Гадфри Робертс

Навраќање на Мао Це Тунг


Првпат објавено: The Unz Review, October 16, 2017;
Превод: Томислав Захов (од англиски)
Техничка обработка: Томислав Захов
Онлајн верзија: јануари 2024


„Едноставните факти за кариерата на Мао изгледаат неверојатни: во огромна земја од 400 милиони народ, на возраст од 28 години, со дузина другaри, основал партија и во следните пеесет години ја освоил власта, ја организирал и го преобликувал народот и одново ја испишал историјата на земјата со досега ненадминати успеси. Александар Велики, Цезар, Шарлемањ, сите кралеви на Европа, Наполеон, Бизмарк, Ленин – ниту еден претходен водач не може да се рамни со размерот на успехот на Мао Це Тунг, бидејќи ниту една друга земја не била некогаш толку назадна и толку голема како Кина. Навистина, успехот на Мао е скоро надвор од моќта на нашето разбирање.“ (Џон Кинг Фербенк, Соединетите Американски Држави и Кина, Harvard University Press, 1983)

Сопартијците, ривалите, академиците и пропагандистите од Истокот и Западот имаат напишано многу глупости за Мао Це Тунг, сепак, кога ќе ја корегираме пристрасноста и ќе ги отфрлиме очигледните бесмислици, станува јасно дека, освен крвопролевањето што ги придружува војните и револуциите, сомнително е дека Мао убил некого и несомнено дека им даде живот на милијарди Кинези. Навистина, никој не направил толку добро за толку многу луѓе – и толку малку штета; никој не му се приближува.

Лесно е да се разбере силната јавна осуда. Странските сили го навредуваа за неговата независност и комунизам и го обвинија дека се впуштил во хаотична и бесплодна потрага по социјалистичка духовна утопија. Сопартијците како Денг Ксијаопинг (кого сингапурскиот државник Ли Куан Ју го нарече „најбрилијантниот човек што некогаш сум го сретнал“) и Чу Енлај (кој му го извлекол признанието на Хенри Кисинџер дека „Кинезите се попаметни од нас“) беа многу подобри од кој било современик од Западот, а најскромниот од нив – и татко на сегашниот претседател – беше генерал на деветнаесетгодишна возраст и гувернер на дваесет и две години.

Тие го погребаа со слаби пофалби затоа што во животот, Мао беше без напор, многу подобар од сите нив, казнувајќи ги или отфрлајќи ги по своја волја додека ги исцрпуваше со општествени пресврти што бараа ниво на херојски напор што би убиле или полуделе помали луѓе. Тоа беа триесте проценти во нивната пресуда, „Седумдесет проценти исправна и триесет проценти погрешна политика“, но кинескиот народ никогаш не ја прифати таа пресуда од причини што ќе станат очигледни.

Мао првпат го привлече вниманието на јавноста во 1919 година, кога, на дваесет и шест години, ја објави Смртта на госпоѓицата Чао, застрашувачка приказна за една девојка од неговото село која извршила самоубиство наместо да се омажи за човек што го презирала:

„Околностите во кои се затекнала госпоѓица Чао се следните: (1) Кинеското општество; (2) семејството Чао од улицата Нанјанг во Чангша; (3) семејството Ву на улицата Канцујуан во Чангша, семејството на сопругот што таа не го сака. Овие три фактори сочинуваа три железни мрежи, еден вид триаголен кафез. Откако беше фатена во овие три мрежи, залудно го бараше животот на секој можен начин. Немаше начин да продолжи да живее… Тоа се случи поради срамниот систем на договорени бракови, поради закоравеноста на општествениот систем, негирањето на индивидуалната волја и отсуството на слободата да се избере свој партнер.“

Во 1927 година, откако избегна да биде егзекутиран од националистичките сили, тој остана неуморен борец за правата на жените: „Мажите во Кина обично се подложени на доминација на три системи на власт: политички, семеен и религиозен. Жените, покрај тоа што се под доминација на овие три системи на власт, се доминирани и од авторитетот на нивните сопрузи. Овие четири авторитети – политички, семеен, религиозен и машки – се олицетворение на целата феудално-патријархална идеологија и систем“.

Во 1945 година, Мао им дал ветување на своите партиски другари дека кога ќе победат тие ќе обезбедат слобода на брак и еднаквост меѓу мажите и жените, а во 1950 година неговиот прв официјален акт како шеф на државата бил потпишувањето на брачниот закон на Народна Република Кина, којшто гарантирал заштита на жените и децата, родова еднаквост во моногамните бракови, избор за жените на свои брачни другари, еднаква плата за еднаква работа, трудничко отсуство и бесплатно згрижување на децата. Соочувајќи се со отпор подоцна, во 1955 година, тој инсистирал: „Мажите и жените мора да добиваат еднаква плата за еднаква работа. Вистинска еднаквост помеѓу родовите може да биде остварена само во процесот на социјалистичка преобразба на општеството.“

Кога Мао стапнал на светската сцена во 1945 година, Русија ја зазела Монголија и дел од Шјинџјианг, Јапонија окупирала три северни провинции, Британија го окупирала Хонг Конг, Португалија Макао, Франција делови од Шангај, Германија Чингтао, Соединетите Американски Држави им пружеле отпор и нацијата била згрчена од граѓанската војна. Кина била аграрна, назадна, феудална, неписмена и завојувана. Од нејзиниот 400 милионски народ, пеесет милиони биле наркомани, осумдесет проценти ниту можеле да читаат ниту да пишуваат и нивната должина на живот била триесет и пет години. Јапонците убиле дваесет милиони Кинези, а генералот Чанг Кај-Шек се жалел дека на секои илјада младинци кои тој ги регрутирал, едвај сто го преживеале маршот кон нивната база за воена обука. Стапалата на жените биле врзани, селаните плаќале седумдесет проценти од нивното производство како рента за земјопоседниците, очајните мајки ги продавале своите деца во замена за храна и сиромашните луѓе се продавале, претпочитајќи ропство отколку гладување. Американскиот амбасадор Џон Лајтон Стјуарт изјавил дека за време на неговата втора година во Кина, десет милиони луѓе умреле од глад во три провинции.

Кога Мао се пензионирал во 1974 година, ги немало окупаторите, бандитите и воените лордови, населението било удвоено, писменоста била 84 проценти, разликите во богатството исчезнале, електричното осветлување и напојување стигнало до сиромашните области, инфраструктурата била обновена, економијата пораснала 500 проценти, наркозависноста била само сеќавање од минатото, жените биле ослободени, девојчињата биле едуцирани, криминалот бил редок, секој имал храна и покрив, должината на животот била шеесет и седум години и според неколку клучни социјални и демографски индикатори, Кина позитивно можела да се спореди со средно-доходовните држави чиј БДП по глава бил пет пати поголем.

Растот на БДП во Кина наспроти САД, 1953-1973 година. Од книгата „КИНА 2020: Сè што знаете е погрешно“ на Гадфри Робертс.

Наспроти бруталната блокада од страна на Соединетите Американски Држави на храната, финансиите и технологијата, и без задолжување, под водството на Мао економијата на Кина растела годишно во просек 7.3 проценти споредено со годините на поствоениот бум во Соединетите Американски Држави од 3.7 проценти. Во однос на економскиот раст првиот 5 годишен план бил сосема успешен. Биле изградени илјадници индустриски и рударски претпријатија, вклучително 156 големи фабрики. Индустриското производство се зголемило со просечна годишна стапка од 19 проценти помеѓу 1952 и 1957, а националниот доход растел со стапка од 9 проценти годишно. Земјоделскиот аутпут значително се зголемил, со просечни стапки на раст од околу 4% годишно. Овој раст резултирал примарно од придобивките во ефикасноста добиена од реорганизацијата и кооперацијата постигнати преку колективизацијата.

Кога Мао умрел, Кина произведувала млазни авиони, големи трактори, прекуокеански бродови, нуклеарно оружје и балистички проектили со долг дострел. Како што економистот Y.Y.Kueh забележал: „Овој силен раст на индустрискиот удел во националниот доход на Кина е редок историски феномен. На пример, во текот на првите четири или пет декади од нивното движење кон современа индустријализација, индустрискиот удел пораснал до само 11 проценти во Британија (1801-41) и 22 проценти во Јапонија“. Документираните успеси на Маовото водство се, како што вели професор Фербанкс, скоро неверојатни. За време на неговото претседателствување

Населението на Кина било удвоено од 542 милиони на 956 милиони.

Должината на живот била удвоена.

Конзумирањето на калории било удвоено.

БДП се зголемил петкратно.

Писменоста се зголемила четирикратно

Производството на жито се зголемило триста проценти.

Бруто индустрискиот аупут се зголемил четириесет пати.

Тешката индустрија се зголемила деведесет пати.

Железничката мрежа се зголемила 266 проценти.

Железничкиот патнички сообраќај се зголемил од 102 970 000 патници до 814 910 000.

Тонажата на железничкиот транспорт се зголемила две илјади проценти.

Патната мрежа се зголемила илјада проценти.

Производството на челик се зголемило од нула до триесет и пет милиони метрични тони годишно (еден мега метар тон е 1 милиони тони).

Уделот на индустријата во нето материјалниот производ на Кина се зголемил од дваесет и три проценти до пеесет и четири проценти.

Но, од гледна точка на Мао, тоа беше споредна егзибиција. До моментот кога се пензионираше, тој повторно ја обедини, ја обмисли, ја реформира и ревитализира најголемата, најстара цивилизација на земјата, ја модернизираше по еден век неуспешни модернизации и стави крај на илјадници години глад. Воен гениј (Фелдмаршалот Бернард Монтгомери со одобрување ги спореди неговите најголеми битки со оние на на Александар Велики и Наполеон); стратег и политички иноватор; мајстор геополитичар; селанец и конфучијански господин

Мао беше исто така добар поет, дури и во преведувањето. Во 1946 година, британскиот поет Роберт Пејн ја пофали неговата стихотворба „Снег“, а Мао одговори: „Ја напишав додека патував во авион. Тоа беше прв пат кога сум бил во авион. Бев изненаден од убавината на мојата земја од воздух – а имаше и други работи“. „Кои други работи? праша Пејн. "Премногу. Мора да се сетите кога е напишана песната. Тоа беше кога имаше толку многу надеж во воздухот, кога му верувавме на генералисимусот [Чианг Каи Шек]. Моите песни се глупави - не смеете да ги сфаќате сериозно.“

Поемата на Мао, Снег

Сцена на северна земја: сто сојузи затворени во мраз,

илјада сојузи виорен снег.

Двете страни на Кинескиот ѕид една бела неизмерност.

Брзата струја на Жолтата Река се смирува од крај до крај.

Планините танцуваат како сребрени змии, а висорамнините налетуваат како слонови со восочна нијанса,

Се натпреваруваат со небото во височината.

Еден убав ден, земјата, облечена во бело, украсена во црвено, станува поволшебна.

Оваа земја толку богата со убавина направи безброј херои да се поклонат во знак на почит.

Но, за жал! На Чјин Ши Хуанг и на Хан Уди им недостасуваше книжевна благодат,

А Танг Таи-цунг и Сунг Таи-цу имаа малку поезија во нивните души;

И Џингис Кан, горд небесен син за еден ден,

знаеше само да пука во орли, со испружен лак.

Сите се минато и ги нема!

За навистина големи луѓе? Види сам во оваа доба.

Тој ја задржува наклонетоста на обичните луѓе до ден-денес, а десет милиони од нив го посетуваат неговото родно место секоја година, правејќи ги мали, според величина, сеќавањата на сите херои од историјата заедно. Сепак, ние тежнееме да го поврзуваме неговото име со глад и хаос кои, во нашите умови, ги прикриваат неговите достигнувања, но, ако истражиме, ќе видиме дека тие не се повалидни од обвиненијата за лошо управување на економијата. Тие се едноставно индоктринирани спомени.