Кочо Рацин

„Дијалектика“ од Карло Кауцки[1]


Напишано:
Прв пат објавено: Славко Николов, „Нови страници од оставнината на Кочо Рацин“, „Современост“, год. XXXI, ноември бр. 9, 1982, стр. 69-70.
Извор: Кочо Солев Рацин „Проза и публицистика”, „Наша книга”, Скопје, 1987, 184-185 стр.
Превод од српскохрватски: Васил Тоциновски
Техничка обработка: Златко Димитриоски, Здравко Савески
Онлајн верзија: април 2025


Во Белград од пред извесно време постои библиотека „Ослобоѓење“ која во својата програма има издавање на мали, популарни и ефтини книшки од областа на економско-политичките и општествено-културните проблеми, разгледувани од научна и марксистичка основа. Работа значи, по себе доста симпатична и благородна, уште повеќе кога се има на ум дека овие книшки од оваа библиотека првенствено се наменети на припадниците на класното работничко движење, за стручните организации и треба да послужат за нивното идејно изградување. Библиотеката досега издаде повеќе од десетина вакви книшки, но, и покрај најдобрите желби земајќи ги во обзир сите околности, мора сепак да се каже дека во поголемиот број случаи, при изборот на материјалите ја промашиле поставената цел. Една од нејзините лоши книги е и последната, која носи претенциозен наслов „Дијалектика“ од Карло Кауцки. Ние овде немаме намера да се занимаваме подетално со полемика околу идејните странпатиции на Кауцки, како марксистички ренгент, кој впрочем, токму во споменатото дело и самиот кажува дека со М. И. Е. (мисли на Маркс и Енгелс, наша забелешка) „Но само до некаде“. Критиката на Кауцки направена е своевремено, а крајниот резулатат на неговите погледи се покажал со полемиката во последните години. Но во поглед на последната книшка на библиотеката „Ослобоѓење“ не смее да се премине преку тоа. Дијалектиката е борбена „алгебра на марксизмот“. Од нејзиното правилно сфаќање на дијалектиката, туку и од исправното сфаќање на историскиот материјализам. Дијалектиката е срж на дијалектичкиот и марксистичкиот метод.

Како и кај сите оние кои во основа погрешно ја сфатиле дијалектиката и кај Кауцки имаме олицетворенија на дијалектичкиот процес во апстрактно земање, знаменита тријада: теза, антитеза, синтеза. Негација на негацијата. Непотребно е да забележуваме дали баш оваа тријада го прави битното во Хегеловата дијалектика и дијалектиката што ја имаат поставено на нозе Маркс и Енгелс. Важно е само да се знае дека на Кауцки ова само затоа му е потребно да на оваа и друга формула ја постави својата дарвинистичка теза на општествениот развиток: „Јас и околината“. Во прилагодувањето и совладувањето на овие „спротивности“ по него се постигнува и третата формула „Негација на негацијата“, синтеза, развиток, и така се завршува дијалектичкиот процес. Бидејќи од дијалектиката, на Кауцки само ова му е потребно тој заправо во толкава мера и ја признава. Сето останато изложување во оваа книшка се сведува на непризнавање и „критика“ на Хегеловото, односно Маркс-Енгелсовото сфаќање на дијалектиката, како „општ закон на развиток на природата, општеството и човековото мислење и извршување на оваа во законот помирување на спротивностите: „Јас и околината“.



Забелешка на транскриберот

[1] Карл Кауцки, „Дијалектика“, „Ослобођење“, Београд [1938?], превела Милица Ђурић-Топаловић.