Карл Маркс Фридрих Енгелс

Германска идеологија

ПРЕДГОВОР


Досега луѓето постојано си создаваа лажни претстави за самите себеси, за тоа што се или што треба да бидат. Според своите претстави за бога, за нормалниот човек итн., тие ги изградија своите односи. Производите на нивната глава почнаа да господарат над нпв. Тие, творците, се приклонија пред своите творби. Да ги ослободиме од илузиите, идеите, догмите, од созданијата на нивната вообразба под чие ропство пропаѓаат. Да се побуниме против тоа владеење на мислите. Да ги научиме тие илузии да ги заменат со мисли што соодветствуваат на сушноста на човекот, вели еден, да се однесат критички спрема нив, вели друг, да ги исфрлат од своите глави, вели трет, и — постојната стварност ќе се урне.

Овие невини и детски мечтаења го прават јадрото на најновата младохегеловска филозофија која во Германија се прима не само во јавноста со ужас и страхопочит, туку неа и самите филозофски херои ја проповедаат со свечена свест за опасноста од светски преврат и престапничка беспоштедност. Првиот том на овој труд си поста вува цел да ја симне маската од овие овци кои се сметаат за волци и за кои и другите сметаат дека се тоа, да покаже дека нивното блеење во филозофска форма само ги повторува претставите на германските биргери, дека самофалбаџиството на овие филозофски коментатори само ја одразува бедата на германската стварност. Тој си поставува цел да го покаже срамот и да ја дискредитира оваа филозофска борба со сенките на стварноста, борба која му соодветствува на вкусот на мечтателниот и дремлив германски народ.

Еднаш еден честит човек си вообразил дек a луѓето се дават во вода само затоа што се обземени од мислата за тежината . Ако таа претстава си ја исфрлат од својата глава, објавувајќи ја, на пример, за суеверна, религиозна претстава тие ќе се ослободат од секоја опасност да се удават. Низ сиот свој живот тој се борел против илузијата на тежината за чии штетни последици статистиката му даваше непрестајно нови и многу бројни докази. Тој честит човек е образец на современите германски револуционерни филозофи. [Германскиот 2 идеализам во ништо не се разликува од идеологијата на сите други народи. И таа исто така смета дека над светот господарат идеите, дека идеите и поимите се определувачки принципи, де ка определените мисли претставуваат таинственост на материјалниот свет која им е достапна само на филозофите.

Хегел го заврши позитивниот идеализам. Кај него не само што севкупниот материјален свет се претвори во свет на мислите, туку и севкупната ис торија во историја на мислите. Тој не се задоволу ваше да ги регистрира мисловните нешта, тој се обидуваше да то прикаже начинот на нивното про изводство.

Германските филозофи, сосила разбудени од светот на своите соништа, протестираат против све тот на мислите, на кои тие. . . претставата за стварното, телесното. . .

Сите германски филозофски критичари твр дат дека идеите, претставите, поимите господареле досега над стварниот свет на луѓето и решавале за нивната судбина, дека стварниот свет е производ на светот на идеите. Така си останува се до овој час, така повеќе не може да биде. Тие се разликуваат еден од друг според начинот со кој сакаат да го спасат човештвото кое, според нивното мислење, толку стенка под власта на своите сопствени натрапничави идеи; тие се разликуваат еден од друг според и во зависност од тоа што прогла суваат за натрапничави идеи; единствени се во таа своја верба во владеењето на мислите, единствени се во вербата дека нивниот критички начин на мислење мора да му донесе пропаст на постојното, па било, притоа, да сметаат дека за тоа е достатна нивната изолирана мисловна дејност, било да сакаат да ја освојат општата свест.

Верувањето дека реалниот свет е производ на идејниот свет, дека светот на идеите. . .

Расколебани во својот хегеловски мисловен свет, германските филозофи протестираат против владеењето на мислите, идеите, претставите, кои досега, според нивното мислење, т.е. според Xегеловата илузија, го произведувале стварниот свет, ја определувале нетовата судбина, господареле над него. Тие протестираат и прекинуваат...

Според Хегеловиот систем идеите, мислите, поимите го создавале, го определувале и го држеле под своја власт стварниот живот на луѓето, нивниот материјален свет, нивните реални односи. Неговите бунтарски ученици го преземаат тоа од него...]