Кочо Рацин

Тамо горе


Првпат објавено: „Нов ден“, бр. 4, 1948, 79 стр.
Извор: Коста Рацин, „Песме“, „Знање“, Београд, 1954, 75 стр.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: ноември 2023



Тамо горе, низ дубрави темни,
тамо ветер веит – жалба леит:
капит лисје – косит слани бели,
плачит мајка – дрвја потемнели.

Знам за таја многу силна жалба,
знам за болка на гора зелена –
чума мриет низ дубрави темни,
чума мриет – право в срце биет!