Кочо Рацин

Поеше земја


Првпат објавено: „Нов ден“, бр. 4-5, 1947, 23 стр.
Извор: Коста Рацин, „Песме“, „Знање“, Београд, 1954, 75 стр.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: ноември 2023



Поеше земја, галеше
гално, галено, милено,
поеше, па шепнуеше
меко мекичко, свилено
скришни им думи таени.

Нели се земја разгали
сонлива, пазви разгрна,
истури дуњи мирисни
карамфил пупки црвени
леко си раци протегна.