Коста Абрашевиќ

Црвена


Напишано: 1894
Извор: Македонски јазик и литература
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: мај 2016



Црвена е крвта што врие и тече,
Црвена е молњата облаци што сече,
Црвено е небото в зори што се смее,
Црвено е знамето гордо што се вее;
Црвена е омразата во нашите гради
И гневот е црвен на стари и млади.
О, тирани, чујте – денот веќе иде –
И нашата одмазда – црвена ќе биде.



Тематска архива за поезија и проза

марксистичка интернет архива