Карл Маркс
Капиталот (том 1)

Кон четвртото издание


Четвртото издание бараше од мене колку што е возможно подефинитивно утврдување на текстот како и на забелешките. Еве накусо како ја исполнив оваа задача.

Откога го споредив уште еднаш француското издание со ракописните белешки од Маркса, зедов од него уште неколку додатоци во германскиот текст. Овие се најдуваат на страниците 88 (трето издание, стр. 88), стр. 458-64 (трето, стр. 509-10), стр. 547-51 (трето, стр. 600), стр. 591-93 (трето, стр. 644) и стр. 596 (трето, стр. 648) во забелешката 79. Исто така, по примерот од француското и англиското издание ја внесов во текстот и долгата забелешка за рударските работници (трето издание, стр. 509--515, четврто изд., стр. 4б1-67). Другите мали измени се од чисто техничка природа.

Потоа внесов уште неколку забелешки дадени за објаснение, имено таму каде што ми се чинеше оти таа го наложуваат изменетите историски околности. Сиве овие дадени забелешки се ставени во аголни загради и означени со моите почетни букви или со „Д. Х.“[1*]

Една целосна ревизија на многубројните цитати стана нужна поради англиското издание што меѓувремено излезе. Помладата Mapксова ќерка Елеонора зеде на себе да се потруди за таа да ги спореди сите наведени места со оригиналот, така што таму цитатите од англиските извори што сочинуваат далеку претежен дел, не се обратно преведувани од германски, туку се земени во својот англиски оригинален текст. Поради тоа при четвртото издание бев должен да го земам предвид овој текст. Притоа се најдоа некои мали неточности. Понекаде неточно се обележани страниците, делум поради грешките при препишувањето од тетратките, а делум поради насобраните печатни грешки од трите изданија. Неточно ставените наводници или точките при прекините, што е неизбежно при масовно цитирање од тетратките со изводи. Онде-онде понекој збор не е среќно одбран во преводот. Некои места се цитирани од старите париски Марксови тетратки од 1843-45, кога Маркс уште не знаеше англиски, а англиските економисти ги читаше во француски превод; и каде што на двојниот превод му одговараше една мала измена во нијансата нa изговорот, на пр. при Стјуарта, Јура и други, каде што сега мораше да се исползува англискиот текст. И многу други слични мали неточности и пропусти. Ако се спореди сега четвртото издание со претходното, тогаш ќe се види дека целиов овој тежок процес околу исправувањето нема изменето во книгата ништо за што би било вредно да се зборува. Само еден единствен цитат не можеше да се изнајде, а имено од Ричард Џонсон (4-то издание, стр. 562, белешка 47), Маркс сигурно згрешил во препишувањето на заглавието од книгата. Сите други цитати наполно ја задржуваат доказната сила или таа се потсилува во сегашната егзактна форма.

Но јас овдека сум присилен да се вратам назад кон една стара историја.

Имено, мене ми е познат само еден случај кога се подложи на сомнение верноста на еден Марксов цитат. Но иако тоа се завлече и по смртта на Маркса, јас не можам овде мирно да поминам преку тоа.

Во берлинската „Concordia”, орган на Сојузот на германските фабриканти, излезе на 7 март 1872 една анонимна статија: „Како цитира Карл Маркс“. Овдека со преизобилен излив на морално згрозување и со непарламентарни изрази се тврдеше дека бил фалсификуван цитатот од Гладстоновиот буџетски говор од 16 април 1853 г. (во Инаугуралната адреса на Меѓународната работничка асоцијација од 1864, и повторен во „Капиталот I“, стр. 617 од четвртото издание, и стр. 671 од третото издание). Реченицата: „Ова зашеметувачко умножување на богатството и моќта наполно е ограничено на поседничките класи...“ не се најдувала ни cо еден збор во (квази-официјалниот) стенографски отчет од Hansaгd. „Но оваа реченица нигде не се најдува во говорот на Гладстон. Во него е речена токму спротивното (со дебели букви) Маркс формално и материјално лажно ја измислил реченицата!

Маркс, кому му беше испратен овој број од „Concordia” во идниот мај му одговори на анонимниот писател во „Volksstaat” од јуни. Иако тој веќе не се сеќаваше од кој новински извештај го зел цитатот, тој се ограничи на тоа да го покаже најнапред истиот таков цитат во две англиски сочиненија, а пoсле да го цитиpa рефератот од „Times“, според кој Гладстон рекол:

“That is the state of the case as regards the wealth of this country. I must say for one, I should look almost with apprehension and with pain upon this intoxicating augmentation of wealth and power, if it were my belief that it was confined to classes who are in easy circumstances. This takes no cognisance at all of the condition of the labouring population. The augmentation I have described and which is founded, I think, upon accurate returns, is an augmentation entirely confined to classes possessed of property.”[2*]

Значи, Гладстон овде вели дека нему би му било жал кога би било тоа така, но тоа си е така. Ова зашеметувачко умножување на моќта и богатството е наполно ограничено на поседничките класи. А што се однесува за квази-официјалниот Hansard Маркс потака вели: „Господин Гладстон бил толку умен да го избрише од неговото отпосле исправено издание местото што секако компромитира во устата на еден англиски канцелар на благајната. И инаку тоа е стар англиски парламентарен обичај, а никако не е некој пронајдок од Ласкерчето против Бебел.

Анонимусот стануваше сѐ пораздразнет. Во својот одговор во „Concordia” од 4 јули, тој ги остава настрана изворите од втора рака, и срамежливо вели оти било „обичај“ парламентарните говори да се цитираат според стенографските белешки, но извештајот од „Times” (во кoј е „измислената“ реченица) и извештајот од Hansard (каде што неа ја нема) „материјално наполно се согласуваат, и поради тоа извештајот на „Times“ ја содржи „директната спротивност на злогласното места од „Инаугуралната адреса“, притоа човекот внимателно премолчува, дека и покрај оваа божем „спротивност“ изрично го содржи токму „тоа злогласно место“! Но покрај сето тоа се сеќава Анонимусот оти сосем наседнал и дека само некоја нова итроштина може него да го спаси. И така дури својата статија, како што штотуку покажавме, полна со „безобразни лаги“, тој ја гарнира со спасоносни погрди како што се: „mala fides”, „нечесност“, „лажлив навод“, „оној лажен цитат“, „безобразна лажливост“, „еден цитат што беше сосем фалсифициран“, „овој фалсификат,“ „просто“ итн., но едновремено тој нашол за потребно да го префрли спорното прашање во една друга област и ветува затоа оти „во една друга статија ќe изнесеме каква значење ние (анонимусот што не „лаже“) ѝ придаваме на содржината од Гладстановите зборови“. Како ова негово некомпетентно мнение да има барем каква врска со работата! Оваа втора статија се појави во „Concordia” од 11 јули.

Маркс одговори уште еднаш во „Volksstaat” од 7 август, притоа тој сега ги употреби и рефератите за соодветните места од „Morning Star” и „Morning Advertiser“ од 17 април 1863 г. И според обата весника Гладстон рекол оти тој не би гледал со грижа итн. на ова зашеметувачко зголемување на богатството и моќта, кога би мислел оти таа навистина се ограничува на богатите класи (classes in easy circumstances). Но ова зголемување е ограничено на класите што поседуваат сопственост (entirely confined to classes possessed of property). Значи и овие реферати буквално ја донесуваат божем „лажната“ реченица. Потака тој уште еднаш утврдува, со споредување на текстовите во „Times“ и Hansard, оти реченицата е вистински изречена што се констатира од нејзиниoт еднаков текст во рефератите од три весници излезени во следното утро независно еден од друг, реченицата што ја нема во рефератот од Hansard што е прегледан според познатиот „обичај“, оти Гладстон, речено со зборовите на Маркс неа „отпосле ја откраднал“, и најпосле изјави оти тој нема време потака да се расправа со Анонимусот. Изгледа оти и на овој веќе му било доста, или барем на Маркса потака не му се испраќаа броеви од „Concordia”.

Со тоа се чинеше оти работата е умрена и закопана. Навистина оттогаш наваму дојдоа до нас еднаш или двапати од луѓе што стојат во обноски со универзитетот во Кембриџ таинствени гласови за некој чудовиштен литературен престап божем извршен од Маркс во „Капиталот“; но и покрај сите испитувања не можеше ништо определено да се разбере. Тогаш, на 29 ноември 1883, осум месеци по Марксовата смрт, се појави во „Times“ едно писмо датирано од Trinity College Cambridge, а потпишано од Ѕеdlеу Taylor во кое овој човечец со работа во скромна задруга при една ненадејно настаната згода ни дава најпосле објаснение не само за сплетките во Кембриџ, туку и за анонимусот од „Concordia”.

„Што изгледа особено чудно“ — вели човечецот од Trinity College — „е тоа, што на професор Брентано (што тогаш беше во Бреслав, а сега е во Штрасбург) му беше предодредено да ја открие таа mala fides, која очевидно го диктирала цитатот од говорот на Гладстона во Инаугуралната адреса. Господин Карл Маркс, што... се обиде да га одбрани цитатот, ја имаше смелоста, во претсмртните гpчеви (deadly shifts) во кои го фрлија мајсторски изведените напади од Брентана да тврди оти господин Гладстон го исправил извештајот од неговиот говор во 'Times' од 17 април 1863 пред тој да излезе во 'Hansard' за да отстрани едно место што секако значи компромитирање за еден англиски канцелар на благајната. Кога Брентано докажа, со подробно споредување на текстот, оти извештаите од 'Times' и од 'Hansaгd' се согласуваат во апсолутното исклучување на смислата што ѝ ја подметнуваат на Гладстоновите зборови итро одбраните изолирани цитати, тогаш Маркс се повлече назад под изговор дека немал време!“

Ете кај лежел зајакот. Ете така славно се одрази во производната задружна фантазија од Кембриџ анонимната кампања на г. Брентано во „Concordia”! Ете така стоел овој свети Ѓорѓија на сојузот на германските фабриканти и така го водел, својот меч „во мајсторски изведениот напад“, додека пеколниот змеј Маркс „бргу се најде во претсмртен грч“ под неговите нозе задушен.

Сепак целово ова ариостовско опишување на битката служи само за тоа да се покријат итроштините од нашиот свети Ѓорѓија. Овдека веќе не станува збор за „лаги“, за „фалсификат“ туку за „итро одбрано изолирано цитирање“ (craftily isolated quotation). Целото прашање беше пренесено на друга почва, а свети Ѓорѓија и неговиот кембрички штитоносец мошне добро знаат зошто.

Елеонора Мapкc му одговори во месечното списание „To-Day“ од февруари 1884, бидејќи „Times” одби да ја печати статијата, при тоа таа полемиката ја врати назад на точката околу која се работеше: дали Маркс „лажно ја измислил“ онаа реченица или не? На тоа г. Седли Тејлор одговори:

„Прашањето дали говорот од Гладстон содржи една извесна реченица или не“ било, според неговото мнение, во спорот меѓу Маркс и Брентано „од сосем подредено значење во споредба со прашањето дали цитатот е направен со намера да се репродуцира мислата од Гладстона или таа да се изопачи“. И тој се согласува оти извештајот од „Times" „содржи навистина една противречност во зборовите“.

Но, ако се објасни токму во врска со другата содржина, т.е. во либерално-гладстоновска смисла, тогаш ќe се види што сакал да каже г. Гладстон. („To-Day“, март 1884). Притоа комичното е тука што нашиот човечец од Кембриџ сега не настојува на тоа да го цитира говорот според Hansard, како што е тоа според анонимниот Брентано „во обичај“, туку според извештајот од „Times“, а што е означено од истиот Брентано како „нужна сплетканост“. Природно, кога фаталната реченица jа нема во Hansard.

На Елеонора Маркс лесно ѝ беше во прав да ја стори оваа аргументација уште во истиот број од „To-Day“. Или г. Тејлор ја читал контроверзата од 1872. Тогаш тој сега „лаже“ и тоа не само во „додавање“ на тоа што не било, туку и во „одрекување“ на тоа што било. Или тој неа не ја читал. Тогаш тој беше должен да си гo држи јазикот. Секако стана јасно оти тој немаше смелост ни за еден момент да го задржи обвинението од неговиот пријател Брентано дека Маркс „лажно додал“. Напротив, Маркс ceгa не се обвинува оти лажно додал, туку оти тој скрил една важна реченица. Но оваа иста реченица е цитирана на стр. 5 од Инаугуралната адреса, неколку реда пред божем лажна „додадената“. А што се однесува за „противречностите“ во говорот од Гладстона, не е ли баш Маркс тој што зборува во „Капиталот“ стр. 618 (трето издание, стр. 672), забелешка 105 за „постојаните дречливи противречности во Гладстоновите буџетски говори од 1863 и 1864“! Само што тој не се обидува да ги раствори нив à lа Седли Тејлор во либерална допадливост. А завршното резиме во одговорот од Е. Маркс гласи: „Напротив, Маркс нешто испуштил што би било вредно да се наведе, а уште помалку нешто лажно додал. Но тој воспостави и извлече од заборавност една реченица од еден Гладстонов говор, што била несомнено изговорена, во која така или инаку го нашла својот пат за да испадне од Hansard.“

На г. Седли Тејлор со ова сепак му беше доста. Резултатот од целиов овој професорски поход што се распредуваше низ две децении и преку две големи земји, беше тој, што повеќе никој не се осмелуваше да гибне во литературната добросовесност на Маркса, но и тој што исто така оттогаш и г. Седли Тејлор помалку ќe им дава доверба на литературните бројни извештаи од г. Брентано, како што г. Брентано ќe ѝ дава помалку верба на папската непогрешливост од Hansard.

Лондон 25 јуни 1890

Ф. Енгелс


Забелешки на уредникот на изданието

[1*] Во ова издание во средни [] загради со знакот F. E.

[2*] Така е работата во поглед на богатството на оваа земја. Јас треба за себе да кажам дека би морал загрижено и со болка да гледам на ова зашеметувачко зголемување на богатството и моќта, кога би мислел дека тоа се ограничува на вистински имашните класи. Тоа никако не се однесува на положбата на работното население. Зголемувањето, што го опишав, и што сметам дека почива врз точни извештаи, наполно е ограничено на поседничките класи.


Содржина

Маркс-Енгелсова интернет архива

марксистичка интернет архива