Назим Хикмет

Песни


Извор: Nazım Hikmet “Son Şiirleri (1959-1963)”, “Yapı Kredi Yayınları”, İstanbul, 2012. Nâzım Hikmet Tüm Şiirleri.
Препев: Хактан Исмаил
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: април 2012, август 2016


Најчудниот створ на светот

(1947)


Како шкорпија си бе братче,
Во темнина уплашен си, како шкорпија
Како врапче си бе брат,
Целиот во трепет како врабец
Како школка си брат,
Како школка затворен и раат!
И како уста на згаснат вулкан си страшен бе брат,
Не си еден ил двајца,
Стотици милиони си за жал.
Како овца си братче,
Кога овчар ќе стап крене,
Одма кон стадото се приклучуваш
И речиси горделив втрчуваш.



Денес е недела

(Писма на изолиран човек, од еден затвор, 1938)

Денес е недела.
Прв пат на сонце мене денес ме изнесоа,
И за прв пат во мојот живот;
               приметувајќи дека, небото е толку далеку од мене, толку сино и толку широко,
               вчудовиден се стаписав без да мрднам.
Потоа со почит седнав на земји,
грбот го на ѕид потпрев.
Во мигот, ниту в бранови вивнување посакав,
во овој момент ниту борбата, нит слобода ниту пак на жена ми помислив.
Земја, сонце и јас...
Среќен сум.

Нѐ поробија
во затвор нѐ фрлија;
мене помеѓу ѕидови
тебе надвор од нив

Но, мала е нашава работа,
најлошо е всушност кога,
знаејќи или незнаејќи,
човек во себе го затворот носи.

И ако од веков, татковината и од човека
тебе надеж ти барем малку останала;
па ако те на јаже не обесат те фрлат в зандана
и ако лежиш 10, 15 години, и да ако уште баеги имаш,
камо среќа, како знам
да висев на врв јаже,
            немој ти да кажеш!
гордо ќе се исправиш во животот

Можеби блаженство веќе не е
но сега должност тебе ти е
за инает на душманот
да живееш ти ден повеќе!



Во букова снежна шума

(14 март 1956, Москва, Переделкино)


Низ cнежните букови шуми
чекорам приквечери.
Натажен сум јас, и ожалостен
подај ми ти рака,
       раката каде ли ти е?!

Снегот во светлина месечева обоен,
картонски ми чизми тешки мене
тонот кој во мене свирка
каде ли ме повикува?

Дал татковина ил sвездите
или подалечна ми e младоста?
Помеѓу буките
прозор еден, жолт, топол.

По календар стар
пролетта почна утрово баш
сите испратени играчки до мојот Мемед
се вратија назад денес.

Снегот чист, снегот бурен
меко по него чекорам
Вчера во единаест и пол
умрел Берут, ќе се запознававме;
Кај мене сива една марама има
и книгата, потпишана
Од рака на рака му поминува,
книгата негова
уште години сто ќе му живее халот.

Во градот мој седмогор,
цветот си го оставив,
Срам не е од смрт да се плашиш
нит пак смртта да ја думаш.

Дал татковината ми далечна
младоста ми моја или пак ѕвездите?
Бајрамоглу, Бајрамоглу!
отаде смртта село има ли?

Во ноќта, чекорам
низ шума снежна и букова
Во мрак наоколу
како ден се гледам

СЕГА САМО ШТО ЌЕ ТУКА СВРТАМ
АВТОПАТ, ШИНИ, РАМНИНИ
НЕКАДЕ ОД ДВАЕСЕТ И ПЕТ КМ
МОСКВА СЈАЕ И СВЕТИ.



Предавник

(Јули 1962)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
              се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
              120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.

Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“

Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители,
               јас сум душман татковински, јас сум предавник.

Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје, ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
               тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет сè уште продолжува да биде предавник!

                                                                                        Јули 1962



Тематска архива за поезија и проза

марксистичка интернет архива