Бертолт Брехт

За полевањето на градината


Напишано:
Извор: Бертолт Брехт, „На родените по нас (9 песни)“, „Граѓаните за Македонија“, Скопје, мај 2015, 15 стр.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: април 2018



О, вадење на бавчата, зеленилото да се осоколи!
Залевање на жедните стебла! Дај што повеќе вода. И
Не заборавај ги грмушките, па ни оние
Без бобинки, ни оние што, истоштени,
Останале голи. И немој да ми го превидиш
Плевелот меѓу цвеќето, исто така
Жеден. Не залевај го само
Свежиот тревник, ни само оној подзасушениот:
Освежи ја и голата почва.



Архива на Бертолт Брехт

Тематска архива за поезија и проза

марксистичка интернет архива