ФУРИЕРИЗМОТ

Освен преводите на неколку пасажи од „Quatre mouvments" 64 за љубовта, ние тука не дознаваме ништо што не е веќе кај Штајн дадено во целост. Со моралот господин Грин завршува во една реченица која одамна пред Фурие ja изрекле стотина други писатели.

„Моралот, според Фурие, не е ништо друго туку систематски обид да ce задушат страстите на луѓето." Стр. 147.

Христијанскиот морал никогаш поинаку не ce дефинирал. Во критиката на Фурие на досегашното земјоделство и индустрија господин Грин воопшто не ce впушта и ce задоволува со тоа по повод критиката на трговијата да ce преведат неколку реченици од воведот (Origine de l'économie politique et de la controverse mercantile (Потекло на политичката економија и контроверзите за трговијата. — Прев.) стр. 332, 334 „Quatre mouvements") кон поглавјето „Четири движења". Потем следуваат некои извадоци од „Четири движења" и еден од „Traite de l'association" 65 за француската револуција, покрај табелите за цивилизацијата, познати веќе од Штајн. На тој начин критичкиот дел на сфаќањата на Фурие, најважниот дел, со најголема површност ce симнува од врат на 28 страници од буквални преводи кои, со мошне малку исклучоци, ce сведуваат на најопшти и најапстрактни работи и на еден куп ce става и важното и неважното.

Потем господин Грин минува кон изложување на системот на Фурие. Поцелосен и подобар приказ постои одамна во трудот на Хуроа кого веќе Штајн го цитираше. Навистина, господин Грин смета дека е „неизбежно нужно" да ce дадат длабоки објаснувања за сериите на Фурие, но за таа цел не знае да стори ништо повеќе, туку буквално да ги преведе цитатите од самиот Фурие, a подоцна, како што ќе видиме, да изрече неколку белетристички фрази за природата на бројот. Тој ниту не помислува да покаже како Фурие дошол до тие серии и како тој и неговите ученици ги конструирале сериите; тој не дава ниту најмалечко објаснување за внатрешната конструкција на тие серии. Таквите конструкции, токму како и методот на Хегел, можат да ce критикуваат само на таков начин што ќе ce покаже како тие ce прават и со тоа ќе ce докаже дека сме ги овладеале.

Најпосле, кај господин Грин целосно оди во заднина она што Штајн донекаде го потцртува, имено, спротивноста меѓу travail répugnant и travail attrayant.(одбивниот труд и привлечниот труд. — Прев.)

Главната работа во целиот овој приказ е критиката на Фурие што ja дава господин Грин. Ќе го потсетиме читателот на она што веќе погоре го рековме за изворите на критиката на Грин и ќе покажеме сега на неколку примери како господин Грин прво ги прифаќа становиштата на „вистинскиот социјализам", a потем ги карикира и фалсификува. Не треба ниту да ce спомене дека поделбата на Фурие меѓу капиталот, талентот и трудот дава блескав материјал за умничење, дека тука може надолго и нашироко да ce распредува за неможноста и несправедливоста на таа поделба, за воведувањето на наемниот труд итн., без, притоа, да ce критикува оваа поделба врз основа на стварниот однос меѓу трудот и капиталот. Прудон сево ова неизмерно подобро го изрази пред господин Грин без, притоа, дури ни да ja чепне сушноста на прашањето.

Господин Грин ja црпи критиката на психологијата на Фурие, како и сета своја критика, од „суштината на човекот":

„Бидејќи човечката суштина е cè во cè" Стр. 190.

.„Фурие исто така апелира кон оваа човечка суштина чија внатрешна гилза" (!) „тој на свој начин ja открива во таблицата на дванаесетте страсти; и тој, како и сите добри и разумни глави, сака внатрешната суштина на човекот да ja направи стварност, практика. Она што е внатре треба да ce пројави и надвор, и така треба да ce укине разликата меѓу внатрешното и надворешното. Историјата на човештвото врие од социјалисти ако нив ги препознаваме според овој белег... за карактеристиката на секој од нив е важно само тоа што тој подразбира под суштина на човекот." Стр. 190.

Или, со други зборови, на „вистинските социјалисти" им е важно само тоа секому да му ja припишат мислата за суштината на човекот. Оваа неисториска апстракција го наведува тука господинот Грин на тоа да го прокламира укинувањето на секоја разлика меѓу внатрешното и надворешното, укинување што би донесло и крај дури и на репродукцијата на суштината на човекот. Впрочем, воопшто не ce гледа зошто Германците толку неверојатно многу ce фалат со својата мудрост за суштината на човекот, кога сета нивна мудрост, трите нејзини својства: разумот, срцето и волјата е нешто општопознато уште од времето на Аристотел и стоиците. Од таа гледна точка господин Грин го укорува Фурие што човекот го „расечува" на дванаесет страсти.

„Воопшто не сакам да зборувам за целосноста на оваа таблица, психолошки речено; јас ja сметам за недостатна" — (со тоа, „психолошки речено" публиката може да ce успокои). — „Ce разјаснува ли, можеби, низ бројов дванаесет што е човекот? Ни најмалку. Фурие можеше исто така да ги наброи само петте сетила; во нив е целиот човек, ако ce објаснат тие, ако ce знае да ce протолкува нивната човечка содржина (како оваа „човечка содржина" целосно да не зависи од степенот на производството и од општењето на луѓето.) „Нешто повеќе, човекот целосно ce наоѓа во едно сетило, во сетилото на допир, тој чувствува различно од животното" итн., стр. 205.

Ce гледа дека тука, за првпат во целата книга, господин Грин прави напори од становиштето на Фојербах да рече макар нешто за психологијата на Фурие. Гледаме каква фантазија е тој „цел човек" кој ce „крие" во едно единствено својство на една стварна индивидуа и кого филозофот го толкува врз основа на неа: каков е тоа воопшто „човек" кој не ce набљудува во неговата стварна историска дејност и постоење, туку може да ce изведе од својата сопствена ушна школка или од некој друг белег според кој ce разликува од животното. Тој човек „ce крие" во самиот себеси како свое сопствено мозолче. Тоа дека човековото чувство е човеково, a не животинско, ова откровение го прави, ce разбира, излишно не само секој опит за психолошко објаснување, туку наедно и критика на секоја психологија.

Господин Грин може мошне лесно да го критикува односот на Фурие спрема љубовта, судејќи за неговата критика на сегашниве љубовни односи врз основа на фантазиите со чија помош Фурие сакаше да создаде претстава за слободната љубов. Господин Грин како вистински германски филистер, ги зема сериозно овие фантазии. Тие ce единствените нешта што тој ги зема сериозно. Кога веќе сакаше да ce впушта во оваа страна на системот, не е јасно зошто не влезе во Фуриеовите излагања за воспитанието кои ce далеку најдобри од ce што постои во таа област и содржат најгенијални забележувања. Впрочем, зборувајќи за љубовта, господин Грин покажува колку, како младогермански белетрист, малку научил од критиката која ja даде Фурие. Тој мисли дека е сеедно дали ce тргнува од укинувањето на бракот или од укинувањето на приватната сопственост; според него, едното мора секогаш по себе да го повлекува другото. Претставува чиста белетристичка фантазија желбата да ce тргне од некој друг вид распаѓање на бракот, различен од оној што постои сега во практиката на граѓанското општество. Можеше тој да забележи кај самиот Фурие дека овој тргнува само од преобразувањето на производството.

Господин Грин ce вчудовидува што Фурие кој насекаде тргнува од наклоноста која кај Фурие ce наречува привлечност), прави севозможни математички обиди поради кои тој и го наречува Фурие (на стр. 203) „математички социјалист". Дури и ако ги остави настрана сите животни услови на Фурие, господин Грин мораше поподробно да ce позанимава со привлечноста, при што многу бргу ќе откриеше дека таков еден однос не може да ce определи без пресметка. Наместо тоа тој не почестува со една белетристичка филипика против бројот, измешана со хегеловските традиции каде што ce јавуваат вакви места:

Фурие „ги проучува молекулите на твојот најненормален вкус", навистина чудо! — и натаму:

„Толку жестоко напаѓаната цивилизација би требало да ce базира врз немилосрдната таблица на множењето. . . бројот не е нешто определено. . . Што е единицата? Единицата не знае за спокојство, таа станува двојка, тројка, четворка" — таа тргнува од германскиот селски поп кој исто така не ce „успокојува" cè додека не добие жена и девет деца . . .

„Бројот го убива cè што е суштинско и стварно; што значи половина од умот, една третина од вистината" — можеше да праша: Што значи зелен логаритам?... „во случајот на органскиот развиток бројот полудува"... реченица врз која ce базираат физиологијата и органската хемија. (Стр. 203, 204).

„Оној што го зема бројот за мера на сите ствари тој станува, не тој е егоист."

За оваа реченица може да ja врзе онаа што му остана од Хес (види погоре) и која тој ja надувува:

„Целиот организационен план на Фурие ce базира единствено врз егоизмот... најлошиот израз на цивилизираниот егоизам е токму Фурие." Стр. 206, 208.

Тој тоа веднаш и го докажува, раскажувајќи за тоа дека во поредокот на светот на Фурие најсиромавиот јаде катаден од 40 чинии, дека постојат пет јадења на ден, дека луѓето живеат 144 години и уште слични нешта. Најграндиозниот лик на луѓето што Фурие со наивен хумор и го противпоставува на скромната средност (mittelmässigkeit) на човекот од времето на Реставрацијата, му дава на господин Грин можност оттаму да ja извлече најнаивната страна и за неа да направи морални филистерски коментари.

Приговорувајќи му на Фурие поради неговото сфаќање на француската револуција, господин Грин ни овозможува да уживаме и во неговиот сопствен увид во револуционерното време:

„Да ce знаеше само четириесет години порано за асоцијацијата" (вели тој од името на Фурие) „ќе ce избегнеше револуцијата. Но, како ce случи тоа (прашува господин Грин) „министерот Тирго да знаеше за правото на труд, a сепак главата на Луј XIV да му падне од рамењата? Со правото на труд, сепак, полесно можеа да ce платат долговите отколку со кокошкини јајца." Стр. 211.

Господин Грин не ja забележува само таа подробност дека правото на труд, за кое зборува Тирго, е слободната конкуренција и дека токму на оваа слободна конкуренција и беше нужна револуција за да ce востанови.

Господин Грин може да ja збие својата критика на Фурие во реченицата дека Фурие не ja подложил врз „темелна критика цивилизацијата". A зошто Фурие тоа не го сторил? Да чуеме:

„Критикувани ce нејзините појави, a не нејзините основи: таа, како нешто постојно, е отфрлена, исмеана, но не ce испитани нејзините корења. Ниту политиката ниту религијата не ce изведени пред судот на критиката и затоа суштината на човекот остана неиспитана." Стр. 209.

Според тоа, тука господин Грин стварните животни односи на луѓето ги прогласува за појави, a религијата и политиката за основа и корења на овие појави. Според оваа глупава реченица ce гледа дека вистинските социјалисти" ги истакнуваат како највиша вистина идеолошките фрази на германската филозофија, наспроти стварните прикази на француските социјалисти, и дека наедно со тоа ce стремат својот сопствен објект, суштината на човекот да ja поврзат со резултатите на француската критика на општеството. Сосем е природно дека ако религијата и политиката ce сфатат како основа на материјалните животни услови, ce, на крај краишта, само од себе ce сведува на испитувањето на суштината на човекот, т.е. на свеста на човекот. — Ние истовремено гледаме колку на господин Грин му е сеедно што препишува, на едно место подоцна, како и во „Rheinische Jahrbücher" тој на свој начин го присвојува она што во „Deutsch-Französische Jahrbücher" e речено за односот меѓу citoyen (граѓанин на државата — Прев.) и bourgeois (овде: член на граѓанското општество) и што директно му противречи на погоре изнесеното становиште.

Ние ќе му го оставиме на читателот за крај излагањето на становиштето за производството и потрошувачката кое „вистинскиот социјализам" му го довери на господин Грин. Тоа е уверлив пример како господин Грин ги применува становиштата на вистинскиот социјализам" како мерило за дејноста на Французите и како тој тие становишта ги претвора во совршена бесмислица, истргнувајќи ги нив од состојбата на нивната целосна неопределеност.

„Во теоријата и во надворешната стварност производството и потрошувачката можат да ce одделат едно од друго во времето и просторот, ни според својата сушност тие ce едно и исто. Зар дејноста на најобичен занает, на пр. печењето леб, не е производство кое за стотици други луѓе станува потрошувачка? Нешто повеќе, зар таа не е тоа и за самиот пекар, кој троши жито, вода, млеко, јајца итн. зар потрошувачката на чевли и облека не е производство за чевларите и шивачите?... Зар јас не произведувам кога јадам леб? Произведувам мошне многу, произведувам мелници, ноќви, печки, и, според тоа, плугови, брани, чекани, мелнички камења, столарска работа, ѕидарска работа' („и, според тоа": столари, ѕидари и селани, „според тоа", — нивните родители, „според тоа" — нивните предци, „според тоа" — Адама). „Зар не трошам произведувајќи? Ce разбира, да, и тоа во големи размери... Кога читам книга, јас, ce разбира, трошам пред ce производ на многугодишен труд, ако, пак, неа ja задржам за себеси или пак ja упропастам, тогаш трошам од материјалот и од работата на фабриката за хартија, на печатницата, на подврзувачот. A зар јас ништо не произведувам? Можеби произведувам нова книга, a co тоа и нова хартија, нови печатарски букви, нова печатарска боја, нови алати за подврзување, ако неа само ja читам, иако неа ja читаат илјади други луѓе, тогаш ние со својата потрошувачка произведуваме ново издание, a co тоа оние материјали што ce потребни за неговата изработка. Оние што пак сево ова го изработуваат трошат множество суровини, a тие треба да ce произведат и можат да ce произведат само со потрошувачката... Со еден збор, дејноста и задоволството ce едно и исто, само изопачениот свет ги расцепи, го вметна меѓу нив поимот на вредноста и цената, со тој поим го расцепи човекот, a заедно со човекот и општеството. Стр. 191, 192.

Производството и потрошувачката во стварноста стојат често во меѓусебна противречност. Но оваа противречност треба само точно да ce протолкува, треба да ce сфати вистинската суштина на производството и потрошувачката за да ce воспостави нивното единство и да ce укине сета противречност. Отаде, оваа германско-идеолошка теорија може прекрасно да ce примени на постојниот свет, единството на производството и потрошувачката ce докажува на примери од современото општество, тоа постои по себе. Господин Грин го докажува пред ce само тоа дека воопшто постои однос меѓу производството и потрошувачката. Тој расудува за тоа дека не би можел да носи палто, да јаде леб ако едното и другото не ce произведуваат и дека во денешново општество постојат луѓе кои произведуваат палта, чевли, леб чии потрошувачи ce другите луѓе. Господин Грин смета дека ова сознание е ново. Тој ce изразува со класичен, белетристичко-идеолошки јазик. На пример:

„Ce верува дека задоволството од кафето, шеќерот итн. претставува чиста потрошувачка; но зар ова задоволство не е производство во колониите?"

Но, тој исто така, би можел да праша: Зар ова задоволство (игра на зборови: „Genuss" значи „искористување", но исто така и „задоволство". — Прев.) не е задоволство од камшикот за црнецот-роб и производството на ќотекот во колониите? Ce гледа како овој високопарен начин на изразување доведува само до апологија на постојните околности. Второто сознание на господин Грин ce состои во тоа што тој троши кога произведува, т.е. што троши суровини и воопшто производни трошоци; тоа е сознание дека од ништо не ce добива ништо, дека е нужно да ce има материјал. Во секоја книга за економијата, во главата „Репродуктивна потрошувачка" може да најде докази за тоа какви замрсени врски влегуваат во овој однос, до колку човек, заедно со господин Грин, не ce задоволи со тривијалното сознание дека без кожа не можат да ce направат чизми.

Досега господин Грин ce увери во тоа дека мора да ce произведува за да ce троши и дека при производството ce трошат суровини. Вистинската тешкотија ce јавува кај него тогаш кога сака да докаже дека произведува кога троши. Тука господин Грин сосема неуспешно ce обидува себеси макар малку да си го разјасни најтривијалниот и најопшт однос меѓу потрошувачката и понудата. Тој доаѓа до сознанието дека неговата потрошувачка, т.е. неговата побарувачка, произведува нова понуда. Но, заборава дека неговата побарувачка мора да биде ефективна побарувачка, дека мора да понуди еквивалент за бараниот производ за да предизвика ново производство. Економистите, исто така, ce повикуваат на неделивоста на потрошувачката и производството и на апсолутната идентичност на побарувачката и понудата токму кога сакаат да докажат дека никогаш не доаѓа до прекумерно производство,но тие не зборуваат толку бесмислени и банални нешта како господин Грин. Впрочем, ова е истиот оној начин на кој сите благородници, попови, рентиери итн. од секогаш ja докажувале својата продуктивност. Натаму господин Грин заборава дека лебот денес ce произведува со помошта на парни мелници, дека порано ce произведуваше со помошта на ветерници и воденици, a уште порано со помошта на рачни мелници, дека сиве овие различни начини на производство ce сосема независни од едноставното јадење леб и дека овде станува збор за историскиот развиток на производството на кој господин Грин и не мисли и кој „произведува во страшно големи размери". Господин Грин и не претчувствува дека заедно со овие различни степени на производство ce дадени и различни односи на производството спрема потрошувачката, различни противречности меѓу нив, дека овие противречности можат да ce сфатат само до колку ce набљудуваат постојниот начин на производството и севкупната општествена состојба заснована врз него, и дека можат да ce решат само со практична промена на тој начин на производство и на општествената состојба заснована врз него. Ако господин Грин, според баналноста на другите свои примери, стои под нивото на најобичните економисти, тоа тој со својот пример со книгата докажува дека ce тие многу „почовечни" отколку тој. Тие од него воопшто не бараат кога троши некоја книга веднаш и да произведува нова! Тие ce задоволуваат со тоа што тој на тој начин го произведува своето образование и со тоа благотворно влијае воопшто врз производството. Испуштајќи го меѓучленот, плаќањето во готово — кое тој го прави излишно просто апстрахирајќи ce од него, но благодарение на кој неговата побарувачка единствено и станува ефективна — господин Грин ja претвора репродуктивната потрошувачка во невидено чудо. Тој чита и само со тоа свое читање им дава можност на леарите на букви, на фабрикантите на хартија и на печатарите да произведуваат нови печатарски букви, нова хартија, нови книги. Самата негова потрошувачка им ги надополнува на сите овие луѓе нивните производни трошоци. Впрочем, досега достатно покажавме со каква виртуозност господин Грин умее од старите книги да извлече со читање нови и на тој начин да ce здобие со заслуги во деловниот свет како производител на нова хартија, на нови печатарски букви, на нова печатарска боја и на нови алати за поврзување на книгите. Првото писмо во книгата на Грин завршува со зборовите: „Подготвен сум да ce фрлам во индустријата". Никаде во целата книга господин Грин не ce откажува од оваа своја девиза.

Значи, во што ce состои целокупната дејност на господин Грин? За да го докаже становиштето на „вистинскиот социјализам" за единството на производството и потрошувачката, господин Грин прибегнува кон најтривијалните становишта на економијата за побарувачката, a овие пак да ги стокми за своите цели, тој од нив ги исфрла сите неопходни меѓучленови и ги претвора на тој начин во чисти фантазии. Значи, сушноста на ce e незнаечкото и фантастично разубавување на постојните околности.

Карактеристичен е уште и социјалистичкиот заклучок во кој тој повторно збркано го повторува она што го кажале неговите германски претходници. Производството и потрошувачката ce одделни бидејќи нив изопачениот свет ги истргал едно од друго. A како тоа го сторил овој изопачен свет? Уфрлил меѓу нив еден поим. Со ова уфрлување тој го расцепил човекот на две половини. Не задоволувајќи ce со тоа, тој изопачен свет го расцепил со тоа и општеството, т.е. самото себеси на две половини. Оваа трагедија ce одиграла во 1845 година.

Единството на потрошувачката и производството — што кај „вистинските социјалисти" првобитно значи дека самата дејност треба дани дава задоволство (што е кај нив чисто фантастична претстава) — господин Грин го толкува подоцна така како „потрошувачката и производството, кажано на јазикот на економијата, да мораат да ce покриваат едно со друго" (стр. 196), дека не смее да постои вишок од производи над потребите на непосредната потрошувачка, со што, ce разбира, ce запира секое движење. Отаде тој со арогантен израз на лицето го упрекнува и самиот Фурие затоа што сакал со прекумерното производство да го разурне тоа единство. Господин Грин заборава дека прекумерното производство предизвикува кризи само со своето влијание врз разменската вредност на производот и дека, не само кај Фурие, туку и во најдобриот свет на господин Грин исчезнала токму таа разменска вредност. За оваа филистерска глупост не може да ce рече ништо друго, освен тоа дека е таа во секој однос достојна на „вистинскиот социјализам".

Господин Грин на многу места го повторува со голема самодопадливост својот коментар кон теоријата на „вистинскиот социјализам" за производството и потрошувачката. Тоа го прави и кога зборува за Прудон:

„Проповедајте социјална слобода на потрошувачите и вие ќе ja најдете вистинската еднаквост на производството". Стр. 433.

Нема ништо полесно од оваа проповед! Грешката досега беше само во тоа

„што потрошувачите не ce воспитани, не ce образовани, што не трошат сите човечно". Стр. 432. „Ова гледиште дека потрошувачката е мерило на производството, a не обратно, претставува смрт за сите досегашни економски погледи." (Истото) „Вистинската меѓусебна солидарност на луѓето го прави вистинско дури и тоа становиште дека потрошувачката на секого ja претпоставува потрошувачката на сите." (Истото).

Потрошувачката на секого во рамките на конкуренцијата, plus ou moins, ja претпоставува потрошувачката на сите, како што производството на секого го има за претпоставка производството на сите. Прашањето е само како и на кој начин ce доаѓа до тоа. На ова господин Грин одговара со моралниот постулат за човечната потрошувачка, за сознавањето на „вистинската суштина на потрошувачката" (стр. 432). Бидејќи ништо не знае за стварните односи на производството и потрошувачката нему не му останува ниту едно друго засолниште освен засолништето на „вистинските социјалисти" — суштината на човекот. Од таа иста причина, тој инсистира на тоа да ce тргне не од производството, туку од потрошувачката. Ако ce тргне од производството тогаш треба нужно да ce води сметка за стварните услови на производството и за производната дејност на луѓето. Меѓутоа, ако ce тргне од потрошувачката, тогаш човек може да ce задоволи со изјавата дека сега не ce троши „човечно" и со постулатот за „човечната потрошувачка", за воспитанието во духот на вистинската потрошувачка и со слични фрази, без ни најмалку да ce замислиме над стварните животни услови на луѓето, ниту над нивната дејност. Најпосле, треба да ce спомене уште и тоа дека токму оние економисти кои тргнуваа од потрошувачката беа реакционери и го игнорираа револуционерниот елемент во конкуренцијата и крупната индустрија.