организација дури по освојувањето, благодарение на влијанието на производните сили што постоеја во освоените земји, ce разви во вистински феудализам. Во каква мера оваа форма беше условена од производните сили покажуваат неуспешните обиди да ce зацврснат други форми засновани врз староримските реминисценции (Карло Велики итн.).

*

Во крупната индустрија и конкуренција сите услови на постоењето, сите условености и едностраности на индивидуите ce стопени во две наједноставни форми: во приватната сопственост и трудот. Парите секоја форма на општење и самото општење го направија за индивидуите нешто случајно. Според тоа, веќе во парите ce корените на фактот што целокупното досегашно општење беше само општење на индивидуите под определени услови, a не на индивидуите како индивидуи. Овие услови ce сведени на акумулиран труд или приватна сопственост, или на вистински труд. Ќе престане ли еден од нив да постои, ce прекинува и општењето. И самите модерни економисти, на пр. Сисмонди, Шербулије итн. на association des individues (асоцијацијата на индивидуите. — Прев.) и ja спротивставуваат association des capi taux (асоцијацијата на капиталот. — Прев.). Од друга страна, самите индивидуи ce целосно подредени на поделбата на трудот и на тој начин доведени во сестрана заемна зависност. До колку во рамките на трудот му ce спрогивставува на трудот, приватната сопственост ce развива од нужноста на акумулацијата и во почетокот cè уште има форма на општост, (Gemeinwesen) но во текот на натамошниот развиток таа cè повеќе и ce приближува на модерната форма на приватна сопственост. Со поделбата на трудот е дадена веќе од самиот почеток и поделбата на условите на трудот, на орудијата и материјалите, a co тоа и расцепканоста на акумулираниот капитал меѓу различни сопственици, a co ова и расцепот меѓу капитал и труд, a исто и различните форми на самата сопственост. Колку повеќе ce развива поделбата на трудот и колку повеќе расте акумулацијата, толку поостар станува овој расцеп. Самиот труд може да постои само под претпоставката на овој расцеп.

*

(Личната енергија на индивидуите на одделни нации — Германци и Американци — енергија веќе благодарение на вкрстувањето на расите — затоа Германците ce кретенести — во Франција и Англија итн. странските народи ce населени на сосем развиена почва, во Америка на сосем нова почва, a во Германија населението — староседелци не ce помрдна од место.)

*

Овде, значи, ce покажуваат два факта. Прво, производните сили јавуваат како нешто сосем независно и истргнато од индивидуите, како свет за себе покрај индивидуите, a причина за тоа е околноста што индивидуите чии ce тие сили, егзистираат поделено и стојат во заемна спротивност, додека овие сили, од друга страна, претставуваат вистински сили само во општењето и поврзаноста на тие индивидуи. Значи, на една страна — тоталитет на производните сили кои зеле, така да ce рече, предметен вид и за самите индивидуи повеќе не ce сили на индивидуите, туку на приватната сопственост, та отаде претставуваат сили на индивидуите само до колку тие индивидуи ce приватни сопственици. Ниту во една поранешна епоха производните сили не добиле таков несуштествен вид за општењето на индивидуите како индивидуи, бидејќи самото нивно општење cè уште беше ограничено. На другата страна, наспроти тие производни сили стои мнозинството на индивидуите од кои овие сили ce откинати и кои поради тоа, лишени од секоја вистинска животна содржина, станаа апстрактни индивидуи, но ним дури на овој начин и им ce дава можност како индивидуи да стапат во меѓусебна врска.

Единствената врска која тие ce уште ja имаат со производните сили и со својата сопствена егзистенција — трудот, го загуби кај нив секој привид на самодејност и им го одржува животот само на тој начин што ги осакатува. Додека во поранешните периоди самодејноста и производството на материјалниот живот беа разделени на тој начин што паѓаа во дел на различни личности, додека производството на материјалниот живот поради ограниченоста на самите индивидуи уште ce сметаше за второстепен вид самодејност, сега тие така ce разделуваат што материјалниот живот воопшто ce јавува како цел, a производството на тој материјален живот — трудот (кој претставува сега единствено можна, но како што гледаме, негативна форма на самодејноста), како средство.

И така сега работата стаса дотаму што индивидуите мораат да го присвојат постојниот тоталитет на производните сили, не само поради тоа да можат да ja осигураат својата самодејност, туку воопшто поради тоа да ja обезбедат својата егзистенција. [Според тоа, сега работата стаса дотаму што индивидуите повеќе воопшто не можат да ги присвојат производните сили кои ce развиени во својот тоталитет и постојат само поврзани со универзалното општење.] Ова присвојување пред ce е условено од предметот што треба да ce присвои — од производните сили кои ce развиени во тоталитет и кои постојат само во универзалното општење. Отаде ова присвојување веќе поради тоа мора да има универзален карактер кое соодветствува на производните сили и на општењето. Самото присвојување на тие сили не е ништо друго туку развиток на индивидуалните способности кои соодветствуваат на материјалните орудија за производство. Веќе и поради тоа присвојувањето на тоталитетот на орудијата за производство претставува развиток на тоталитетот на способностите на самите индивидуи. Натаму ова присвојување е условено и од индивидуите што го извршуваат. Само пролетерите на нашето време, целосно исклучени од секоја самодејност, ce во состојба да ja извојуваат својата целосна, повеќе не ограничена самодејност која ce состои во присвојувањето на тоталитетот на производните сили и во произлезениот оттука развиток на тоталитетот на способностите. Сите досегашни револуционерни присвојувања беа ограничени; индивидуите, чија самодејност беше лимитирана од ограниченото орудие за производство и од ограниченото општење, го присвојуваа тоа ограничено орудие за производство и затоа паѓаа само во нова ограниченост. Нивното орудие за производство стана нивна сопственост, но тие самите останаа подредени на поделбата на трудот и на своето сопствено орудие за производство. При сите досегашни присвојувања множеството индивидуи остана подредено на едно единствено орудие за производство; при пролетерското присвојување на масата орудија за производство мора да биде подредена на секоја индивидуа, a сопственоста на сите индивидуи. Модерното универзално општење е можно да ce подреди на индивидуите само на тој начин ако тоа ce подреди на сите индивидуи.

Присвојувањето е условено натаму од начинот според кој тоа треба да биде остварено. Тоа мора да биде остварено само со такво обединување кое, благодарение на карактерот на самиот пролетаријат, може да биде само универзално, и со таква револуција во која, од една страна, ce урива моќта на досегашниот начин на производство и општење, на дотогашната структура на општеството, и, од друга страна, ce развива универзалниот карактер на пролетаријатот и енергијата неопходна за извршување на тоа присвојување, при што пролетаријатот се ослободува од сето она што останало кај него од неговата претходна општествена положба.

Дури на овој степен самодејноста ce совпаѓа со материјалниот живот што соодветствува на развитокот на индивидуите во тотални индивидуи и на отфрлањето на секоја стихијност. Тогаш си соодветствуваат едно на друго: и претворањето на трудот во самодејност и претворањето на дотогашното принудно општење во општење на индивидуите како такви. Со присвојувањето на тоталноста на производните сили од страна на здружените индивидуи престанува да постои приватната сопственост. Додека досега во историјата секогаш некој одделен услов ce јавувал како нешто случајно, сега изделувањето на самите индивидуи, пособената приватна професија на секој од нив стана случајно.

Во индивидуите кои повеќе не ce подредени на поделбата на трудот, филозофите гледаа идеал кој го наречуваа „Човек", a севкупниот процес што ние го изложивме тие го разбираа како процес од развитокот на „Човекот", така што на досегашните индивидуи на секој степен од историскиот развиток им е потставан „Човекот" кој е прикажуван како движечка сила на историјата. Така севкупниот историски процес ce разгледуваше како процес на самоотуѓувањето на „Човекот", и тоа, главно, доаѓа оттаму што просечната индивидуа од некој подоцнежен степен секогаш е потставана на поранешниот степен, a подоцнежната свест пак на индивидуите од поранешниот период. Како резултат на ова преобрнување, кое од самиот почеток ги апстрахира вистинските услови, стана можно целата историја да ce претвори во процес на развиток на свеста.

*

Граѓанското општество го опфаќа севкупното материјално општење на индивидуите во рамките на определен степен од развитокот на производните сили. Тоа го опфаќа севкупниот трговски и индустриски живот на еден степен, и до толку ги надминува границите на државата и нацијата, иако, од друга страна, мора надворешно да ce истакнува како националност, a внатре да ce гради како држава. Зборот граѓанско општество ce појави во осумнаесеттиот век кога односите на сопственоста беа веќе ce извлекле од античката и средновековната заедница (Gemeinwesen). Граѓанското општество како такво ce развива дури паралелно со буржоазијата; меѓутоа со тоа исто име секогаш е наречувана општествената организација која ce развива непосредно од производството и општењето и која во секое време претставува основа на државата и на другата идеалистичка надградба.

Односот на државата и правото спрема сопственоста

Првата форма на сопственост, како во античкиот свет така и во средниот век, е племенската сопственост, кај Римјаните условена главно од војната, a кај Германците од сточарството. Кај античките народи, [особено кај Рим и Спарта] поради тоа што во еден град живееле повеќе племиња, племенската сопственост ce јавува како државна сопственост, a правото на единката врз неа како чисто possessio (владеење. — Прев.), кое, како и племенската сопственост воопшто, ce ограничува, меѓутоа, само на земјишната сопственост. Вистинската приватна сопственост ce јавува кај старите, како и кај современите народи, кога и подвижната сопственост. — (Ропство и општност (Gemeinwesen) dominnium ex jure Quirtium (владеење врз основа на правото на римските граѓани. — Прев.)). Kaj народите што излегле од средниот век, племенската сопственост минува низ различни степени: феудална земјишна сопственост, корпоративна подвижна сопственост, мануфактурен капитал, пред да ce преобрази во модерен капитал условен од крупната индустрија и од универзалната конкуренција, во чистата приватна сопственост која го отфрли секој привид на заедница и која го исклучи секое влијание на државата врз развитокот на сопственоста. На оваа модерна приватна сопственост и соодветствува модерната држава која со помошта на даноци постепено ja откупуваат приватни сопственици и благодарение на државните долгови целосно поминува во нивни раце; постоењето на таа држава, изразено во качувањето и паѓањето на курсот на државните хартии од вредности на берзите, стана целосно зависно од конкуренцијата на кредитите кои и ги даваат приватните сопственици — буржуите. Бидејќи буржоазијата е класа, a не сталеж, таа е принудена да ce организира во национални, a не повеќе само во локални рамки и на својот обичен интерес да му даде општа форма. Со еманципацијата на приватната сопственост од заедницата, државата, покрај и надвор од граѓанското општество, ce здоби со самостојна егзистенција, но таа не е ништо друго туку форма на организација која буржуите нужно си ja земаат за да можат, како надвор така и внатре во државата, да имаат заемна гаранција за својата сопственост и за своите интереси. Во нашево време самостојноста на државата постои уште само во таквите земји во кои сталежите cè уште целосно не ce развиле во класа, во кои сталежите, веќе ликвидирани во понапредните земји, уште продолжуваат да играат определна улога, образувајќи неопределена мешавина во кои поради тоа ниту еден дел од населението не може да загосподари над другите делови. Таква е, имено, положбата во Германија. Најсовршен пример на модерна држава е Северна Америка. Најновите француски, англиски и американски писатели ce еднодушни во тоа дека државата постои само поради приватната сопственост, така што ова сфаќање проникна и во обичната свест.

Бидејќи државата претставува форма во која индивидуите на владејачката класа ги остваруваат своите заеднички интереси и во која ce проникнува севкупното граѓанско општество на една епоха, од тоа следува дека сите заеднички институции ce опосредувани од државата и дека добиваат политичка форма. Оттука произлегува и илузијата дека законот ce засновува врз волјата, и тоа врз слободната волја, откината од својата реална основа. Исто така и правото потем ce сведува на законот.

Приватното право ce развива истовремено со приватната сопственост од распаѓањето на спонтано настаната заедница. Кај Римјаните развитокот на приватната сопственост и на приватното право мина без некои индустриски и комерцијални последици, бидејќи нивниот начин на производство останал ист, неизменет како и порано.

Кај современите народи, кај кои феудалната заедница се распадна благодарение на индустријата и трговијата, со настанувањето на приватната сопственост и на приватното право почна нова фаза способна да ce развива натаму. Веќе првиот град во средниот век кој имаше развиена поморска трговија, градот Амалфи 23, го разви поморското право. Штом, најпрвин во Италија, a потем и во другите земји индустријата и трговијата ja развија натаму приватната сопственост, веднаш беше прифатено и стана авторитет развиеното римско приватно право. Кога подоцна буржоазијата ce здоби со толкава моќ што владетелите почнаа да ги земаат во заштита нејзините интереси за со помошта на буржоазијата да го урнат феудалното благородништво, во сите земји (во Франција во XVI век) почна вистински да ce развива правото, и тој развиток во сите земји со исклучок на Англија, ce одвиваше врз основа на римскиот кодекс. Но и во Англија мораа да ce користат начелата на римското право за натамошниот развиток на приватното право (особено во врска со подвижната сопственост. Не треба да ce заборава дека правото како и религијата нема исто така своја сопствена историја).

Во приватното право постојните односи на сопственост ce изразени како резултат на општата волја. Самото jus utendi et abutendi (право на употреба и злоупотреба. — Прев.) гo изразува, од една страна, фактот дека приватната сопственост стана сосема независна од заедницата, и, од друга страна, илузијата дека самата приватна сопственост се засновува врз чистата приватна волја, врз произволното располагање со стварта. Во практика, abuti (злоупотребувам. — Прев.) има мошне определени економски граници за приватниот сопственик, до колку овој не сака неговата сопственост, a co тоа и неговото jus abutendi (право на злоупотреба. — Прев.), да мине во други раце, бидејќи стварта, разгледана само во однос спрема неговата волја и не е никаква ствар, туку дури во текот на општењето и независно од правото станува ствар, вистинска сопственост, (однос, она што филозофите го нарекуваат идеја) [односот за филозофите е рамнозначајно на идеја. Тие го познаваат само односот на „човекот како таков" спрема самиот себеси и затоа сите реални односи за нив стануваат идеи]. Оваа јуристичка илузија која правото го сведува на чиста волја — при натамошниот развиток на односот на сопственост — нужно доаѓа до тоа некој да може правно да има право на некоја ствар, без неа вистински да ja поседува. Ако, на пример, поради конкуренцијата некое парче земја престанува да донесува рента, тогаш неговиот сопственик, навистина, и натаму правно полага право на него заедно co jus utendi et abutendi, но co тоа право тој не може ништо да стори; како сопственик тој не поседува ништо до колку покрај тоа нема и свој капитал за обработка на својата земја. Со истата илузија на правниците може да ce објасни и околноста дека за нив и за секој кодекс воопшто претставува случајност тоа што индивидуите стапуваат во меѓусебни односи, што, на пример, склучуваат договори; тие односи ce разгледуваат од нив како такви во кои по волја може да ce стапува и истапува и дека нивната содржина целосно зависи од индивидуалното самоволство на здоговорените странки.

Секогаш кога развитокот на индустријата и трговијата создаваше нови форми на општење, на пример, осигурителните итн. компании, правото беше принудено да ги санкционира како начини на здобивање сопственост.

*

(Марксови Белешки за понатамошна елаборација
12. Облици на општествена свест - АА)

Влијанието на поделбата на трудот врз науката.

Што е репресија кај државата, правото, моралот итн.

При [. . .] (ракописот оштетен. — Ред.) законот буржуите мораат да си дадат себеси општ израз токму затоа што владеат како класа.

Природната наука и историјата.

Не постои историја на политиката, на правото, на науката итн. на уметноста, религијата итн. [На „заедницата" таква каква што ce јавува во античката држава, во феудалниот систем, во апсолутната монархија, особено и соодветствуваат религиозни претстави.]

*

Зошто идеолозите ce поставуваат на глава

Верски лица, правници, политичари.

Правници, политичари (државници воопшто), моралисти, верски лица.

За оваа идеолошка поделба во една класа: 1) Осамостојување на професиите преку поделбата на трудот; секој го смета својот занает вистински. За врската меѓу занаетот и реалноста тие себеси до толку понужно си создаваат илузии до колку е тоа условено веќе од самата природа на занаетот. Односите стануваат во јуриспруденцијата, политиката итн. — во свеста поими; бидејќи тие не ги минуваат рамките на тие односи, и поимите за тие односи претставуваат во нивните глави фиксни поими; судијата, на пр., го применува кодексот, поради тоа за него законодавството претставува вистински активен сподвижник. Почит пред својата сопствена стока; бидејќи нивната професија има работа со она што с општо.

Идејата на правото. Идејата на државата. Во обичната свест работата е ставена на глава.

*

Религијата од самиот почеток претставува свест за трансценденцијата [која] произлегува од реалното морање.

Ова популарно.

*
Традицијата — за правото, религијата итн.

*

Индивидуите секогаш тргнуваа од себеси, секогаш тргнуваат од себеси. Нивните односи ce односи на нивниот реален процес на живот. Од каде тоа нивните односи да стануваат нешто самостојно во однос на нив? силите на нивниот сопствен живот да стануваат надмоќни над нив?

Со еден збор: поделба на трудот чиј степен зависи од дадениот развиток на производните сили.

Земјишна сопственост. Општинска сопственост: Феудална. Модерна. Сталешка сопственост. Мануфактурна сопственост. Индустриски капитал.