Цирил Бошковиќ

Продолжение?[*]


Оправданоста на прашањето е двојно. Прво: во есен студентите, кои во јунските настани поставуваа барања, критикуваа, правеа програма — од која поголемиот дел не е остварен — ќе се соберат пред почнувањето на новата работна година. Второ: на напредните и ангажирани средини во универзитетот, високите и виши училишта не им е сеедно дали и што наесен ќе се случува меѓу студентите. Уште повеќе — организираното и творечко движење дава можност (што потенцираа настаните во рамките на меѓународното социјалистичко движење) револуционирање на општествената положба, што е желба на студентите, здружени со значителен дел на веќе обликованата интелигенција во највисоките воспитни установи на Словенија.

За натамошно прогресивно движење би била потребна објективна анализа на општествените корени на студентските немири како посебен факт.

(Обид на успешна анализа, но со обопштување има дадено др. Горичар во „Наши разгледи” бр. 11). Овдека се важни две прашања: дали се работи за конфликт од потрајна акционо-мотивска природа и сила и каква е тоа природа и сила со оглед на општествено-материјалните основи на конфликтот; и— што извира од одговорот на претходното прашање — како напредните средини да делуваат, пред сè, Сојузот на комунистите; какви организациони облици и методи треба да се воведат па движењето воедно да стане помасовно, да се насочи и да стане творечко?

Досегашните сознанија зборуваат дека нашите студентски немири се ангажиран, активен одраз на општествените спротивности. Тие спротивности, за кои зборуваат и последните акционо-политичките документи на СК, се од трајно значење. Затоа и на второто прашање да се одговори совесно е навистина тешка задача. Содржината, насоченоста и конечната цел од дејствувањето на напредните сили во високошколските простори се познати. Методите, облиците, значењето и фразите се зависни од внатрешните сили на движењето, кои однадвор се манифестираат како стихијска и спонтана сила на движењето и како таква да би можела да застане на одреден степен од интензивноста. Од причина што мошне слабо ги познаваме реалните двигатели, со чија помош лесно би можеле да ги одредиме елементите на нашите дејности, мораме, при одредувањето на начинот и обемот на дејноста на напредните сили, да се однесуваме според заклучокот: поарно е сами да настапуваме како рамноправен, мошне иницијативен дел на движењето, одошто да чекаме на неговиот развиток. За таквиот пат мора Сојузот на комунистите на универзитетот да се одлучи подоследно отколку досега, при тоа барајќи ја работната поврзаност со ангажираните студенти, за да би можеле Високата школа за политички науки, посебно студентите, во таа „политичка игра” да го оправда своето име.

Бидејќи не може да се предвиди целосната содржина на настаните, сепак е можно делумно да се одговори на прашањето: а натаму? Да прелетам три проблеми, што ќе бидат меѓу другите освен есенското продолжување на „пролетните немири” во љубљанската студентска средина.

1. Изменетиот и општествено признат статус на студентите е еден од средните барања на југословенските студенти. Непосредните причини за тоа се од практично значење: потполно социјално осигурување, повисоко значење внатре во училиштата, повисоко општествено значење, проблемите околу стипендирањето итн. Тешкотиите што при тоа се јавуваат се двојни. На една страна, ние студентите не сме единствени во тоа каква би требала да биде содржината на нашата нова општествена положба, местото и улогата; од друга страна, на тие предлози им се спротивставуваат оние надвор од високошколските институции. Затоа е потребно најпрвин да се изработат еднакви рамки за значењето на бараниот статут што ќе се движи во југословенски рамки, а потоа да се препуштат дополнувањата на поедини високошколски центри. Единствениот настап е потребен зашто се работи за промени на правно-политички норми. Практично работата не е едноставна ниту теоретски достатно разјаснета, така што студентите не можат сами да ја решат, туку е потребна помош од високошколските професори, политичари.

Новиот статус би морал да извира од признанието дека студиите се општествено потребен труд и корисна дејност. Држава што зачекорила во процесот на општественото преструктуирање, кој е единствен во светот, нужно има потреба од стручни кадрови способни не само во материјалното производство туку и на целокупната општествена организација и на нејзиното функционирање. Таа поставка што теоретски е усвоена, но практично тешко се пробива, е важен аргумент во прилог на барањето за поголемо општествено влијание на оние кои штотуку ќе станат стручњаци, за складно обликување на кадровите за општествени потреби и идните успеси на општественото подрачје. Да прочитаме како Метод Чернетич го докажува вистинското значење на студирањето: ,,... учителот не може да подучува без одѕив од учениците. Од тој вистински работен однос во педагошкиот процес ние студентите го решивме својот статус.” („Наши разгледи” бр. 12). Односот не е едноставен, зашто новиот статус би ја зголемил работната одговорност на студентите и го интензивирал педагошкиот процес, наедно поуспешно би влијаел врз трудот на професорите кој, барем на универзитетот, бил исполнет со празнини. Организацијата и остварувањето на тие односи е самоуправната активност што ја зголемува студентската поврзаност и интересот за заеднички ангажирања на студентите и професорите во барањето и остварувањето на улогата на високото школство во дадената општествена средина. Токму ваквиот заеднички труд на слушателите и предавачите остварува и ја субјективира положбата на студентите во животот на воспитната институција. Се чини дека студентите во ваквата мрежа на односи, одговорности и права би биле присилени општествено покомплексно да настапуваат, да ги земаат во предвид потесните и пошироките општествени интереси, можности, нужностите, настаните. Оваа компонента на вистинско поврзување (двострано влијание) на училиштата со општествените потреби, кадровската политика, планирањето на развитокот и структурите, така што со актуелните настани не ќе можат на задоволителен начин да се решаваат само со посредни општествени настапувања на студентите (преку школските заводи, Сојузот на студентите и сл.). Сеопфатноста на студентскиот работен статус би се огледала во тоа што студентите би морале да имаат свои претставници во републичките и општинските собранија.

За новиот статус на студентите ќе можеме лесно да зборуваме дури тогаш кога ќе се остварат набројаните елементи, а нив ќе можеме лесно и доследно да ги оствариме во комплексната меѓусебна поврзаност и со тоа de facto да го оствариме новиот општествен статус на студентите и новото значење на студентската целина; тогаш ќе биде лесно да се пpeнece во de jure категорија. Доколку се обидеме положбата на студентите да ја измениме брзоплето, без остварување на основната содржина, може да ни се случи таквиот труд, заради сплетот на проблематиката, да ни донесе de jure кисел плод. Процесот на остварувањето е можен само ако се изведува постапно. Нам усвоените закони не смеат да ни бидат свети норми, кога таквата постапна промена ќе созрее „званично ќе ги потврдиме. Уште оваа есен треба до тој степен да се доведе решението за здравственото осигурување и некои компетенции од самоуправувањето на студентите внатре во високошколските институции и потребата за интензивно проучување на прашањето за собраниски претставници.

2. Во Љубљана веќе подолго време студентите не се задоволни со работата и односите во Сојузот на студентите. Кога на последното раководство на Сојузот на студентите му го изразиле своето незадоволство со недоверба и го критикуваа штотуку усвоениот статут на Сојузот на студентите, се провлекоа и барањата за неговата реорганизација. Со ова прашање сега се занимава потесна група при Универзитетскиот одбор на Сојузот на студентите. Тој предлог ќе биде изнесен пред јавноста, затоа да ги погледнеме само некои поставки.

Врз основа на улогата на Сојузот на студентите во последните немири Белградските студенти донесоа решение таа организација да ја освежат. Оттука прашањето за реорганизација на Сојузот на студентите во Љубљана станува дотолку поважна. Јадрото на проблемот се содржи во следното: дали во наши размери имаме потреби од општествено-политичка организација или организирана заедница? Сојузот на студентите во Љубљана стана организација на студентите и за студентот. Тие се нејзин објект а не обратно. Ја загубила поткрепата и нивната доверба, што, секако, ѝ отежнува да се „поправи”. Единствениот пат на студентското влијание врз настаните во околината е самоуправниот пат. Сојузот на студентите на тоа не е прилагоден, што докажува не така големата дејност во училиштата и факултетите. Макар што според својот статут е општествено-политичка организација тој ги загубил сите елементи што го прават како таков, додека се бореше барем за некоја поткрепа врз студентите! Тој процес заслужува поподробно испитување и зачекорување кон ново здружение на студентите, зашто Сојузот на студентите помалку или повеќе е трансмисија на Сојузот на комунистите, според обемот и зафатеноста оградена од дејствувањето меѓу студентите.

Сојузот на студентите ќе значи нешто дури тогаш кога за студентите како општествена организација ќе има значење според квалитетот и квантитетот на дејствувањето. Она „нешто” е условено од студентските остварувања на сопствените проблеми со општествено напреден начин и во зависност од општествените цели. Затоа Сојузот на студентите нека биде заедница на сите студенти. Штом некој ќе го пречекори прагот на високите школи нека стане член на студентската заедница организирана така што секој (студент или група) би имал можност да излезе пред општеството со свои идеи (во рамките на Уставот и со закон дозволеното) и се здобива со круг на свои истомисленици. Тоа значи дека некоја идеја треба најпрвин да продре и преовладее, па дури потоа да се јави пред општеството како гледање, мислење, барање ... на Сојузот на студентите. Задача на комунистите и другите напредни студенти, на тој пат од оформувањето на организацијата со општествено-политичка физиономија, како настојување на голема група студенти, е да се јавуваат и продираат напредни настојувања, погледи, идеји и акции токму врз нивните темели! Тие пак ќе се остваруваат дури тогаш ако се во интерес и потребите на студентите, и тоа не на било кои, туку на оние напредните. Оттука комунистите мораат со свесна акција да остваруваат реални услови за напредокот на свеста и акциите кај мнозинството студенти. Делувањето на релацијата студент-професор или училиште тоа е најтесната рамка каде се остварува статусот на студентите, каде студентот воопшто постои како член на посебна општествена заедница и се искачува по патот кон самоуправувањето. Доколку Сојузот на студентите сака да биде потворечки, обликувајќи се организационо, мора да се прилагоди кон самоуправната структура на школските институции и здруженија на тие организации. Ако процесот на самоуправувањето го сфатиме како процес од повеќе фази, меѓу кои треба да се развиваат масовните, напредни и демократски облици на приправните фази за одлучување, тогаш студентските решенија мораат да се обликуваат во судирите на идејите на заинтересираните студенти и нивните претставници во самоуправните тела на училиштата, универзитетите, додека во собраниските тела треба кон нив да се придржуваат. Навистина самоуправното поставување на предлози не е единствениот пат за поставување и остварување на идеји. Проблемите на меѓустудентските релации најчесто не се решаваат по самоуправен пат, макар што пред општеството студентите можат да истапуваат како општествено-политички објект, користејќи се со методите за убедување на јавното мислење, со директни контакти со услужните форуми итн. Значи, ако го сфатиме битното значење за реорганизација на Сојузот на студентите, би можеле вака да резимираме: прилагоденост кон самоуправните односи; масовност, демократичност и непосредност во работата на Сојузот на студентите; облици во работата што би биле различни со оглед на специфичноста на училиштата, наспроти тоа би останало единството на Сојузот на студентите како автономна организација (во Словенија национална), со тоа што сите наведени елементи би биле нужна, единствена рамка во дејствувањето на студентите и нивните групи во словенечкиот општествен простор.

Во проектот има многу неразјаснети нешта, додека некои новини се значајни само за практичниот дел на нашиот општествено-политички систем, но не и за политичката теорија. Па сепак, заслужува вистинско внимание и темелно размислување.

3. Масовното и непречено разјаснување меѓу студентите, разјаснувањето на нивните ставови, мислења и погледи, примерно организирано, мора да стане основен работен метод на движењето. Така „убиваме три муви” наеднаш зашто „разјаснувањето” настапува како:

— работна фаза на поставување и одбирање на проблеми, појави, измени и борба на мислења, меѓусебно влијание и насочување на вниманието за ставови и акции — во целокупниот процес на студентското одлучување за практика и нејзиното изведување (во движењето тоа е Сојузот на студентите со помош на својата организираност);

— јавувањето на сликата на свеста на мнозинството студенти, пред сè, степенот на нивното знаење, насоченоста, едностранчивоста, мотивираноста. Врз основа на тоа комунистите и сите други, со добри или лоши намери, стапуваат во двојна акција: влијание на идеја врз идејата, акција впр акцијата итн. и посредно преку барањето на општествените основи за идеологија, каква меѓу студентите постои и се јавува, воведуваат во студентската и воопшто високошколската средина напредни настојувања во поголеми обеми. Да речеме: настојувања за рамноправност во односите, диференцијацијата на принципите на распределба според праведни мерења на остварувањата, придонесуваат за премавнување на разликите помеѓу умствениот и физички труд кон вистинскиот социјалистички интернационализам;

— можност за отворени дијалози помеѓу носителите на различни мислења и убедувања, раширени во интелектуалните и студентски кругови. Се работи за проекти за општествена стварност, за развиток од девијантско значење и затоа во јавноста отворено не се јавуваат, туку непроверени кружат по наполу скриените канали среде студентската младина, без обиди некој да ги потврди или со вистински податоци демантира. Многупати младината не може тие проблеми да ги надвладее, зашто со проектот едностранчиво е запознаена, а дополнителни знаења не може да добие без труд по некогаш и без ризик. Затоа би требало да се организираат јавни разговори за теми како што се: замислата за слободна Словенија, за повеќе странки меѓу нас, за сличната улога на интелигенцијата, за потребите и успехот на самоуправувањето, за армијата ... — набројувам само „девијантни” теми — и премавнувањето на таквите замисли со употребата на спротивни аргументи и вистински податоци, што е можно во нашето денешно општество и општествената практика. Тоа не е лесна задача, зашто треба стручно да се одбијат некои идеји и при тоа да не се навлезе во пресметнување со оние што биле подготвени некои од предлозите да ги прифатат и да ги докажат, зашто сакале да дојдат до правата вистина за нив. Макар што не смееме да се согласиме со тоа дека тие проекти се секаква основа во општествените спротивности кои што не можеме да ги одминеме, вистина е дека тие среде студентите и професорите живеат и заради нивните едностранчиви (интелектуални) дејности, и што никој сето тоа не им го објаснил, додека тие самите немаат сили тоа да го остварат.

Повеќето од таквите дејности не е можно да се предвидат. Какви и да се, групни или масовни, организирани или стихијски, под влијанието на едни или други... комунистите би морале да направат напори барем да бидат присутни како движечка сила со голема политичка дисциплина и еластичност. А резултати од таквите „разјаснувања”? Полесна и поефикасна идејна диференцијација меѓу студентите, професорите и комунистите. Поттик за масовно испакнување на нови идеи, предлози, за акции какви има мошне малку. Непроценливо општествено значење на демократски развиток на сите фази од општествено-политичката (организирана) практика. Остварени услови за дејствување на Сојузот на студентите, како што е опишано во 2. точка.


Забелешки

[*] Статијата е преземена од списанието „Teorija in pгaksa”, што излегува во Љубљана, 1968 година.


Студентската 1968 година: Содржина

Југословенска тематска архива

марксистичка интернет архива