Бертолт Брехт

Маската на злиот демон


Напишано:
Извор: Бертолт Брехт, „На родените по нас (9 песни)“, „Граѓаните за Македонија“, Скопје, мај 2015, 11 стр.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: април 2018



На мојот ѕид виси јапонска резбарија,
Маска на зол демон, златно лакирана.
Сожаливо ги гледам
Набрекнатите жили на челото што покажуваат
Колку е напорно да се биде зол.



Архива на Бертолт Брехт

Тематска архива за поезија и проза

марксистичка интернет архива