Карл Маркс
Капиталот (том 1)

ГЛАВА ОСМА

Работниот ден


Содржина

1. — Границите на работниот ден
2. — Незаситната глад за вишок на трудот. Фабрикант и болјар
3. — Гранки на англиската индустрија што немаат законски граници на експлоатацијата
4. — Дневен и ноќен труд. Системот на смената
5. — Борбата за нормален работен ден. Присилни закони за продолжување на работниот ден од средината на 14 до крајот на 17 век
6. — Борбата за нормален работен ден. Присилно законско ограничување на работниот ден. Англиското фабричко законодавство од 1833 до 1864 г.
7. — Борбата за нормален работен ден. Влијание на англиското фабричко законодавство врз другите земји


1. Границите на работниот ден

Ние тргнавме од претпоставката дека работната сила се купува и продава по нејзината вредност. Нејзината вредност, како и вредноста на секоја друга стока се определува со работното време потребно за нејзиното производство. Значи, ако се бара за производството на средните средства за живот на работникот 6 часа, тогаш тој мора средно да работи по 6 часа на ден, за да ја произведува секојден својата работна сила или за да ја препроизведе вредноста, примена при нејзината продажба. Тогаш потребниот дел од неговиот работен ден изнесува 6 часа, а според тоа, под инаку неизменети околности, тој е дадена големина. Но со тоа сѐ уште не е дадена и големината на самиот работен ден.

Да земеме, дека линијата a — — — — — — b го претставува траењето или должината на потребното работно време, да речеме од 6 часа. Според тоа дали ќе биде трудот продолжен преку аb за 1, 3 или за 6 часа итн., ние ќе добиеме 3 различни линии:

работен ден I: a — — — — — — b — c

работен ден II : a — — — — — — b — — — c

работен ден III : a — — — — — — b — — — — — — c

што претставуваат три различни работни дена од 7, 9 и 12 часа. Продолжената линија bc ја претставува должината на вишокот на трудот. Бидејќи работниот ден е = ab + bc, или aс, тој се изменува со променливата големина bc. Штом ab е дадена, секогаш може да се измери односот од bc кон ab. Тој изнесува во работниот ден I 1/6, во работниот ден II 3/6 и во работниот ден III 6/6 од ab. Бидејќи потака пропорцијата вишок на работното време / потребно работно време ја определува нормата на вишокот на вредноста, тогаш последнава е дадена штом е даден овој однос. Во горните три различни работни дена таа изнесува соодветно 16 2/3, 50 и 100%. Напротив, самата норма на вишокoт на вредноста не би ни ја дала големината на работниот ден. Ако изнесува таа 100%, тогаш работниот ден може да биде 8, 10, 12-часовен итн. Таа би покажувала дека двата составни дела од работниот ден, потребниот труд и вишокот на трудот, се еднакви големини, но не би покажувала колкав е секој од овие делови.

Значи, работниот ден не е никаква постојана, ами променлива големина. Вистина едниот негов дел е определен со работното време потребно за постојаното препроизводство на самиот работник, но неговата целокупна големина се изменува со должината или траењето на вишокот на трудот. Поради тоа работниот ден може да се определи, но сам по себеси е неопределен.[35]

Иако така работниот ден не е никаква тврда, туку течна големина, тој може, од друга страна, да се изменува само во извесни граници. Сепак, неговата минимална граница не може да се определи. Секако ако ја сведеме продолжената линија bс, или вишокот на трудот на = 0, тогаш ние ќе добиеме една минимална граница, имено делот од денот во кој работникот нужно мора да работи за да се одржи себеси. Туку врз основа на капиталистичкиот начин на производство потребниот труд секогаш може да биде само еден дел од неговиот работен ден, значи работниот ден никогаш не може да се скуси на овој минимум. Напротив, работниот ден има максимална граница. Тој не може да се продолжи над извесна граница. Оваа максимална граница е определена двојно: Прво од физичката граница на работната сила. Човекот може за време на природниот ден од 24 часа да истроши само определено количество животна сила. Така коњот може да работи дениден само по 8 часа. За време на еден дел од денот силата мора да почива, да спие, за време на друг дел човекот мора да задоволува други физички потреби, да се храни, да се чисти, да се облекува итн. Освен овие чисто физички граници, продолжувањето на работниот ден го сопираат и морални граници. На работникот му е нужно време за задоволување душевни и социјални потреби, чиј опсег и број е определен од општата културна состојба. Затоа измените на работниот ден се движат во рамките на физичките и социјалните граници. На и обете граници се од сосем еластична природа и дозволуваат најголем простор за движење. Така ние среќаваме работен ден од 8, 10, 12, 14, 16, 18 часа, значи од најразлични должини.

Капиталистот ја купи работната сила по нејзината дневна вредност. Нејзината употребна вредност му припаѓа нему за време од еден работен ден. Значи тој доби право да го стави работникот да му работи нему за време од еден ден. Но што е работен ден?[36] Секако нешто помало од природниот ден. За колку? Капиталистот има свој сопствен поглед за таа ultima Thule,[2*] за таа нужна граница на работниот ден. Како капиталист тој е само олицетворен капитал. Неговата душа е душа на капиталот. Капиталот има само еден единствен животен стремеж, стремеж да се оплодува, да создава вишок на вредноста, да исцицува со својот постојан дел, со средствата за производство, колку што се може поголема маса вишок на трудот.[37] Капиталот е мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд, и што толку повеќе живее, колку повеќе ќе исцица од него. Времето додека работникот работи, е време во кое капиталистот ја троши купената работна сила.[38] Ако го троши работникот своето расположиво време за себеси, тогаш тој го поткрадува капиталистот.[39]

Значи, капиталистот се опира на законите на стоковната размена. Тој, како и секој друг купец, се обидува да извлече од употребната вредност на својата стока колку што се може поголема полза. Туку ненадејно се крена гласот на работникот, кој се беше заглушил во шумот и вревата на процесот на производството:

Стоката што ти ја продадов тебе се разликува од другите стоки плебс со тоа што нејзината употреба создава вредност, и тоа поголема вредност отколку што чини самата. Затоа ти неа и ја купуваш. Тоа што на твоја страна се појавува како оплодување на капиталот, на моја страна е одвишно издавање работна сила. Ти и јас познаваме на пазар само еден закон, законот на стоковната размена. А потрошувачката на стоката не му припаѓа на продавачот што ја отуѓил неа, туку на купецот што ја придобива. Затоа тебе ти припаѓа дневната употреба на мојата работна сила. Но со нејзината цена, за која секој ден ја продавам, јас морам секој ден неа да ја препроизведам, а со тоа одново да можам да ја продадам. Ако го испуштиме од предвид природното трошење поради старост итн., јас морам да бидам способен, да работам утре со истата нормална состојба на силата, здравјето и бодроста како денеска. Ти постојано ми го пцалаш евангелието за „чувањето“ и „воздржувањето“. Е добро! Како разумен и чуварен домаќин јас сакам да си го зачувам мојот единствен имот, работната сила и ќе се воздржувам од секое нејзино безумно растурање. Јас сакам дневно да преобратам од неа во течна состојба, во движење, во труд, само толку колку што се сака за нејзиното нормално траење и здрав развиток. Со безмерно продолжување на работниот ден ти можеш во еден ден да ставиш во течна состојба поголемо количество од мојата работна сила, отколку што можам јас да ја надоместам за три дена. Тоа што го добиваш ти така во трудот, јас го губам во супстанцата на трудот. Ползувањето на мојата работна сила и нејзиното ограбување се сосема различни работи. Ако средниот период во кој може да живее средниот работник при разумни размери на трудот изнесува 30 години, тогаш вредноста на мојата работна сила, што ми ја плаќаш ти од ден на ден е 1 / 365 Х 30 или 1/10.950 од нејзината целокупна вредност. Но ако ја потрошиш ти неа за 10 години, тогаш ти ми плаќаш дневно 1/10.950 место 1/3.650 од нејзината целокупна вредност, значи само 1/3 од нејзината дневна вредност, и затоа ми крадеш секој ден по 2/3 од вредноста на мојата стока. Ти ми плаќаш еднодневна работна сила, додека трошиш тридневна. Тоа е противно на нашиот договор и на законот на стоковната размена. И така јас барам работен ден од нормална должина, и јас тоа го барам без да апелирам на твоето срце, бидејќи во паричните работи престанува добродушноста. Ти можеш да бидеш примерен граѓанин, можеби да си член на друштвото за заштита на животните и можеби на тоа одозгора важиш како светија, ама на она нешто што го претставуваш ти спроти мене, не му тупа во градите никакво срце. Што се чини таму дека тупа, тоа е тупањето на моето сопствено срце. Јас барам нормален работен ден, затоа што ја барам вредноста на мојата стока, како и секој друг продавач.[40]

Се гледа: дека, ако не ги земеме предвид сосема еластичните граници, природата на самата стоковна размена не му дава на работниот ден никаква граница, значи никакви граници ни на вишокот на трудот. Капиталистот го потврдува своето право како купец кога се обидува работниот ден да го направи колку што се може подолг и кога се обидува, до колку се може, од еден работен ден да направи два. Од друга страна, специфичната природа на продадената стока вклучува граница на нејзиното трошење од страна на купецот, а и работникот го потврдува своето право како продавач, кога сака да го ограничи работниот ден на определена нормална големина. Така овде ние добиваме антиномија, право спроти право, обете потврдени во еднаква мера, потврдени од законот на стоковната размена. Меѓу еднакви права решава силата. И така во историјата на капиталистичкото производство нормирањето на работниот ден се претставува како борба за границите на работниот ден — борба меѓу целокупниот капиталист, т.е. класата капиталисти и целокупниот работник или работничката класа.

2. Незаситната глад за вишок на трудот. Фабрикант и болјар

Капиталот не го изнашол вишокот на трудот. Насекаде, каде што еден дел од општеството има монопол над средствата за производство, работникот, бил слободен или неслободен, мора да му придава на работното време, потребно за издршка на самиот него, вишок работно време, за да произведува средства за живот за сопствениците на средствата за производство,[41] па бил тој сопственик атински caloς cagaqoς [аристократ], етрурски теократ, civis romanus [римски граѓанин], нормански барон, американски сопственик на робови, влашки болјар, модерен велепоседник или капиталист.[42] При тоа е јасно дека, ако во една економска општествена формација не преовладува разменската вредност, туку употребната вредност на производот, вишокот на трудот е ограничен со потесен или поширок круг од потреби, но од самиот карактер на производството не произлегува никаква безгранична потреба за вишокот на трудот. Затоа прекумерниот труд во Стариот век се покажува ужасен каде што се работело за добивањето разменската вредност во нејзин самостоен паричен лик — во производството на злато и сребро. Насилственото работење, сѐ додека мрда работникот, овдека е официјална форма на претераниот труд. Само прочитајте го Диодора Сицилиски.[43] Сепак овие се само исклучоци во стариот свет. Но штом народите, чие производство сѐ уште се движи во пониските форми на робовскиот труд, на кулукот итн., ќе се вовлечат во светскиот пазар во кој владее капиталистичкиот начин на производство, кој ја прави продажбата на нивните производи во странство нивен претежен интерес, кон варварските ужаси на ропството, крепосништвото итн. се накалемуваат цивилизираните ужаси на претераниот труд. Затоа трудот на Негрите во јужните држави на американскиот сојуз зачува извесен патријархален карактер, сѐ додека производството беше управено главно за непосредно задоволување на сопствените потреби. Но колку повеќе извозот на памукот стануваше животен интерес на овие држави, толку и претераниот труд на Негрот, а овде-онде и потрошувањето на неговиот живот за седум години труд, стануваше фактор на пресметани и сметкарски системи. Повеќе не се работеше да се истрга од него извесна маса полезни производи. Сега се работеше за производство на самиот вишок на вредноста. Слично е и со кулукот, на пр. во Подунавските кнежевства.

Особен интерес претставува споредбата на ненаситната глад за вишок на труд во Подунавските кнежевства со истата ненаситна глад во англиските фабрики, бидејќи вишокот на трудот при кулучењето има самостојна, сетилно забележлива форма.

Да претпоставиме дека работниот ден се состои од 6 часа потребен труд и 6 часа вишок на труд. Во овој случај слободниот работник му доставува на капиталистот неделно 6 Х 6 или 36 часа вишок на трудот. Тоа е исто како кога би работел тој 3 дена во неделата за себеси, а 3 дена во неделата за капиталистот бесплатно. Туку ова не може да се види. Вишокот на трудот и потребниот труд се слеваат еден во друг. Поради тоа истиот однос можам на пр. да го изразам и вака: дека работникот во секоја минута 30 секунди работи за себеси, а 30 секунди за капиталистот итн. Инаку е со кулукот. Потребниот труд што го извршува на пр. влашкиот селанец за своето самоодржување, просторно е одвоен од неговиот вишок на трудот за болјарот. Едниот тој го врши на својата сопствена нива, другиот на господарскиот имот. Затоа обата дела од работното време суштествуваат самостојно еден крај друг. Во формата на кулукот вишокот на трудот точно е разделен од потребниот труд. Оваа различна пројавна форма очевидно ништо не изменува во квантитативниот однос меѓу вишокот на трудот и потребниот труд. Три дена вишок на трудот во неделата си остануваат три дена труд, што на самиот работник не му носат никаков еквивалент, па макар и да се вика тој кулук или наемен труд. Сепак кај капиталистот ненаситената глад за вишок на труд се појавува во стремеж кон безмерно продолжување на работниот ден, кај болјарот попросто во непосреден лов на дни за кулук.[44]

Кулукот во Дунавските кнежевства беше скопчан со натуралните ренти и со другите атрибути од крепосништвото, но тој го сочинуваше главниот данок за владеачката класа. Каде што е таков случајот, кулукот ретко произлегува од крепосништвото, повеќе обратно, крепосништвото произлегува од кулукот.[44а] Така беше во романските провинции. Нивниот првобитен начин на производство беше заснован врз заедничка сопственост, но не врз заедничката сопственост од словенска, а уште помалку од индиска форма. Еден дел од земјата обработуваа самостојно членовите на заедницата како слободна приватна сопственост, еден друг дел — ager publicus [општа земја] — ја обработуваа општо. Производите на овој заеднички труд служеа делум како резервен фонд за слаби жетви и други незгоди, делум како и државниот фонд за покривање на трошоците од војните, религијата и на други заеднички издатоци. Во текот на времето воените и црковните достоинственици ја узурпираа заедничката сопственост, а заедно со тоа и тегобите за неа. Трудот на слободните селани на нивната заедничка земја се претвори во кулук за крадците на заедничката земја. Едновремено со тоа се развија крепоснички односи, сепак само фактички, не законски, сѐ додека Русија, „ослободителката“ на светот, не ги озакони под изговор дека ги укинува. Кодексот за кулучкиот труд, што го прокламира рускиот генерал Киселов во 1831 г., беше издиктиран, природно, од самите болјари. Така Русија со еден удар ги освои магнатите на Дунавските кнежества и одобрувачкото плескање на либералните кретени од цела Европа.

Според „Règlement organique“,[3*] така се вика овој кодекс за кулучкиот труд, секој влашки селанин, освен една класа од детализирани натурални давачки, му должел на таканаречениот земјиштен сопственик: 1) дванаесет работни дена воопшто, 2) еден ден полска работа и 3) еден ден возење дрва. Сенасе, 14 дена во годината. Со длабоко познавање на политичката економија законодавецот сепак не го зеде работниот ден во неговата обична смисла, туку работен ден потребен за изработка на среден дневен производ, а дневниот среден производ така лукаво е определен, што никаков киклоп да не може со него да излезе на крај за 24 часа. По тоа самиот „Règlement“ со суви зборови на вистинската руска иронија објавува дека под 12 работни дена треба да се разбира производ на рачен труд од 36 дена, под еден ден полска работа од 3 дена, а под еден ден возење дрва — исто така три дена. Сѐ: 42 дена кулук. Но на ова одозгора му иде и таканаречената јобаџија, служења на кои има право господарот на земјата за вонредни нужди во производството. Секое село сразмерно на големината на неговото население има да достави секоја година определен контингент за јобаџија. Овој придаден кулук се цени за секој влашки селанец на 14 дена. Така пропишаниот кулук изнесува 56 работни дена годишно. Но земјоделската година во Влашко поради лошата клима има само 210 дена, од кои треба да се одбијат 40 дена на недели и празници, средно 30 дена за лошо време, вкупно 70 дена. Останува? 140 работни дена. Односот на кулукот спрема потребниот труд 56/84 или 66 2/3 проценти, изразува многу помала норма на вишокот на вредноста отколку што е таа што го определува трудот на англискиот земјоделец или фабричен работник. Сепак овој е самo законски пропишан кулук. А „Règlement organique“ умеел уште во „полиберален“ дух од општо-англиското фабрично законодавство да го олесни своето сопствено изигрување. Откако од 12 дена тој направи 54, тој номиналната дневна работа на секој еден од овие 54 дена кулук, така ја определил, што морало да остане некој придаток за доработување на следниот ден. На пр. за еден ден треба да се исплеви толкаво парче земја, што за оваа операција, особено при пченките, се сака двојно повеќе време. Законската дневна работа за поодделни земјоделски работи може така да се протолкува, што денот да започне во месец мај, а да заврши во месец октомври. Определбите за Молдавија се уште поостри.

„Дванаесет дена од 'Règlement organique'“, извикал некој болјар опиен од победа, „изнесуваат 365 дена во годината!“[45]

Ако „Règlement organique“ на Дунавските кнежевства е позитивен израз на ненаситната глад за вишок на трудот, што се озаконува со секој параграф, тогаш англиските Factory-Acts [фабрички закон] се негативни изрази на истата ненаситна глад. Овие закони го зауздуваат стремежот на капиталот кон безмерното исцицување на работната сила, со принудно ограничување на работниот ден од страна на државата, а притоа од страна на државата во која владеат капиталист и лендлорд. Без оглед на работничкото движење што секој ден сѐ поопасно се засилува, ограничувањето на фабричкиот труд беше продиктирано од онаа иста нужност, која наложи да се полеваат англиските полиња со гуан. Истата слепа жед за грабеж, која во едниот случај ја испосни земјата, во другиот случај од корен ја поткопа животната сила на нацијата. Периодичните епидемии говореа овде исто така јасно како што во Германија и Франција опаѓањето на војничката мера.[46]

Factory Act од 1850 г. што и сега (1867 г.) важи, дозволува среден неделен ден од 10 часа, имено во првите 5 дена од неделата 12 часа, од 6 часот наутро до 6 часот навечер, но од кои законски отпаѓа 1/2 час за појадок и 1 час за ручек, значи остануваат 10 1/2 работни часа, и 8 часа во сабота, од 6 часот наутро до 2 часот попладне, од кои отпаѓа 1/2 час за појадок. Остануваат 60 работни часа, по 10 1/2 за првите 5 дена во неделата, 7 1/2 часа за последниот ден од неделата.[47]

Поставени се особени чувари на законот, што му се директно потчинети на министерството за внатрешни работи, фабрички инспектори, а нивните извештаи парламентот ги објавува секоја половина година. Така тие доставуваат постојана и официјална статистика за ненаситната глад на капиталистите за вишок на трудот.

Да ги слушнеме за момент фабричките инспектори.[48]

„Лажливиот фабрикант ја почнува наутро работата четврт час пред 6 часот, напати нешто порано, напати нешто подоцна, а ја завршува, четврт час по 6 часот попладне, напати нешто порано, напати нешто подоцна. Tоj одзема по 5 минути од почетокот и од крајот од половината час што е номинално определен за појадок и откинува по 10 минути од почетокот и од крајот од едниот час определен за ручек. Во сабота работи четврт час, напати повеќе, напати помалку по 2 часот попладне. Така неговата добивка изнесува:

Пред 6 часот наутро15 минути.
По 6 часот попладне 15 "
Од времето за појадок 10 "
Од времето за ручек 20 "
60 минути.
Вкупно за 5 дена — 300 минути
Саботата пред 6 часот наутро 15 минути.
Од времето за појадок 10 "
По 2 часот попладне 15 "
40 минути.
Вкупна неделна печалба 340 минути.

Или 5 часа и 44 минути неделно, што помножено со 50 работни недели, одбитокот на 2 седмици за празниците или случајните запири, даваат 27 работни дена“.[49]

„Ако се продолжи работниот ден дневно по 5 минути над нормалното траење, тогаш тоа дава 2 1/2 работни дена во годината“.[50] „Еден придаден час дневно, добиен со тоа, што ќе се грабне де овде де анде по некое парченце време, ја прави годината од 12 месеци со 13.[51]

Кризите за време на кои се запира производството и кога се работи само „кратко време“, само по неколку дена во седмицата, природно дека ништо не изменуваат во стремежот кон продолжување на работниот ден. Колку помалку работа се врши, толку поголема треба да биде добивката од направената работа. Колку помалку време може да се работи, толку повеќе треба да се изработи вишок работно време. Така фабричките инспектори изнесуваат за периодот на кризата од 1857 до 1858 г.:

„Може да се смета за недоследност тоа што се врши каков било претеран труд по време кога трговијата толку лошо врви, но нејзината лоша состојба ги подбуцнува безобѕирните луѓе кон прекршоци на законот: така тие си осигуруваат за себеси екстра профит“ ... „Во исто време", вели Леонард Хорнep, „кога 122 фабрики во мојата околија (district) сосема се изоставени, 143 мирно стојат, а сите други работат кратко време, се продолжува со претераната работа над законски определеното време.“[52] „Иако", вели, г. Канел, „во најповеќето фабрики поради лошата состојба на работите се работи само половината време, добивам како и порано ист број жалби дека од работниците се краде (snatched) половина час, или час со скусување на времето што им е законски осигурено за обед и починка.“[53]

Истата појава се повторува во помала мера за време на страшната памучна криза од 1861 - 1865 г.“[54]

„Кога ќе ги завариме работниците на работа во време на часовите за обед или инаку во незаконито време нам ни се вели понекогаш за оправдание дека тие никако не сакаат да ја напуштат фабриката и дека мораат со сила да ги натераат да ја запрат работата (чистење на машините итн.), а особено во сабота попладне. Но ако остануваат 'рацете' во фабриката по стивнувањето на машинеријата, тоа станува само затоа што ним не им се дава никакво време да ги извршат тие работи во законски определените работни часови, меѓу 6 часот наутро и 6 часот навечер.“[55]

„Екстра-профитот што се прави со претераниот труд преку законското време претставува за многу фабриканти така големо искушение за да не можат да му се спротивставуваат. Тие се надеваат дека нема да бидат фатени и сметаат дека дури и да бидат откриени незначителноста на паричните казни и судските разноски сѐ уште ним ќе им осигураат биланс со печалба.“[56] „Таму каде што се добива придаден труд со помножување на ситни кражби (a multiplication of small thefts) што се вршат во текот на денот, пред инспекторите се испречуваат готово несовладливи тешкотии за да се изнајдат докази“.[57]

Овие „ситни кражби“ што ги врши капиталот од времето за обед и од времето за починка на работниците, фабричките инспектори ги обележуваат како petty pilferings of minutes, кражбица на минути,[58] snatching a few minutes откинување на минути,[59] или како што работниците тоа технички го викаат, „nibbling and cribbling at meal-times” [подјадување и поткусување на времето за јадење].[60]

Се гледа дека во оваа атмосфера создавањето на вишокот на вредноста преку вишокот на трудот не е никаква тајна.

„Ако ми дозволите вие“, ми рече еден многу уважен фабрикант „да натepaм да се работи преку време само 10 минути дневно, вие ми клавате во мојов џеб 1.000 ф. ст. годишно.[61] „Атомите на времето се елементи на печалбата.“[62]

Ништо не е покарактеристично во овој поглед одошто обележувањето на работникот што работи полно време, со „full-timers” [полнoвременци], а децата под 13 години што смеат да работат само 6 часа, како „half-timers“ [полувременци].[63] Работникот овде не е ништо друго освен олицетворено работно време. Сите индивидуални разлики се сведуваат на разликата меѓу „Vollzeitler“ и „Halfzeitler” [полновременик и полувременик].

3. Гранки на англиската индустрија што немаат законски граници на експлоатацијата

Досега ние го разгледуваме стремежот за продолжување на работниот ден, оваа вистински ненаситна волчка глад за вишок на трудот во таква област, каде што безмерните злоупотреби што не се надминати дури, како што вели еден англиски буржоаски економист, ни од грозотиите од страна на Шпанците против црвенокожците во Америка,[64] најпосле го ставија капиталот во прангите на законското ограничување. Да фрлиме сега поглед на неколку гранки од производството, во кои исцицувањето на работната сила денеска сѐ уште е неограничено или уште до вчера беше.

„Господин Бpajтон, мировен судија, изјави како претседател на еден митинг, одржан во градската сала во Нотингам на 14 јануари 1860 г. дека во оној дел од градското население што се занимава со фабрикација на тантели царува беда и страдање во таков степен, каков што другиот цивилизиран свет не познава... Децата од 9-10 год. ги измолкнуваат од нивните валкани постели во 2, 3, 4 часот наутро и ги присилуваат за одржување на голиот живот да работат до 10, 11, 12 часот ноќта, сѐ додека не им свенат рацете и нозете и додека телото не им се збрчка, додека цртите на лицата не им отапат и додека нивниот човечки изглед сосем не истине во скаменета неподвижност, да ти се грози само да ја погледнеш. Ние не се чудиме што господин Малет и други фабриканти истапија со протест против секакво расправање. Системот, како што го опиша пресветлиот г. Монтегју Вапси, е систем на неограничено ропство во социјален, физички, морален и интелектуален однос... Што може да се мисли за градот што одржува отворен митинг за да моли да се ограничи работното време за мажи на 18 часа дневно? ... Ние декламираме против виргинските и каролинските плантажери. Туку дали е трговијата со Негрите, со сите ужаси на камшикот и трговијата со човечко месо, поодвратна од ова бавно убивање на луѓе што се врши за да извлекуваат капиталистите печалби од фабрикацијата на превези и јаки?“[65]

Грнчарството (Pottery) во Стафордшир за последниве 22 години беше предмет на три парламентарни иследувања. Резултатите се изложени во извештајот на господин Скривин од 1841 до „Children’s Employment Commissioners”, во извештајот од д-р Гринхау од 1860 год., објавен по заповед на медицинскиот чиновник од Privy Council (од тајниот совет)[5*] (Public Health, 3rd Report I, 112-113), и конечно во извештајот на г. Лонџа од 1863 г. во „First Report of the Children’s Employment Commission” од 13 јуни 1863 г. За мојава задача достатно е да земам од извештаите од 1860 и 1863 г. неколку свидетелски искази на самите експлоатирани деца. По децата може да се суди и за возрасните, особено за девојките и жените, и тоа во една индустриска rранка, каде што предењето на памукот и слично изгледа сосем пријатна и здрава работа.[66]

Вилијам Вуд — деветгодишен „почнал да работи кога имал 7 години и 10 месеци“. Тој отпрво бил „ran moulds“ (ја носел готовата стока во калапот во сушилница и после го праќал назад празен калапот). Тој иде наутро во 6 часот секојден през неделата и престанува околу 9 часот навечер. „Јас работам до 9 часот навечер секој ден во неделата. Така беше на пр. во последниве 7-8 недели.“ Значи, петнаесетчасовен труд за седмогодишно дете! Џ. Муреј, дванаесетгодишно дете, рекло:

„I run moulds and turn jigger“ („јас носам калапи и го вртам тркалото“). „Идам во 6 часот, а некогаш во 4 часот наутро. Јас работев преку целата последна ноќ до 8 часот утрово. Со претпоследната ноќ не сум легнал в постела. Освен мене работеа во последнава цела ноќ 8 или 9 други деца. Со исклучок на едно дете, утрово пак сите дојдоа. Неделно добивам 3 ш. и 6 пенси. Ништо повеќе не добивам кога работам преку целата ноќ. Во последнава седмица работев две цели ноќи.“

Фернихау, десетгодишно дете:

„Јас немам секогаш цел час за ручање; често имам само половина час: секој четврток, петок и сабота.“[67]

Д-р Гринхау изјавува дека животот во грнчарските околии на Stoke-upon-Trent и Woolstanton трае извонредно кратко. Иако во околијата Stoke се на работа во грнчарниците само 30,6%, а во Woolstanton само 30,4% од машкото население над 20 години, сепак меѓу мажите од оваа категорија, во првата околија повеќе од половината, во втората околија околу 2/5 од смртните случаи од болести на градите паѓаат на грнчарите. Д-р Бутрају, лекар на практика во Хенли, изјавува:

„Секое следно поколение грнчари сѐ е поситно и послабо од претходното.“

Исто така еден друг лекар, г. Мак Бин:

„Откако ја зафатив мојата практика пред 25 години меѓу грнчарите, упадливото изродување на оваа класа се изразува во забрзаното намалување на ставата и тежината“.

Овие искажувања се земени од извештајот на д-р Гринхау од 1860 г.[68]

Од извештајот на комесарите од 1863 г. следново: Д-р Џ. Арчеџ, главен лекар на Болницата во North Staffordshire, вели:

„Како класа, грнчарите, мажите и жените, претставуваат население што се дегенерира во физички и морален поглед. Тие се редовно сниски, лошо сврзани и често со криво сраснати гради. Предвремено стареат и животот им е кус: флегматични се и слабокрвни; упорните напади на диспепсија, растројството во далакот, бубрезите и ревматизмот ја откриваат нивната лоша конституција. Но пред сѐ се подложни на градните болести: воспаление на белите дробови (офтиката), бронхит и астма. Една форма од последнава им е својствена само ним и е извесна под името грнчарска астма или грнчарска офтика. Шкрофулозата што ги напаѓа жлездите, коските или другите делови на телото е болест од која боледуваат повеќе од две третини од грнчарите. Што не е уште поголемо изродувањето (degenerescence) на населението од оваа околија, треба да се заблагодари само на регрутирањето работници од околните земјоделски околии и на браковите со поздрави раси.“

Г. Чарлс Пирсон, уште до пред некое време House Surgeon [домашен лекар] во истата болница му го пишува во писмо на комесарот Лонџо, меѓу другото и ова:

„Можам да зборувам само врз основа на личното набљудување, а не статистички, но јас не се откажувам да ве уверам дека мојот гнев се одново и одново зоврива при погледот на овие кутри деца, што нивното здравје се жртвува за да се задоволи лакомоста на нивните родители и на работодавците.“

Тој ги набројува причините за болестите на грнчарите и преминувајќи кон најглавните од нив завршува со: „Long Hours” („долгото работно време“). Извештајот на комисијата се надева дека:

„мануфактурата, што зазема така видно место во очите на светот, нема подолго да ја носи на себеси срамната дамка, и нејзиниот голем успех да биде придружуван од физичко одродување, од многубројни физички страдања и од предвремената смрт на работното население, со чиј труд и опит се постигнати толку големи резултати.“[69]

Ова што важи за грнчарството во Англија, важи и за грнчарството во Шкотска.[70]

Мануфактурата на кибритни чкорчиња датира од 1833 г., од пронајдакот да се клава фосфор на самото чкорче. Од 1845 г. таа брзо се развила во Англија а особено се раширила од густо населените делови на Лондон кон Манчестер, Бирминген, Ливерпул, Бристол, Норвич, Њукастел, Глазгов, а со неа се рашири и виличниот грч, кого еден лекар од Виена го откри уште во 1845 како особена болест на тие што работат кибритни чкорчиња. Половината од работниците се деца под 13 години и младинци под 18 години. Оваа мануфактура, поради својата нездравост и одвратност така е извикана, што само најпропаднатиот дел од работничката класа, полугладните вдовици итн. ги даваат за неа своите деца, „испарталени, полугладни, сосем запуштени и невоспитани деца.“[71] Од сведоците што ги преслушувал комесарот Уаит (1863 г.) 270 биле под 18 години, 50 под 10 години, 10 само на 8, а 5 само на 6 години. Работниот ден се движел од 12 до 14 и 15 часа, ноќен труд, нередовни обеди, најчесто во самите работни простории, затруени од фосфорот. Данте би нашол дека и најгрозните негови фантазии од пеколот се надминати во оваа мануфактура.

Во фабриките за тапети погрубите сорти се печатат со машини, а пофините со раце (block printing). Најживите работни месеци паѓаат меѓу почетокот на октомври и крајот на април. За време на овој период работата често скоро без прекинување трае од 6 часот наутро до 10 часот навечер и понатаму до длабока ноќ.

Џ. Лич искажува:

„Последната зима (1862) од 19 девојчиња отсуствуваа 6 поради болести добиени од претерана работа. За да ги додржам будни морам да им се развикувам“. В. Дјуфи: „Често децата не можат да отворат очи од премореност, а и ние сами тоа често одвај го можеме.“ Џ. Лујтборн: „Јас сум 13-годишен. Во минатата зима ние работевме до 9 часот навечер, а во поминатата до 10 часот. Во минатата зима јас плачев тукуречи секоја вечер од болки во нозеве што ми се разрануваа“. Џ. Епсден: „Кога ова мое детенце беше на 7 години, се свикнав да го носам на грб дотаму и назад по снегот, а тоа се свикна да работи по 16 часа... Често клекнував да го нахранам него, додека тоа стоеше крај машината, зашто не смееше ни да ја остави, ни да ја запре“. Смит што ги управувал работите на некоја манчестерска фабрика и нејзин компањон: „Ние (тој мисли за неговите „раце“ што работат за „нас“) работиме без запирање за обед, така што работниот ден од 10 1/2 часа завршува околу 4 1/2 часот попладне, а сето понатаму е прекувреме.[72] (Дали и овој господин Смит баш сосем ништо не каснува за 10 1/2 часа?). Ние (истиот тој Смит) ретко запираме пред 6 часот навечер (тој мисли за потрошувачката на „нашите живи машини-работни сили), така што ние iterum Crispinus [пак истиот Криспин][6*] вистински целата година работиме прекувремено... Децата и возрасните (152 деца и млади лица под 18 години и 140 возрасни) работеа рамномерно за време на последните 18 месеци средно најмалку по 7 дена и 5 часа во неделата, или 78 1/2 часа неделно. За 6 недели, завршени на 2 мај оваа година (1863) просекот беше повисок — 8 дена или 84 часа во неделата!“

Сепак тој истиот господин Смит, кој е занесен со pluralis maestatis [да говори за себеси со: ние, слично на некое величество], додава со насмевка: „Машинскиот труд е лесен“. А така, зборуваат применувачите на block printing [рачна печатница]: „Рачниот труд е поздрав од машинскиот труд“. Господа фабрикантите наполно се изјаснија со негодување против предлогот „да се запрат машините барем за време додека се јаде.“

Еве што вели г. Отли, директор на фабриката за тапети во Боро (во Лондон): „Законот што би ни дозволил работните часови да траат од 6 часот наутро до 9 часот навечер 6и бил така да се рече за нас (!) мошне за сакање, но часовите од Factory Act [фабричкиот закон], од 6 часот наутро да 6 часот навечер, нам (!) никако не ни годат... Нашите машини ги запираме во време на ручекот (каква великодушност!). Ова запирање на машините не причинува никаква значителна загуба во хартија и боја“. „Ама“, продолжува тој сочувствително, „можам да разберам дека никој не ја сака загубата сврзана со тоа“.

Извештајот на комисијата наивно мисли дека стравот на некои „раководни фирми“ да не изгубат време, т.е. време но кое се присвојува туѓ труд, а со тоа „да не го загубат и профитот“, не е „достатна причина“ да „останат без ручек“ децата под 13 години и младите лица под 18 години за време од 12-16 часа, или да не им се додаде храна за време на самиот процес на производството, како што на средствата на трудот им се додава само помошна материја, на парната машина ќумур и вода, на волната сапун, на колцето масло итн.[73]

Ни една индустриска гранка во Англија освен лебарската — (ние не ја имаме предвид машината за изработка на леб, која тукушто почна да си отвора пат) — не одржала до денеска така старовремски начин на производство, кој, како што се разбира според поетите од времето на римското царство, датира уште од пред христијанските времиња. Но капиталот, како што порано забележавме, отпрво е рамнодушен спрема техничкиот карактер на процесот на трудот што го овладува. Отпрво тој него го зема таков каков што го заварува.

Неверојатното фалсифицирање на лебот, особено во Лондон, прво е откриено од страна на комитетот на Долниот дом „за фалсифицирање на средствата за исхрана“ (1855-56) и во списот на Dr. Наѕѕаlѕ: „Adulterations detected.“[74] Поради овие раскривања дојде законот од 6 август 1860: „for preventing the adulteration of articles of food and drink“ [за спречување на шпекулацијата со храната и пијалаците], еден бездејствен закон, бидејќи тој, сосем природно, ја запази највисоката деликатност спроти секој фритридер [приврзаник на слободната трговија], што се зафатил со продажба и купувачка на фалсификувани стоки за „to turn an honest penny“ [лесно да заработат некоја паричка].[75] Самиот комитет ги формулира своите убедувања криво-лево наивно, оти слободната трговија всушност значи трговија со фалсифицирани, или, како што Англичаните духовито го викаат тоа, со „софистицирани материи“. Вистина, овој вид „софистика“, се разбира може подобро од Протагора да направи од црното бело и од белото црно, и подобро од Елеатите[7*] ad oculos [на очи] да докаже како сѐ што е реално е само гола привидност.[76]

Во секој случај овој комитет го обрна вниманието на публиката кон нејзиниот „леб насушен“, а со тоа и кон лебопекарниците. Едновремено се разгласи на отворените митинзи и во петициите до парламентот викот на лондонските лебарски калфи за прекумерниот труд итн. Викот беше толку силен, што г. Х. С. Тременхир, исто така член на многуспоменуваната комисија од 1863 г., беше поставен за кралски иследен комесар. Неговиот извештај[77] заедно со исказите на сведоците ја возбуди публиката, не нејзиното срце, туку нејзиниот стомак. Вистина, силниот во Библијата Англичанец знае, дека човекот, ако не е предопределен со милоста божја за капиталист, лендлорд или синекурист, мора да го јаде својот леб во потта на своето лице, но тој не знаеше дека во својот леб мора секојден да јаде извесно количество човечка пот замесена со гној од чиреви, пајажина, со пцовисани лебарки и со гнил германски квас, а да не зборуваме за стипцата, песокта и другите не помалку пријатни минерални примеси. Затоа без секаков обѕир на Нејзината Светлост, „Freetrade“ [слободната трговија], дотогаш „слободното“ лебарско производство, дојде под надзор на државните инспектори (при крајот на парламентарната сесија, 1873 г.) и со истиот акт од парламентот се забрани работењето од 9 часот навечер до 5 часот наутро за лебарските калфи под 18 години. Последнава клаузула говори повеќе одошто дебели книги за претераниот труд во оваа бранша, која толку потсетува на патријархалност.

„Работата на лондонскиот лебарски калфа почнува редовно околу 11 часот ноќта. Во овој час тој го замесува тестото, многу мачен процес што трае 1/2 до 3/4 час, веќе според големината и финоста на месеното. После легнува на штицата за месење, што едновремено служи како капак за ноќвите и преспива неколку часа со една брашнена вреќа под глава, а со една друга преку тело. После почнува брза и непрекината работа од 4 часа: месење тесто, мерење, давање форми, фрлање во фурна, вадење од фурна итн. Температурата во фурните е 75 до 90 степени [Фаренхајтови или 24-32 Целзиусови], а во малите лебарници ќе е повисока отколку пониска. Кога ќе се сврши изработката на лебот, векните итн., започнува распределувањето на лебот; и еден значаен дел од надничарите, откога ќе го извршат опишаниот тежок ноќен труд, го носат преку дента лебот во кошници или го туркаат на колички од куќа до куќа, и на тоа одозгора по некојпат работат и во фурните. Според годишното време и размерот на претпријатието работата завршува меѓу 1 и 6 часот попладне, додека другиот дел калфи работи во лебарниците до доцна ноќта“.[78] За време на лондонската сезона, калфите што печат леб по „полна“ цена во Вестенд, ја почнуваат работата редовно околу 11 часот ноќта и се зафатени со печењето на лебот до 8 часот во другото утро, со еден или два, често сосем кратки прекини. Тогаш го разнесуваат лебот на сите страни до 4, 5, 6 па дури и до 7 часот, или понекогаш печат бисквити во лебарниците. По завршената работа имаат на располагање за спиење 6, често само 5 и 4 часа. Во петок работата секогаш почнува порано, да речеме во 10 часот вечерта и трае без прекин, било да се изработува лебот, било да се разнесува, до 8 часот вечерта во саботата, а најчесто до 4 или 5 часот во утрото од неделата. Дури и во првокласните лебарници, што го продаваат лебот по „полни цени“, мораат во недела да работат по 4 до 5 часа подготвителна работа за следниот ден... Помошниците од „underselling masters“ (лебари што го продаваат лебот под полната цена), а овие се, како што спомнавме порано, 3/4 од лондонските лебари, имаат уште подолго работно време, но нивната работа е ограничена скоро само во лебарницата, зашто нивните мајстори, освен лиферациите на ситните бакали, продаваат само во својот дуќан. Кон крајот на неделата, т.е. во четвртокот, кај нив почнува работата околу 10 часот ноќта и трае само со мали запири доцна ноќта во саботата.[79]

Што се однесува до „underselling masters“, тоа се признава дури од буржоаска гледна точка дека „неплатениот труд на помошницитe“ (the unpaid labour of the men) ja сочинува основата на нивната конкуренција.“[80] „Full-priced baker“ [лебар што продава леб по полна цена] ги разобличува своите „underselling“ [што продава под полна цена] конкуренти пред иследната комисија како крадци на туѓиот труд и фалсификатори.

„Тие се одржуваат со тоа што ја мамат публиката и со тоа што извлекуваат од своите помошници 18 часови труд за наемнина од 12 часа“.[81]

Фалсифицирањето на лебот и образувањето на класа лебари, што го продаваат лебот под полната цена, почна да се развива во Англија од почетокот на 18 век, штом го загуби овој занает еснафскиот карактер и штом зад номиналниот лебарски мајстор застана капиталистот во ликот на мелничар или на брашнарски трговец.[82] Cо тоа се удри основата на капиталистичкото производство, на безмерното продолжување на работниот ден и ноќниот труд, иако последниот во Лондон фати сериозен корен дури во 1824 г.[83]

Од сево што го изнесовме се разбира зошто извештајот на комисијата ги смета лебарските работници за кратковечни работници, кои откако среќно го одбегнале нормалното десеткување на децата од сите делови на работничката класа, ретко исчекуваат век од 42 години. Па сепак лебарските претпријатија секогаш се преполнети со кандидати. Изворите од кои течат овие „работни сили“ на Лондон се Шкотска, западните земјоделски области на Англија и Германија.

Од 1858 до 1860 лебарските помошници во Ирска организираа на свој трошок големи митинзи за агитација против ноќниот и неделниот труд. Публиката на пр. на мајскиот митинг во Даблин во 1860 застана на нивна страна со својата ирска топлина. Поради ова движење вистински и успешно е заведен исклучиво дневен труд во Вексфорд, Килкен, Клонмел, Ватерфорд итн.

„Во Лимерик, каде што маките на лебарските помошници, како што се знае, ја надминаа секоја мера, движењето пропадна поради отпорот на лебарските мајстори, особено на лебарските мелничари. Примерот на Лимерик доведе до движење назад во Енис и Типерарија. Во Корк, каде што општественото незадоволство се покажа во најжива форма, мајсторите го разбија движењето употребувајќи ја својата сила да ги исфрлат помошниците нa улица. Во Даблин мајсторите покажаа најрешителен отпор и со прогонувањето на помошниците што стоеја на чело на агитацијата ги присилија другите да отстапат и да се приклонат на ноќниот и неделниот труд.“[84]

Комисијата на англиската влада во Ирска, вооружена до заби, се однесла до неумоливите лебарски мајстори од Даблин, Лимерик, Корк итн. со молбени приговори:

„Комитетот мисли дека работните часови се ограничени со природните закони, кои не можат да се кршат неказнето. Со застрашување дека ќе ги истераат, тие ги присилуваат работниците да ги кршат своите религиозни убедувања, на непослушност спрема земските закони и на презир спрема општественото мнение“ (сево ова се однесува на неделниот труд), „мајсторите внесуваат закрвеност меѓу капиталот и трудот и даваат пример опасен за религијата, моралноста и општествениот поредок... Комитетот мисли дека продолжувањето на работниот ден над 12 часа узурпаторски го засегнува домашниот и приватниот живот на работникот, бидејќи мешањето во домашниот живот на некој човек и во исполнувањето на неговите фамилијарни должности како син, брат, сопруг и татко води кон гибелни резултати за моралот. Трудот над 12 часа има тенденција да го поткопа здравјето на работникот, води кон предвремено остарување и прерана смрт, а со тоа кон несреќа за работничката фамилија, од која се грабнува („are deprived“) токму во најнужниот момент грижата и поткрепата на главата на фамилијата“.[85]

Тоа се однесуваше за Ирска. На другата страна од каналот, во Шкотска, земјоделскиот работник, човекот од плугот, огорчено покажува на својот 13 до 14-часовен труд под најсурова клима со четиричасовен придаден труд во неделата (во оваа земја на светците саботјани),[86] додека едновремено пред еден лондонски Grand Jury[8*] стојат три железничарски работници, кондуктер, машиновозач и сигналист. Една голема железничка катастрофа испрати на оној свет стотици патници. Причината за катастрофата била невнимателноста на железничките работници. Тие едногласно објаснија пред клетвените судии дека пред 10 до 12 години нивниот труд траел само 8 часа дневно. Но за последниве 5 години тој е дотеран на 14, 18 и 20 часа, а при особено големата турканица на патници, како во периодот на екскурзиските возови, често тој трае 40-50 часа без прекин. Тие биле обични луѓе, а не киклопи. На извесна точка нивната работна сила откажува. Ги обзема премора. Нивниот мозок престанува да мисли, а очите престануваат да гледаат. Сосем „respectable British Juryman“ [Британски клетвен судија достоен за висока чест] им одговори со пресуда, предавајќи ги на понатамошен суд за „manslaughter“ [убиство], а во благонаклоното дополнение изразува скромна желба ако можат господата капиталисти, железничките магнати во иднина да бидат поштедри во купувањето на потребниот број „работни сили“ и „повоздржани“ или „понесебични“ или „поштедливи“, во исцицувањето на платената работна сила.[87]

Од шарениот куп работници од сите професии, возрасти и полови кои се туркаат околу нас понастојчиво одошто душите на истепаните околу Одисеј, и на кои на прв поглед се забележува претеран труд, иако не носат под рака Сина книга, ќе земеме ние уште две фигури, модистката и ковачот, што нивниот остар контраст докажува дека пред капиталот сите луѓе се еднакви.

Во последната недела на јуни 1863 сите лондонски дневни весници донесоа белешка со „sensational” заглавие: „Death from simple Overwork“ (умрела просто од претерана работа). Се работи за смртта на дваесетгодишната модистка Мари Ане Волкли, на работа во една сосем респектабилна дворска помодна мануфактура, што била експлоатирана од една дама со мило име Елиза. Старата, толку пати прикажана историја, сега наивно се разоткри:[88] Овие девојки средно работеле по 16 1/2 часа, но за време на сезоната работеле често и по 30 часа без прекин, при што нивната „работна сила“ што ги оставала била одржувана со тоа што одвреме навреме им е давано шери, порто-вино и кафе. А тоа беше во најсилната сезона. Додека да се свртиш требало да се изработат гала тоалети на благородните леди за балот кај штотуку доведената принцеза од Велс. Мари Ане Волкли работела заедно со други 60 девојки 26 1/2 часа без престанување, по 30 во една соба, во која одвај имало само 1/3 од потребната кубатура воздyx; а пак ноќе спиеле две по две во една постела во оние задушливи дупки што се одделени една од друга со преграда од штица.[89] И тоа беше една од добрите помодни работилници во Лондон. Мари Ане Волкли се разболела во петокот, а умрела во неделата, без дури да се потруди, за големо чудо на г-ѓа Елиза, да го заврши последното парче тоалета. Подоцна повиканиот пред смртната постела лекар г. Кеиз посведочи пред „Coroner's Jury“ [суд за преглед на мртвите] со овие зборови:

„Мари Ана Волкли умре поради долго работно време во преполнета работилница, и претесна, слабо вентилирана соба за спиење“.

За да му даде на лекарот лекција за добри обноски, „Coroner'ѕ Jury“, спротивно на тоа објави:

„Покојната умре од апоплексија, но има основа да се сомнева дека нејзината смрт е забрзана поради претераната работа, во преполна работилница итн.“

Нашите „бели робови“, се провикна „Morning Star“, органот на приврзаниците на слободната трговија Кобден и Брајт, „нашите бели робови се изработуваат до гроб, и се распаѓаат и умираат без врева и шум.“[90]

„Работење до смрт не е на дневен ред само во помодните работилници, туку и на илјадници места, како и на секое места каде што работите добро врват ... Допуштете ни да го земеме за пример ковачот. Ако смееме да им поверуваме на поетите, тогаш нема од ковачот посилен, поживотно радосен и повесел човек. Тој станува рано и распрснува искри уште пред сонце; тој јаде и пие и спие како ниеден друг човек. Гледано од чисто физичка гледна точка, вистина тој се најдува, при умерена работа, во една од најдобрите положби на човекот. Но да појдеме по него в град и да го погледаме товарот од труд навален на овој снажен човек, и да погледнеме кое место го зема во книгата на умрените во нашата земја: во Мерилебон (еден од најголемите градски квартови на Лондон) годишно умираат 31 ковач на 1.000, или за 11 повеќе од средната смртност на возрасните луѓе во Англија. Ова занимање, така да се рече инстинктивна уметност на човештвото, по себе и за себе беспрекорно, станува само поради прекусилната работа разорувач на човекот. Тој може толку и толку пати дневно да удри со чеканот, да направи толку и толку чекори, да здивне толку и толку пати воздух, да изработи толку и толку, и средно да живее 56 години. Но него го тераат да удира на ден многу повеќе удари, да направи многу повеќе чекори, многу почесто да дише, и со еден збор да издава дневно сѐ заедно една четвртина повеќе животна сила. Тој прави таков обид и резултатот е дека тој за еден ограничен период изработува една четвртина повеќе, а пак умира во 37-та година место во 50-та година“.[91]

4. Дневен и ноќен труд. Системот на смената

Постојаниот капитал, средствата за производство, гледани од гледиштето на процесот на оплодувањето на вредноста, се само затоа за да исцицуваат труд, а со секоја капка труд и пропорционално количество вишок на трудот. До колку тие не го прават тоа, нивната гола егзистенција сочинува негативна загуба за капиталистот, зашто за времето додека тие лежат неисползувани, претставуваат бесполезно авансиран капитал, а оваа загуба ќе стане позитивна штом прекинот има нужда од додатни издатоци за повторно почнување на производството. Продолжувањето на работниот ден преку границите на природниот ден до во ноќта дејствува само како палијатив, само донекаде ја гаси вампирската жедност за живата крв на трудот. Затоа присвојувањето на трудот за сите 24 часа е иманентен стремеж на капиталистичкото производство. Но бидејќи е физички невозможно да се исцицуваат истите работни сили без запир преку целиот ден и ноќ, тогаш е нужно, за да се отстрани оваа физичка пречка, да се изменуваат работните сили истрошени дента и ноќта, смена што допушта различни методи, на пр. да биде така наредена, што едниот дел од работниот персонал едната недела да биде на дневна работа, а другата недела на ноќна работа итн. Се знае дека овој систем на смена, ова стопанисување на смени, преовладуваше во периодот на полниот расцвет на младата англиска памучна индустрија итн., а сега цвета меѓу другите во памучните предилници во Московската губернија. Овој 24-часовен производствен процес суштествува како систем денеска во многу досега „слободни“ индустриски гранки во Велика Британија, меѓу другите во високите печки, во ковачниците, во заводите за валање железо, и во други металски фабрики во Англија, Велс и Шкотска. Процесот на трудот овдека зафаќа 24 часа, не само во шесте работни дена, туку во најголем дел и 24 часа од неделата. Работниците се состојат од мажи и жени, од возрасни и деца од обата пола. Возраста на децата и младите лица се движи од 8 (во некои случаи од 6) до 18 години.[92] Во некои гранки работат девојки и жени ноќе заедно со машкиот персонал.[93]

Да не зборуваме за општите пакосни последици од ноќниот труд,[94] дваесетчетиричасовното непрекинато траење на процесот на производството дава погоден случај да се пречекорат границите на номиналниот работен ден. На пр. во гореспоменатите индустриски гранки, каде што е работата прекумерно тешка официјалниот работен ден во повеќето случаи изнесува за секој работник 12 часа дневен или ноќен труд. Туку надработувањето преку оваа граница во многу случаи е, да се послужиме со зборовите на официјалниот англиски извештај, „вистински ужасно“ (truly fearful).[95]

„Никаков човечки ум” — се вели таму — „не може да ја замисли масата на трудот, што, според искажувањата на сведоците, ја извршуваат деца од 9 до 12 години, без да дојде неизбежно до заклучок дека таква злоупотреба на сила од страна на родителите и работодавците понатака не смее да се трпи.“[96]

„Методот што воопшто допушта децата да работат наизменична де дење де ноќе, води кон бесрамно продолжување на работниот ден како во време на оживнатите работи, така и во време на редовниот тек на работите. Ова продолжување во многу случаи е не само грозно, туку дури и неверојатно. Поради една или друга причина се случува одвреме навреме да не дојде некое момче што треба да замени друго. Тогаш едно или повеќе од присутните деца, што веќе го свршиле својот работен ден, мораат да го заменат недојденото. Овој систем е така општо познат, што директорот на еден завод за валање, на моето прашање како се исполнуваат местата на отсутните деца одговори: „Добро знам дека тоа и вие исто добро го знаете како и јас, и без да се стега го призна фактот.“[97]

„Во еден завод за валање, каде што номиналниот ден трае од 6 часот наутро до 5 1/2 часот навечер, работело некое дете по 4 ноќи во секоја недела најмалку до 8 1/2 часот вечерта другиот ден... и тоа цели 6 месеци.“ „Некое друго 9-годишно работело напати три дванаесетчасовни работни смени едноподруго, а кога станала 10-годишно, работело два дни и две ноќи едноподруго.“ Трето, сега на 10 години, работело од 6 часот наутро до 12 часот ноќта три ноќи со ред, а во другите ноќи до 9 часот вечерта.“ „Четврто, сега 13-годишно, работело од 6 часот попладне до 12 часот напладне другиот ден за време цела недела, а напати три смени едноподруго, на пр. од понеделникот наутро до вторникот ноќта.“ „Петто, сега на 12 години, работело во некоја ливница на железо во Стевли од 6 часот наутро до 12 часот ноќта, за време од 14 дена и неспособно е да го прави тоа понатака.“ „Деветгодишниот Џорџ Олинсворт: „Овдека дојдов во минатиот петок. Следниот ден ние почнавме во 3 часот наутро. Затоа останав овде целата ноќ. Живеам 5 милји далеку одовде. Спијам наземи на кожна фута, а се покривам со едно мало палтенце. Другите два дена бев овде во 6 часот наутро. Да. Овде е жешко место. Пред да дојдам овде, работев цела година на висока печка. Тој беше мошне голем завод на село. Во сабота исто почнував во 3 часот наутро, но барем можев дома да си одам на спиење, зашто беше близу. Во другите дни почнував во 6 часот наутро и свршував во 6 или 7 часот навечер,“ итн.[98]

Да слушнеме сега како го разбира самиот капитал дваесетичетиричасовниот систем. Природно тој применува молчејќи преку претерувањата во системот, преку злоупотребите што водат кон „грозно и неверојатно“ продолжување на работниот ден. Тој говори само за системот во неговата „нормална“ форма.

Еве што велат г. г. Нејлор и Викерс, фабриканти на челик, што имаат на работа меѓу 600 и 700 лица, а од тоа само 10% под 18 години, а пак од овие само 20 деца се ноќен персонал:

„Децата сосем не страдаат од жештина. Температурата веројатно е 86-90° [Фаренхајтови. 30-32 Целзиусови степени.] ... Во ковачниците и работилниците за валање рацете работат ден и ноќ на смена, но, напротив, сите други работи се вршат дневно, од 6 часот наутро до 6 часот навечер. Во ковачницата се работи од 12 часот до 12 часот. Некои раце работат секогаш ноќе без да дојдат во дневната смена. Ние не најдуваме дека дневниот или ноќниот труд вршат некакво различно влијание врз здравјето (на од г.г. Нејлор и Викерс?), а веројатно е дека луѓето подобро спијат кога имаат за починка едно исто време, отколку ако го сменуваат ... Приближно дваесет деца под 18 години работат во ноќната смена. Ние не би можеле да излеземе на крај (not well do) без ноќниот труд на децата под 18 години. Нашиот приговор е зголемувањето на трошоците на производството. Опитни раце и раководители на одделенија тешко се најдуваат, но деца можат да се добијат, колку да сакаш. Природно, со оглед на малата сразмера на децата што се кај нас на работа, „ограничувањето на ноќниот труд не би имало за нас поголема важност или интерес.“[99]

Г. Џ. Елис, од фирмата на г. г. Џон Браун и Комп., фабрика за челик и железо, каде што работат „ден и ноќ на смена“ 3.000 мажи и младинци, и тоа еден дел на тешката работа на челик и железо, изјавува дека на тешката работа во челичарниците иде едно или две деца на двајца мажи. Во нивното претпријатие има 500 деца под 18 години, а од тоа околу 1/3 или 170 под 13 години. Во однос на предложената законска измена г. Елис мисли:

„Јас не мислам дека би било сосем за покуда (very objectionable), да не им се допушти на никакви лица под 13 години да работат над 12 часа во 24-те. Но јас не мислам, дека е потребно какво-годе ограничување на ноќниот труд за децата над 12 години. Ние дури побргу би сме примиле некој закон според кој децата под 13, па дури и под 14 години, воопшто да не можат да се земаат на работа, отколку таков, што би забранувал да ги употребуваме преку ноќта децата што веќе ги имаме. Децата што работат во дневната смена, мораат наизменично да работат и во ноќната смена, бидејќи луѓето не можат да вршат без прекин ноќен труд; тоа би го упропастило нивното здравје. Сепак ние мислиме дека ноќниот труд, ако се врши секоја втора недела, не прави пакост.“

(Г. г. Нејлор и Викерс напротив мислат, во согласност со интересите на нивното претпријатие, дека не постојаниот, но баш ноќниот труд што се сменува периодично може да пакости).

„Ние најдуваме цека луѓето што наизменично вршат ноќен труд се исто толку здрави како тие што работат само дење. Против забраната на ноќниот труд за децата под 18 години ние даваме приговор поради зголемувањето на трошоците, на тоа е и единствена причина. (Каква цинична наивност?) Мислиме дека ова зголемување би било поголемо, отколку што би можело претпријатието (the trade) да издржи, со нужниот обѕир за да се води тоа успешно (As the trade with due regard to its being successfully carried out, could fairly bear!),“ (Каква запурничава фразеологија!) Трудот е овдека редок и поради вакво регулирање би можел да стане недостатен,“ (т.е. Елис, Браун и комп. би можеле да дојдат во фатална незгода, да мораат да ја плаќаат полната вредност на работната сила.)[100]

„Киклоп, фабрика за челик и железо“ на г. г. Кемел и Комп. се вади на исто така висок степен како и штотуку споменатата фабрика, на Џон Браун и Комп. Работоводниот директор му предал на комесарот на владата Хвајт свидетелски исказ, но тој подоцна, кога му бил даден ракописот пак назад за преглед, нашол за згодно да го скрие. Сепак г. Хвајт многу добро се сеќава дека за овие г. г. Киклопови забраната на ноќниот труд за децата и младите лица е „нешто неможно“; тоа би било исто „како што и да се запре нивното претпријатие“, а сепак нивното претпријатие има одвај нешто повеќе од 6% деца под 18 години и само 1% под 13 години?[101]

За истиот предмет се искажал г. Е.Ф. Сендерсон од фирмата браќа Сендерсон и Комп., заводи за ковање и валање челик во Атерклиф:

„Големи тешкотии би произлегле од забраната на ноќниот труд за децата под 18 години; главна тешкотија би била во зголемувањето на трошоците, што нужно би го повлекло за себеси заменувањето на детскиот труд со труд на возрасни. Колку би изнесувало тоа јас не можам да кажам, но веројатно не би било толку многу, што да може фабрикантот да ја покачи цената на челикот, и следствено, загубата би паднала на него, бидејќи мажите (каков тврдоглав свет) природно би се откажале да ја сносат.“

Г. Сендерсон не знае колку ги плаќа децата, но

„тоа можеби изнесува 4 до 5 шилинзи неделно на глава ... Трудот на децата е од таков вид, за што воопшто („generally“ се разбира не секогаш „во посебен случај“) силата од децата е токму доволна, и следствено нема да преостане никаква печалба од поголемата сила на мажите, за да ја надомести загубата, или тоа би се сторило само во малку случаи, каде што се работи со сосем тешки метали. И мажите по не би сакале да немаат меѓу себеси деца, бидејќи мажите по не се послушни. Освен тоа децата мораат рано да почнат за да ја научат работата. Со ограничувањето на децата само на дневен труд оваа цел не би се исполнила.“

А зашто не? Зошто децата не можат да го учат нивниот занает дење? Вашата причина?

„Бидејќи со тоа мажите што работат наизменично една недела дење, а друга ноќе, би биле одделени од децата во нивната смена за исто време и така би се изгубил половината профит, што би можеле да го извлечат од нив. Имено, упатствата што им ги даваат тие на децата, им се сметаат на овие деца како дел од наемнината и со тоа на мажите им се дава можност да дојдат да евтин детски труд. Секој маж би ја изгубил половината од својот профит.“

Со други зборови, г.г. Сендерсонови би морале еден дел од наемнината на возрасните мажи да платат од својот сопствен џеб место со ноќниот труд од децата. Профитот на г.г. Сендерсонови при овој случај нешто ќе спадне, и токму тоа е Сендерсоновата причина, зошто децата не можат да го учат својот занает дење.[102] Освен тоа, ова би го натоварило регуларниот ноќен труд на грбот на мажите, кои ги сменуваа сега децата, и тие тоа не би можеле да го издржат. Кратко ем јасно, тешкотиите би биле толку големи, што веројатно би дотерале до целосно укинување на ноќниот труд. „Што се однесува до самото производство на челикот“, вели Е.Ф. Сендерсон, „тоа не би направило никаква разлика, ама!“ Ама г. г. Сендерсонови имаат поважна работа отколку да прават челик. Правењето челик е само изговор за правење вишоци. Печките за топење, заводите за валање итн., зградите, машинериiата, железото, ќумурот итн. имаат да прават нешто поважно одошто само да се претвораат во челик. Тие се тука затоа да исцицуваат вишок на трудот, а само по себе се знае, за 24 часа ќе исцицаат повеќе отколку за 12 часа. Вистина, како што рекол господ и по правина, тие им даваат на Сендерсонови право на работното време на извесен број раце за полни 24 часа од денот, а го губат својот карактер на капитал, та според тоа се чиста загуба за Сендерсонови, штом ќе се прекине нивната функција на исцицување на трудот.

„Но тогаш би имало загуба на толку скапоцената машинерија, која пoловината време би лежела неисползувана, а тогаш ние би морале да ги вудвоиме просториите и машините за да изработиме таква маса производи, за каква сме ние способни да ја изработиме неа при сегашниов систем, а тоа би ги вудвоило и трошоците“.

Но зошто токму овие Сендерсонови бараат привилегија пред другите капиталисти, кои смеат да работат само дење та затоа нивните згради, машинерии, суровини ноќно време им лежат „неисползувани“?

„Вистина е“, одговара Е. Ф. Сендерсон, од името на сите Сендерсонови, „вистина е дека оваа загуба од машинериите што лежат неисползувани ги удира сите мануфактури што работат само дење. Но употребата на печките за топење во нашиов случај ќе причини екстра-загуба. Кога би ги држеле под оган, би го упропастувале горивниот материјал (место што го упропастуваме сега живиот материјал на работникот), а ако не ги држиме под оган, тогаш би имале загуба во времето поради повторното ложење и во добивањето на нужниот степен топлина (додека загубата во времето за спиење, па дури и од самите осумгодишни деца е печалба на работно време за Сендерсоновиот сој), а и самите печки би страдале поради измените на температурата“ (додека сепак истиве печки не страдаат од измената на дневниот и ноќниот труд).[103]

5. Борбата за нормален работен ден.
Присилни закони за продолжување на работниот ден од средината на 14 до крајот на 17 век

Што е тоа работен ден? Колку е големо времето за кое капиталот смее да ја троши работната сила чија дневна вредност тој ја плати? До каде може да се продолжи работниот ден преку работното време потребно за препроизводството на работната сила? На овие прашања, како што видовме, капиталот одговара: работниот ден има 24 часа дневно, со одбиток на неколку часа за починка, без кои работната сила би се покажала апсолутна неспособна за нејзината поновна служба. Пред сѐ, само од себе се разбира, дека работникот во целиот негов живот не е ништо друго освен работна сила, дека според тоа целото негово расположиво време од природа и по право е работна време, значи му припаѓа на самооплодувањето на капиталот. Времето потребно човекот да се изгради, духовно да се развие, да ги исполнува општествените функции, општествените обноски, слободните игри на физичките и духовните животни сили, дури и самото празнување на неделата — па дури и во земјата на набожните саботјани[104] — сето тоа е само трици. Туку во својот безмерен слеп стремеж, во својата ненаситна вампирска глад за вишок на трудот, капиталот ги прегазува не само моралните туку и чисто физичките максимални граници на работниот ден. Тој го узурпира времето за растење, за развивање на телото и неговото одржување во здравје. Тој го краде времето потребно за ползување чист воздух и сончева светлина. Тој потскинува од времето за обед и до колку се може, го приврзува кон самиот процес на производството, така што на работникот да му се дава храна како на просто средство за производство, како што му се дава на парниот котел ќумур, а на машинеријата лој или масло. Здравиот сон за собирање, обновување и освежување на животните сили тој го сведува на толку часа замреност, колку што е неопходно за повторно оживување на апсолутно исцрпениот организам. Место нормалното одржување на работната сила да ги определи овде границите на работниот ден, обратното, најголемото можно дневно издавање на работната сила, па како и да било тоа болно, насилствено и мачно, ја определува границата на починката на работникот. Капиталот не праша за должината на животот на работната сила. Тоа што го интересира него е единствено и самo максимумот на работна сила, што може да се пушти во движење за еден работен ден. Тој ја постигнува оваа цел со скусувањето на векот на работната сила, како што некој лаком земјоделец постигнува повисок принос од земјата со тоа што ја ограбува плодноста на земјата.

Капиталистичкото производство, што по својата сушност е производство на вишок на вредноста, смукање вишок на трудот, со продолжувањето на работниот ден значи не произведува само спеченост на човечката работна сила, од која ги краде нејзините нормални морални и физички услови за развиток и одржување. Тоа произведува предвремена исцрпеност и сотирање на самата работна сила.[105] Тоа го продолжува времето на производството на работникот за даден рок со скусување на неговото време за живот.

Но вредноста на работната сила ја вклучува во себеси вредноста на стоките, потребни за препроизводство на работникот или за размножување на работничката класа. Значи кога капиталот во својот безмерен стремеж за самооплодување неминовно оди кон противприродното продолжување на работниот ден, тој со тоа го скусува животниот период на одделните работници, а со тоа и векот на нивната работна сила та затоа станува нужно побрзо надоместување на истрошената работна сила, значи влегуваат поголеми трошоци за препроизводството на работната сила, токму онака како што делот од вредноста на некоја машина што треба секој ден да се препроизведува е толку поголем, колку што се троши таа побргу. Затоа изгледа дека сопствениот интерес на капиталот го тера него кон нормален работен ден.

Сопственикот на робовите го купува својот работник, како што го купува коњот. Со загубата на робот го губи тој капиталот, што мора да се надомести со нов издаток на пазарот на робовите. Но:

„оризиштата на Георгија и блатиштата на Мисисипи можат да дејствуваат фатално и разорно на човечкиот организам; сепак ова запустување на човечките животи не е толку големо, што да не би можело да се надополни од изобилните расадници на Вирџинија и Кентаки. Економските обѕири што би можеле да дадат некој вид гаранција за човечко однесување спрема робовите, до колку интересите на господарот се идентични со одржувањето на робовите, по воведувањето на трговијата со робови се претвораат напротив во причини за крајно упропастување на робот, оти штом може да се пополни неговото место со довоз од туѓинските трла на Негри, траењето на неговиот живот станува помалку важно отколку неговата производност додека живее. Затоа правилото на робовската економија во земјите што увезуваат робови е дека вистинската економија се состои во тоа да се исцеди од човечкиот добиток (human chattle) колку што се може поголема маса труд за колку што се може покусо време. Токму во тропските култури, каде што годишните профити често се еднакви на целокупниот капитал на плантажата, животот на Негрите се жртвува најбезобѕирно. Така земјоделството на Западна Индија, лулката на баснословното богатство во текот на векови, голтна милиони од африканската раса. Така е денеска во Куба, чии доходи се качуваат на милиони и чии плантажери се кнезови, каде што ние гледаме оти класата робови не само најлошо се храни, се мачи без прекин и до полна исцрпеност, туку и оти еден голем дел од нив секоја година директно се сотира со бавната тортура на претеран труд и од немање сон и починка.“[106]

Mutato nomine de te fabula narratur. Место трговија со робови постои работнички пазар, место Кентаки и Вирџинија — Ирска и земјоделските околии во Англија, Шкотска и Велс, место Африка — Германија! Ние чувме како претераниот труд ги ретчи лебарите во Лондон, па сепак лондонскиот работнички пазар е преполнет со германски и други кандидати на смртта за лебари. Грнчарството, како што видовме, е една од индустриските гранки каде што животот е најкус. Дали има поради тоа недостиг на грнчари? Џосаја Веџвуд, пронајдувач на модерното грнчарство, по потекло и самиот обичен работник, во 1785 искажал пред палатата на општините дека во целата мануфактура има на работа 15 до 20.000 лица.[107] Во 1861 година населението само во градските места од оваа индустрија изнесуваше во Велика Британија 101.302.

„Памучната индустрија живее веќе 90 години ... За три генерации од англиската раса таа изела девет генерации памучни работници.“[108]

Секако, во одделните епохи на трескав замав работничкиот пазар покажува сериозни празнотии. Така на пр. 1834 г. Туку тогаш господата фабриканти им предложија на членовите од Poor Law Commissionеrѕ [комисија за бедните] да го испратат „вишокот на населението“ од земјоделските околии на север, со изјава дека „фабрикантите него ќе го апсорбираат и потрошат.“[109] Токму овие беа нивните сопствени зборови.

„Во Манчестер се поставија агенти со согласност на Poor Law Commissioners. Беше подготвен список на земјоделските работници и предаден за агентите. Фабрикантите трчаа во бироата, откога ќе одбереа за себе што им требало, фамилиите биваа испраќани од југ кон северна Англија. Овие човечки пакети се експедирани исто така со етикети како и бали стока по каналите и со товарни коли — некои се влечкале на нозе, а многу се загубиле и скитале полуизгладнети по мануфактурните околии. Ова се разви во вистинска трговска гранка. Палатата на општините одвај ќе поверува во ова. Оваа редовна трговија, ова препродавање на човечкото месо продолжуваше натаму и овие луѓе се купуваа од манчестерските агенти и им се продаваа на манчестерските фабриканти исто така редовно како Негрите на памучните плантажери од јужните држави... 1860-та година ја обележува кулминационата точка на памучната индустрија ... Пак имаше недостиг на раце. Фабрикантите пак се свртија кон агентите на месо ... а овие ги пребараа дините на Дорсет, ридиштата на Девон и рамнините на Вилтс, но вишокот на населението беше веќе потрошен.“

„Bury Guardian“ се тувка дека по склучувањето на англо-францускиот договор би можеле да се апсорбираат 10.000 додатни раце, а набргу ќе биделе нужни уште 30.000 или 40.000. Откако агентите и падагентиrе што се занимаваат со трговија на човечко месо ги крстосале во 1860 г. земјоделските околии комај безуспешно,

„една депутација од фабриканти се обрнала до г. Вилјерс, претседателот на Poor Law Board [Врховна управа на бедните] со молба пак да се дозволи да земат сиромашки деца и сираци од Workhouses [работните домови].”[110]

Тоа што му покажува искуството на капиталистот воопшто е една постојана пренаселеност, т.е. пренаселеност во однос на моменталните потреби за оплодување на капиталот, иако таа се состои од спречени, кратковечни генерации што бргу една со друга се истиснуваат, така да се каже на зелено обрани човечки генерации.[111] Од друга страна, опитот секако му покажува на разумниот набљудувач дека капиталистичкото производство, кое зборувајќи историски, одвај датира од вчера, бргу и длабоко ги има поткопано самите корење на животните сили на народот, дека изродувањето на индустриското население е забавено само со постојаното апсорбирање на природно здрави елементи од селото, и дека самите земјоделски работници веќе почнуваат да пропаѓаат и покрај чистиот воздух и principle of natural selection [принципот на природниот подбор] што над нив семошно владее и дозволува да преживеат само најсилните индивидуи.[112] Капиталот, кој има така „добри причини“ да ги одрекува страдањата на работничките генерации што го заокружуваат, толку малку се определува во неговото практично движење од обѕирот на дегенерирањето на човештвото во иднината и неговото конечно незапирно изумирање, како што не се определува од можниот пад на земјата врз сонцето. При секоја шпекулација со акции секој знае дека бурата еднаш мора да избувне, туку секој се надева дека таа ќе се истури врз главата на неговиот ближен, откога самиот тој веќе насобрал златен дождец и веќе си го прибрал на сигурно место. Après moi le déluge! [После мене потоп!] е лозунгот на секој капиталист и на секоја капиталистичка нација. Затоа капиталот е безобѕирен кон здравјето на работникот и траењето на неговиот живот, каде што тој не е присилен кон тој обѕир од страна на општеството.[113] На жалбите за физичката и духовна спеченост, за предвремена смрт, за тортурата од претераниот труд, тој одговара: треба ли овие прашања нас да нѐ мачат, кога тие го умножуваат нашето задоволство (профитот)? Туку воопшто и во целост и не зависи од добрата или лошата волја на одделниот капиталист. Слободната конкуренција ги прави внатрешните закони на капиталистичкото производство да важат за одделниот капиталист како надворешни присилни закони.[114]

Утврдувањето нормален работен ден е резултат на многувековната борба меѓу капиталистот и работникот. Сепак историјата на оваа борба покажува две спротивни струи. Да го споредиме на пр. сегашново англиско фабричко законодавство со англиските работнички статути од 14 до средината на 18 век.[115] Додека модерниот фабрички закон насилствено го скусува работниот ден, овие статути настојувале него насилствено да го продолжат. Секако претензиите на капиталот во неговата ембрионална состојба, кога тој штотуку настануваше, значи кога сѐ уште не можеше да го осигури своето право да исцицува достатна количество вишок на трудот само со силата на економските односи, но и со помошта на државната власт, ни изгледаат овие претензии сосем скромни ако ги споредиме со концесиите што мора тој да ги прави со 'ржење и со противење во својата зрела доба. Требаше да изминат векови додека „слободниот“ работник, поради развиениот капиталистички начин на производство, да се согласи слободно на тоа, т.е. да биде општествено присилен да го продава целото активно време од својот живот, дури и самата негова работна способност, неговото право на првородство за цена на неговите обични средства за живот, за ваган леќа.[11*] Затоа природно е тоа што продолжувањето на работниот ден, коешто капиталот се обиде да им го натури на возрасните работници со посредство на државната власт од средината на 14 до крајот на 17 век, приближно се совпаѓа со оние граници на работното време, што во втората половина на 19 век биле ваму-таму поставени од државата за претворањето на детската крв во капитал. Тоа што денеска на пр. во државата Масачусетс, до скоро најслободната држава од североамериканските републики, е прокламирано како граница на трудот за деца под 12 години, било во Англија уште од средината на 17 век нормален работен ден за полнокрвните занаетчии, за јаките земјоделски момци и за јадрите ковачи.[116]

Првиот „Statute of Labourers“ [работнички статут] (23, Edward III 1349 г.) најде свој непосреден повод (не своја причина, бидејќи законодавството од овој вид траеше со векови без тој повод) во големата чума што го десеткуваше населението, така што, како што вели еден ториевски писател, „стана вистински неподнослива тешкотијата да се земат работници на работа под разумна цена“[117] (т.е. цена што ќе им дава на нивните применувачи разумна количество вишок на трудот.) Затоа со силата на законот се диктирани разумни наемнини, исто така како што се диктирани и границите на работниот ден. Последната точка, што овдека нас единствено нѐ интересира, е повторена во статутот од 1496 (под Хенри VII). Работниот ден за сите занаетчии (artificers) и земјоделски работници требаше тогаш да трае од март до септември, што сепак никогаш не беше спроведено, од 5 часот наутро до меѓу 7 и 8 часот навечер; но времето за јадење изнесуваше 1 час за појадок, час за ручек и 1/2 час за ужина, значи токму двојно повеќе отколку што предвидува фабричкиот акт што е сега во важност.[118] Во зима требаше да се работи од 5 часот наутро до мрак со истите прекини. Еден статут на Елизабета од 1562 г. за сите работници „земени под наем за ден или за недела“ ја остава должината на работниот ден негибната, но се обидува да го ограничи времето на прекините на 2 1/2 часа во летото и на 2 во зимата. Ручекот требаше да трае само 1 час, а „попладневното преспивање од 1/2 час“ се дозволуваше само меѓу средината на мај и средината на август. За секој час отсуство требаше да се одбие од наемнината 1 пени. Сепак во практиката условите за работниците беа многу поблагопријатни отколку по статутот. Вилијам Пети, таткото на политичката економија и во извесна мера изнајдувач на статистиката, во едно дело, издадено во последната третина од 18 век вели:

„Работниците (labouring men, имено тогашните земјоделски работници) работат 10 часа дневно и јадат неделно 20 пати, имено во работните дни трипати дневно, а во неделата двапати; одовде јасно се гледа дека, кога би сакале тие да постат во петокот вечерта, и да го свршат ручекот за еден и пол час, додека сега ним им треба за овој ручек два часа, од 11 до 1 час по пладне, значи кога би работеле тие за 1/20 повеќе, а кога би јаделе за 1/20 помалку, тогаш би бил добиен десеттиот дел од гореспоменатиот данок.“[119]

Зар д-р Ендрју Јур немаше право кога го прогласи дванаесетчасовниот бил од 1833 г. како враќање во мрачните времиња? Секако, одредбите во статутите споменати од Пети важат и зa „apprentices“ (чираците). Но како стоеше со детскиот труд уште при крајот на 17 век се гледа од следнава жалба:

„Нашите младинци, овде во Англија, тукуречи ништо не работат сѐ до времето кога ќе се глават како чираци, и тогаш ним им треба, се разбира, долго време — седум години — за да станат свршени занаетчии“.

Германија, напротив, е прочуена со тоа што децата таму уште од лулка „се воспитуваат“ барем „нешто да подработуваат.“[120]

Уште за време на најголемиот дел од 18 век, до епохата на крупната индустрија, капиталот во Англија не успеваше да господари со плаќање на неделната вредност на работната сила и над целата недела на работникот; сепак земјоделските работници прават исклучок. Околноста, што работниците можеа да живеат цела седмица со наемнината од 4 дена, не им се чинеше на работниците никаква достатна причина, за да работат и во другите два дена за капиталистот. Еден дел од англиските економисти во служба на капиталот најбесно ја напаѓа оваа самоволност, друг дел ги бранеше работниците. Да ја чуеме на пр. полемиката меѓу Послвејт, чиј Трговски Речник тогаш имаше иста онаква слава како што денеска има сличното дело на Мекелек и Мекгрегор и порано цитираниот писател на „Essay on Trade and Commerce“.[121]

Послвејт, меѓу другото, вели

„Јас не можам да ги завршам овие неколку забелешки, без да се осврнам нa тривијалната фраза што им е во устата на мнозина, дека работникот (industrious poor), кога би примил за 5 дена доста за да живее, тој не би сакал да работи полни 6 дена. Оттука тие заклучуваат дека е нужно со помош на данокот или со какво било друго средство да се поскапат дури и најнужните средства за живот, за да се присилат занаетчиите и мануфактурните работници да работат непрекинато 6 дена во неделата. Јас морам да молам за дозвола, да бидам со инакво мнение од овие големи политичари, што ги кршат копјата за постојаното ропство на работното население од ова кралство („the perpetual slavery of the working people“); тие ја забораваат поговорката „аll work and no рlау” [само работи и не играј]. Зар Англичаните не се гордеат со генијалноста и искуството на своите занаетчии и мануфактурните работници што досега им прибавила на британските стоки доверба и слава? На која околност се должи тоа? Веројатно на ништо друго освен на начинот на кој нашиот работен народ, со својствената добродушност, умее да се развесели. Да беа тие присилени да работат преку целата година сите 6 дена во неделата со постојано повторување на истата работа, зар не би ја затапило тоа нивната генијалност и зар не би ги направило глупо-троми место ведри и очиклени; и нашите работници поради такво вечно ропство зар не би ја изгубиле својата слава место да ја дочуваат?... Какво искуство можеме ние да очекуваме од олку жестоко измачени животни (hard driven animals)? ... Многу од нив извршуваат за 4 дена толку работа колку некој Француз во 5 или 6 дена. Но ако Англичаните треба да бидат вечни 'ргачи, тогаш треба да се плашиме дека тие ќе се изродат (degenerate) повеќе од Французите. Ако се прослави нашиот народ со својата храброст во војната, зар ние не велиме дека тоа се должи од една страна на добриот англиски ростбиф и пудинг во неговото тело, а од друга страна не помалку на нашиот уставен дух на слободата? А зошто поголемата генијалност, енергија и искуство на нашите занаетчии и мануфактурни работници не би требало да се должи на слободата со која тие на свој начин се развеселуваат? Јас се надевам дека тие веќе никогаш нема да ги изгубат овие привилегии нити добриот живот, од кои едновремено произлегуваат нивната способност за работа и нивната храброст.“[122]

На ова одговара писателот на „Еѕѕау on Trade and Commerce“:

„Ако празнувањето на седмиот ден во неделата важи како божја заповед, тогаш таа вклучува во себеси дека другите денови од неделата му припаѓаат на трудот (тој мисли на капиталот, како што ќе видиме веднаш), тогаш не можат да се напаѓаат како свирепи оние што присилуваат да се исполни оваа божја заповед... Дека човештвото воопшто по природа е склоно кон удопство и мрзливост ни покажува фаталното искуство со нашиот мануфактурен прост свет, што средно не работи повеќе од 4 дена во неделата, освен во случај кога ќе поскапат средствата за живот ... Да претпоставиме дека еден бушел пченица ги претставува сите средства за живот на работникот и дека чини 5 шилинзи, и работникот да заслужува дневна со својот труд еден шилинг. Тогаш тој треба да работи само 5 дена во неделата, а само 4, ако бушелот чини 4 шилинзи ... но бидејќи наемнината во ова кралство, споредена со средствата за живот стои многу повисоко, мануфактурниот работник што работи 4 дена неделна има вишок пари со кои тој во остатокот на неделата живее без работа ... Јас се надевам дека доста кажав за да објаснам дека умерен труд од 6 дена во неделата не е никакво ропство. Нашите земјоделски работници работат така и, како што според сѐ изгледа, тие се најсреќните меѓу работниците (labouring poor).[123] A Холанѓаните така работат и во мануфактурата и изгледа дека се мошне среќен народ. Французите истото го прават, до колку во тоа не им пречат многуте празници...[124] Но на нашиов прост свет му влегла во главата фикс-идејата дека ним, како на Англичани, им припаѓа по правото на раѓањето привилегијата да бидат послободни и понезависни од (работниот народ) во која било друга европска земја. До колку сега оваа идеја дејствува на храброста на нашите војници, таа може да биде од некоја полза; но колку помалку ја имаат неа мануфактурните работници, толку е подобро за самите нив и за државата. Работниците никогаш не треба да се сметаат независни од своите претпоставени („indenpendent of their superiors“)... Извонредно е опасно да се окружува mobs-от [простиот свет] во една трговска држава како што е нашава, каде што можеби 7 делови од 8-те од целокупното население се луѓе со мала или со никаква сопственост ...[125] Лекувањето нема да биде целосно сѐ додека нашата индустриска сиромаштија не се реши да работи 6 дена „за истата сума што ја заслужува сега за 4 дена.“[126]

За истата цел, како и за „истребувањето на мрзливоста, распуштеноста и романтичното сонување за слобода“, ditto „за намалување на таксата за бедните, за помогнување на духот на индустријата и за снижување на цената на трудот во мануфактурата, предлага нашиот верен слуга на капиталот како испробано средство такви работници што паднале на општествената добротворност, со еден збор паупери, дa се затворат во некој „идеален работен дом“ (an ideal workhouse). „Таков дом треба да стане дом на ужасот“ (House of Terror).[127] Во овој „дом на ужасот“, во овој „идеален работен дом“ треба да се работи „14 часа дневно, вклучувајќи ги и соодветните обеди, така што да преостанат полни 12 работни часа.“[128]

Дванаесет работни часа во „ideal workhouse“, во домот на ужасот од 1770! Шеесет и три години подоцна, во 1833 кога англискиот парламент во четири фабрички гранки го смали работниот ден за децата од 13 до 18 години на 12 полни работни часа, изгледаше како да ѝ дошол последниот ден на англиската индустрија. Во 1852 год., кога Луј Бонапарт се обиде да ѝ се умили на буржоазијата со разлабавување на законскиот работен ден, францускиот работен народ извика едногласно: „Законот што го скуси работниот ден на 12 часа е единственото добро што ни остана од републиканското законодавство!“[129] Во Цирих трудот на децата преку 10 години е ограничен на 12 часа; во Аргау во 1862 трудот на децата меѓу 13 и 16 години беше сведен од 12 1/2 на 12 часа, во Австрија во 1860 за децата меѓу 14 и 16 години ditto [исто] на 12 часа.[130] Каков „напредок од 1770“, би извикнал Мекелек „со exultation“!

„Домот на ужасот“ за пауперите, за кој во 1770 капиталистичката душа уште си сонуваше, се накрена неколку години подоцна како огромен „работен дом“ за самите мануфактурни работници. Тој се вика фабрика. А овој пат идеалот избледна пред реалноста.

6. Борбата за нормален работен ден. Присилно законско ограничување на работниот ден. Англиското фабричко законодавство од 1833 до 1864 г.

Додека на капиталот му беа потребни цели векови за да го продолжи работниот ден од неговата нормална максимална граница, а после преку оваа до границите на природниот ден од 12 часа,[131] сега, по изникнувањето на крупната индустрија во последната третина од 18 век, настана бесно и безмерно наттрчување слично на лавина. Разрушени се секакви граници на моралот и природата, на возраста и полот, на денот и ноќта. Дури и самите поими за денот и ноќта, селско прости во старите статути, толку се расплинаа, што еден англиски судија уште во 1860 г. мораше да покаже талмудистичка остроумност да објасни „правносилно“, што е ден а што е ноќ.[132] Капиталот ги славеше своите оргии.

Штом работничката класа, заглушена од вревата на производството, до некоја мера пак дојде на себеси, започна нејзиниот отпор, отпрво во лулката на крупната индустрија, во Англија. Сепак отстапките што ги доби таа, останаа чисто номинални три децении. Парламентот издаде од 1802 до 1833 г. 5 акта за трудот, но беше толку лукав, што да не одобри ни пет пари за нивното присилно извршување, за потребниот чиновнички персонал итн.[133] Тие останаа мртви букви. „Факт е дека пред актот од 1833 децата и младите лица работеа („were workеd“) целата ноќ, целиот ден, или обата ad libitum [по желба].”[134]

Дури по фабричкиот акт од 1833 — кој ги опфаќа фабриките за памук, волна, лен и коприна — почнува за модерната индустрија нормален работен ден. Ништо подобро не може да го окарактеризира духот на капиталот од колку историјата на англиското фабричко законодавство од 1833 до 1864!

Законот од 1833 објавува дека обичниот фабрички работен ден треба да почнува од 5 1/2 часот наутро, а да заврши во 8 1/2 вечерта, а во овие граници, во еден период од 15 часа, законот дозволува млади лица (т.е. лица меѓу 13 и 18 години) да се употребуваат во кое било време од денот, секогаш под претпоставка дека едно исто младо лице не работи повеќе од 12 часа на ден, со исклучок на извесни специјално предвидени случаи. Шестиот оддел од актот определува „дека во текот на секој ден на секое такво лице со ограничено работно време треба да му се остави за јадење најмалку 1 1/2 час.“ Се забранува да се земаат на работа деца под 9 години, со исклучоци што ќе се споменат подоцна; трудот на децата од 9 до 13 години се ограничува на 8 часа дневно. Ноќниот труд, т.е. според овој закон трудот меѓу 8 1/2 часот навечер и 5 1/2 часот наутро, се забранува за сите лица меѓу 9 и 18 години.

Законодавците беа така далеку од желбата да ја ограничуваат слободата на капиталот во исцицувањето на возрасната работна сила или, како што го викаат тие, „слободата на трудот“, што измислија нарочит систем за да спречат таква ужасна последица од фабричкиот акт.

„Големото зло од фабричкиот систем, како што е тоа сега уреден“, се вели во првиот извештај на Централниот совет на комисијата од 28 јуни 1833 г., „се состои во тоа што тој создава нужност да се продолжи детскиот труд до крајната граница на работниот ден на возрасните. Единствениот лек против ова зло, без ограничување на трудот на возрасните, од кој би произлегло поголемо зло од она што треба да се отстрани, изгледа дека е планот да се воведат две смени деца.“

Затоа под името на Relayssystem (System of Relays; Relay значи на англиски како на француски: сменување на поштенските коњи на различните станици) овој „план“ е изведен така, што на пр. од 5 1/2 часот наутро до 1 1/2 попладне се спрегнувала една смена деца меѓу 9 и 13 години, а од 1 1/2 до 8 1/2 часот навечер друга смена итн.

Како награда за тоа, што господата фабриканти најбезочно ги игнорирале сите закони за детскиот труд издадени за време на последните 22 години, сега ним им била позлатена и пилулата. Парламентот определи дека по 1 март 1834 ниедно дете под 11 години, по 1 март 1835 ниедно дете под 12 години, по 1 март 1836 г. ниедно дете под 13 години не треба да работи во фабрика над 8 часа! Овој „либерализам“ толку обѕирен спроти „капиталот“ заслужува толку повеќе признателност, што Др. Фар, сер А. Карлајл, сер Б. Броди, сер К. Бел, г. Гутри итн., кусо речено најзначајните physicians и surgeons [лекари и ранари (хирурзи)] на Лондон во своите свидетелски искази изјавиле пред Долната палата „periculum in mora“ [опасност од одлагање]. Д-р Фар за ова се изразил дури нешто уште погрубо:

„Нужно е веднаш да се донесе закон, за да се предодврати предвремената смрт во сите нејзини форми, а сигурно овој (фабричкиот модус) мораме да го сметаме како еден од најгрозните методи за нејзиното предизвикување.“[135]

Истиот тој „реформиран“ парламент, кој од нежното чувство спрема господата фабриканти ги осуди децата под 13 години уште долги години да работат во фабричкиот пекол 72 часа во неделата, противно на тоа во Актот за еманципација, кој исто така слободата ја даваше капка по капка, им забрани на сопствениците на плантажите отсега да не смее ни еден роб Негар да работи повеќе од 45 часа во неделата!

Но капиталот со тоа никако не се смири, тој почна сега една многугодишна шумна агитација. Таа се вртеше главно околу возраста на категориите, што под името деца беа ограничени на 8-часовен труд, и што беа во извесна мера подложени на присилно школување. Според капиталистичката антропологија, детинството престанува во или, најмногу во 11 години. Колку повеќе се приближуваше рокот на полното извршување на фабричкиот акт, судбоносната 1836 година, толку подиво беснееше фабрикантската џган. Ним навистина им успеа толку да ја заплашат владата, што да предложи во 1835 да се сметне границата на детската возраст од 13 на 12 години. Притоа „pressure from without” [натисок од надвор] растеше и стануваше сѐ поопасен. Долниот дом ја загуби смелоста. Тој откажа тринаесетгодишните деца да се фрлаат под Џагернатовото колце[12*] на капиталот подолго од 8 часа дневно, и законот од 1833 стапи во полна сила. Тој остана неизменет до јуни 1844 г.

За време на една цела деценија, во која тој закон прво делум, а после наполно го регулираше фабричкиот труд, официјалните извештаи на фабричките инспектори се полни со жалби за неможноста на неговото изведување. Бидејќи законот од 1833 г. им дава слобода на господата капиталисти да можат во петнаесетчасовниот период, од 5 1/2 часот наутро до 8 1/2 часот навечер, да му определат на секое „младо“ лице и на секое „дете“ да ја почне, да ја прекине во кое било време дванаесет, односно осумчасовната работа, и исто така да им определат на различни лица различни часови за јадење, набргу изнајдоа господата еден нов „Relayssystem“ според кој работните коњи не се сменуваат на определени станици, туку на станиците за смена постојано одново се спрегнуваат. Ние нема потака да се занимаваме со убавините на овој систем, бидејќи ќе мораме подоцна да се вратиме на него. Туку уште на прв поглед е толку јасна дека тој го уништи не само духот, туку и самото слово на целиот фабрички акт. Како би можеле фабричките инспектори при ова комплицирано книговодство за секое одделно дете и за секое младо лице да го присилат фабрикантот да го запазува законски определеното работно време и да му го осигури законското време за јадење? Во еден голем дел од фабриките пак набргу неказнено процуте старото брутално безобразие. На едно советување со министерот за внатрешни работи (1844) фабричките инспектори докажаа дека е неможна секаква контрола при новоизмислениот Relayssystem.[136] Но меѓутоа околностите мошне се изменија. Фабричките работници, особено по 1838, десетчасовниот бил го направија своја економска парола, како што ја направија Charter[13*] своја политичка изборна парола. Дури и еден дел од самите фабриканти, што ги уредиле своите фабрики согласно со актот од 1833, го натрупувал парламентот со претставки за неморалната „конкуренција“ на „лажните браќа“, на кои поголемата смелост или посреќните месни околности им допуштаат да го кршат законот. Притоа, колку и да му се сакало на одделниот фабрикант да може слободно да ги пушти уздите на старата лакомост, идеолозите и политичките водачи на класата фабриканти препорачаа поинакво држење и поинакво говорење спрема работниците. Тие ја почнаа борбата за укинување на Законот за житото, а за победата им беше потребна помошта на работниците! Поради тоа тие ветуваа не само двојно поголем сомун леб, ами и усвојувањето на десетчасовниот бил под илјадагодишното царство на слободната трговија.[137] Така тие уште помалку смееја да се борат против една мерка, која одеше само за вистинско спроведување на актот од 1833. Најпосле ториевците, загрозени во нивните најсвети интереси, во земјишната рента, загрмеа, се разгневија филантропски над „срамните постапки“[138] на нивните непријатели.

Така настана дополнителниот фабрички акт од 7 јуни 1844 г. Тој влезе во сила на 10 септември 1844. Тој воведува под заштита една нова категорија работници, имено жените над 18 години. Тие се изедначени во секој поглед со младите лица, нивното работно време е ограничено на 12 часа, забранета им е ноќна работа итн. Значи, првпат законодавството се нашла присилено директно и официјална да го контролира и трудот на возрасните. Во фабричкиот извештај од 1844-45 иронично се вели:

„Нема дојдено до наше знаење ни еден единствен случај при кој возрасните жени да се поплакуваат на ова мешање во нивните права.“[139]

Трудот на деца под 13 години беше сведен на 6 1/2, а под извесни услови на 7 часа дневно.[140]

За да ги отстрани злоупотребите на лажниот „Relayssystem“, законот ги установи, меѓу другото, и следниве важни подробни определби:

„Работниот ден на деца и млади дица треба да се смета од времето од кога кое било дете или младо лице започнува наутро да работи во фабриката.“

Така што ако на пр. А започне да работи во 8 часот наутро, а В во 10 часот, сепак работниот ден за В мора да заврши во истиот час како и за А. Почетокот за работниот ден треба да се означи со некој општествен часовник, на пр. со најблискиот железнички часовник, според кој ќе се сообрази фабричкото ѕвоно. Фабрикантот треба да закачи во фабриката објава напечатена со јадри букви, каде што ќе се назначи почетокот, крајот и починките на работниот ден. Деца што ја почнуваат својата работа пред пладне пред 12 часот не смеат пак да се употребат по 1 часот попладне. Попладневната смена, значи, мора да се состои од други деца, а не од претпладневната смена. На сите заштитени работници мора да им се даде 1 1/2 час за јадење во едно исто време од денот и тоа најмалку еден час пред 3 часот попладне. Деца и млади лица не смеат да се употребуваат подолго од 5 часа до 1 часот попладне, без да имаат барем најмалку половина час починка за јадењe. Деца, млади лица и жени не смеат за време на јадењето да останат во фабричката просторија во која се врши каков и да е процес на трудот итн.

Ние видовме: овие одредби што одат во подробности, што периодот, границите и паузите на трудот така војнички еднообразно ги регулираат според ударите на ѕвоната, во никој случај не беа производ на парламентарски измислици. Тие постепено се развија од односите како природени закони на модерниот начин на производството. Нивното формулирање, официјално признавање и прогласување од страна на државата е резултат на долготрајните класни борби. Една од првите нивни последици беше што практиката го фрли под истите граници и работниот ден на возрасните машки фабрички работници, бидејќи во најповеќето процеси на производството е неопходна кооперацијата на децата, младите лица и жените. Поради тоа, земено воопшто и во целост за време на периодот од 1844-47 дванаесетчасовниот работен ден ја рашири својата општа и еднообразна важност на сите индустриски гранки потчинети на фабричкото законодавство.

Сепак фабрикантите го дозволија овој „напредок“, но го компензираа со извесен „назадок“. На нивно поттикнување Долниот дом ја скуси минималната возраст на децата што можат да се земаат на работа од 9 години на 8, со цел да му се осигури на капиталот „придаден прилив на фабрички деца“, на кој капиталот има право со сите божји и човечки закони.[141]

Годините 1846-1847 прават епоха на економската историја на Англија. Повлекување на законот за житото, укинување на вносните царини на памукот и другите суровини, објавување на слободната трговија за патоводна ѕвезда на законодавството! Кратко, настана илјадагодишното царство. Од друга страна, чартистичкато движење и агитацијата за десетчасовен работен ден ја достигна во истите години својата највисока точка. Тие најдоа сојузници во ториевците кои беа жедни за одмазда. И покрај фанатичниот отпор на вероломната армија на слободната трговија на чело со Брајт и Кобден, парламентот го усвои десетчасовниот бил, за кој толку долго се стремело.

Новиот фабрички закон од 8 јуни 1847 востановуваше дека од 1 јули 1847 треба да стапи во сила едно претходно скратување на работниот ден на 11 часа за „младите лица“ (од 13 до 18 години) и за сите работнички, но од 1 мај 1848 треба да стапи во сила дефинитивното ограничување на 10 часа. Во другото законот само беше поправено дополнение кон законот од 1833 и 1834.

Капиталот почна претходна борба да го спречи полното спроведување на законот од 1 мај 1848. И притоа самите работници, божем подучени од опитот, требаше да помогнат во разбивањето на своето сопствено дело. Моментот беше вешто одбран.

„Мораме да се сетиме дека поради ужасната криза од 1846-47 г. меѓу фабричките работници владееше големо зло, бидејќи многу фабрики работеа само неполно време, други сосем запреа. Затоа значителен број од работниците се најде во тешка положба, мнозина беа во долгови. Поради тоа можеше да се претпостави со прилична сигурност, дека тие ќе претпочитаат подолго работно време, за да ги надоместат понапрежните загуби, можеби да ги исплатат долговите, или да си ги извадат своите мебели од заложницата, или да си го надоместат својот продаден имот, или да се снабдат себеси и својата фамилија со нови алишта.“[142]

Господата фабриканти се обидоа да го засилат природното дејство на овие околности со општо снижување на наемнината за 10%. Ова стана така да се рече, празник кога се посвети новата ера на слободната трговија. Штом се скуси работниот ден на 11 часа, тогаш дојде натамошно снижување на 8 1/3%, а уште двојно се снижи штом тој дефинитивно се скуси на 10 часа. Според тоа секаде каде што допуштаа околностите, се изврши снижување на наемнината најмалку од 25%.[143] Под така благопријатни околности почна агитацијата меѓу работниците за одменување на законот од 1847 r. Притоа не се отфрлуваше никакво средство за измама, за заведување и заплашување, но сѐ беше залудно. Што се однесува за половината дузина петиции, во кои работниците мораа да се жалат на „нивното потиснување од страна на законот“, самите молители изјавија при усното распрашување дека нивните потписи им биле насила земени. „Тие се потиснати, но не од фабричкиот акт, од некој друг.“[144] Но кога на фабрикантите не им успеа да ги научат работниците да говорат во нивна смисла, тогаш самите тие толку посилно се развикаа во печатот и парламентот од името на работниците. Тие ги денунцираа фабричките инспектори како некој вид комесари на конвентот, кои немилосрдно ги жртвувале работниците на своите мушички за поправање на светот. И овој маневар пропадна. Фабричкиот инспектор Лeoнapд Хорнер лично и со своите подинспектори презеде многу распрашувања на сведоци во фабриките на Ланкашир. Приближно 70% од прашаните работници се изјасниле за 10-часовен, многу помал процент за 11 и сосем незначително малцинство за стариот 12-часовен работен ден.[145]

Еден друг маневар извршен „со добро“ се состоеше во тоа, што ги тераше возрасните машки работници да работат 12 до 15 часа, па после да се објави овој факт како најдобар израз на пролетерските срдечни желби. На „немилосрдниот“ фабрички инспектор Леонард Хорнер беше пак на местото. Повеќето од „прекучасовните“ се искажаа

„дека тие многу повеќе би претпочитале да работат 10 часа за помала наемнина, туку тие немале никаков избор; толку многу од нив биле безработни, толку многу предачи биле присилени да работат како прости „piecers“ [врзувачи], така што кога би се спротивиле да работат по продолженото работно време, веднаш други би го зазеле нивното место, така што прашањето за нив стои вака: или да се работи по продолженото работно време или да се остане на улица.“[146]

Претходниот поход на капиталот заврши неуспешно и законот за десетчасовниот работен ден стапи во сила на 1 мај 1848 г. Но за тоа време неуспехот на чартистичката партија чии водачи биле фрлени в затвор, а организациите им биле растурени, веќе ја расколеба самоувереноста на англиската работничка класа. Бргу потоа париското јунско востание и неговото крваво задушување ги соедини како во континентална Европа така и во Англија сите фракции на владеачките класи, земјопоседниците и капиталистите, берзанските волци и прематарите, протекционистите и фритредерите, владата и опозицијата, поповите и слободните мислители, младите блудници и старите калуѓерки, под општ повик за спасување на сопственоста, религијата, фамилијата, општеството! Работничката класа насекаде беше подложена на прогони, беше предадена анатема, ставена под „loi des susspects“ [закон против сомнителните][14*] значи, господата фабриканти не требаше да се стеснуваат. Тие дигнаа отворен бунт не само против десетчасовниот закон туку и против целото законодавство, кое се обидуваше од 1833 барем донекаде да го заузда „слободното“ исцицување на работната сила. Тоа беше еден „Proslavery Rebellion” [бунт за одбрана на ропството] во минијатура, што се водеше повеќе од две години со циничка безобѕирност и со терористичка енергија; и едната и другата беа толку поевтини, колку што не рескираше бунтовниот капиталист ништо повеќе освен кожата на својот работник.

За разбирање на следното е нужно да се спомене дека фабричките акти од 1833, 1844 и 1847 сите три беа во сила, до колку едниот не го изменуваше другиот; дека ниеден од нив не го ограничуваше работниот ден на машките работници над 18 години и дека од 18З3 петнаесетчасовниот период од 5 1/2 часот наутро до 8 1/2 часот навечер остана законски „ден“, во чии граници младите лица и жени имаше да извршат под пропишани услови отпрво дванаесет, а попосле десетчасовен труд.

Фабрикантите започнаа овде-онде отпуштање еден дел, напати и половината од младите лица и работничките и место тоа го воспоставија тукуречи заборавениот ноќен труд за возрасните машки работници. Законот за десетчасовниот работен ден, викаа тие, не ни дава нам никаква друга алтернатива.[147]

Вториот чекор се однесуваше на законските паузи за јадење. Да ги чуеме фабричките инспектори:

„Откако се ограничени работните часови на 10, фабрикантите тврдат иако на практика сѐ уште не го спроведуваат своето гледиште до крајните консеквенции, дека, ако се работи на пр. од 9 часот наутро до 7 часот навечер, ги задоволуваат законите до колку даваат еден час за јадење пред 9 часот наутро и половина час по 7 часот навечер, значи 1 1/2 час за јадење. Во некои случаи тие сега дозволуваат половина или цел час за ручек, по едновремено настојуваат никако да не дозволат ни еден дел од тој 1 1/2 час да влезе во текот на десетчасовниот работен ден.“[148]

Значи, господата фабриканти тврдеа, дека педантно точните определби на актот од 1844 во однос на времето за јадење, им дозволуваат на работниците да јадат и да пијат пред да влезат во фабриката и откога ќе излезат од фабриката, значи дури си се дома! А зашто не би требало работниците да си го изедат својот ручек пред девет часот наутро? Сепак крунските јуристи решија дека пропишаните паузи за јадење

„мораат да се даваат во паузите за време на вистинскиот работен ден, и дека е незаконито да се работи без прекин 10 часа едноподруго, од 9 часот наутро до 7 часот навечер.“[149]

По овие добродушни демонстрации капиталот го поведе својот бунт со чекор што му одговараше на словото на законот од 1844, значи што беше легален.

Вистина законот од 1844 забранува децата од 8 до 13 години што ќе работат пред 12 часот претпладне пак да работат по 1 часот попладне. Но тој никако не го регулира 6 1/2 часовниот труд на децата, чие работно време почнува во 12 часот напладне или подоцна. Според тоа осумгодишните деца, ако ја почнуваа работата во 12 часот напладне, може да се употребат на работа од 12 до 1 часот, 1 час; од 2 часот до 4 часот попладне, 2 часа, и од 5 часот до 8 1/2 часот навечер, 3 1/2 часа, сенасе 6 1/2 законски часа. Или уште подобро. За да ја согласат нивната употреба со трудот на возрасните машки работници до 8 1/2 часот навечер, само фабрикантите не треба да ги земаат нив на работа пред 2 часот попладне, и тогаш можеле да ги држат во фабриката без прекин до 81/2 часот навечер!

„И сега отворено се признава дека во последново време, поради лакомоста на фабрикантите да им работат машинериите подолго од 10 часа, се завела во Англија практика да се тераат децата од обата пола од осум до тринаесет години, да работат сами со возрасните мажи до 8 1/2 часот навечер откога ќе си појдат од фабриката сите млади лица и жени.“[150]

Работниците и фабричките инспектори протестираа од хигиенски и морални причини. Но капиталот одговори:

„Го земам гревот! Правото го барам!
Меницата јас барам да се плати!“

И навистина, според статистичките податоци изнесени пред Долниот дом на 26 јули 1850, и покрај сите протести, на оваа „практика“ на 15 јули 1850 имало 3.742 деца што работеле во 275 фабрики.[151] Но и тоа не било доста! Рисовските очи на капиталот открија, дека актот од 1844 не дозволува петчасовен труд претпладне без пауза од најмалку 30 минути за поткрепување, но дека не пропишува никаков начин за работата попладне. Затоа тој посака и го доби задоволството да ги тера осумгодишните деца — работници не само да се прекинуваат во работа од 2 до 8 1/2 часот навечер без прекин, туку и да гладуваат!

„Да, градите, негови
па еве така меницата вели.“[152] [15*]

Ова Шејлоковско држење за словото на законот од 1844, до колку тој го регулира детскиот труд, сепак требаше да го подготви отворениот бунт против истиот закон, до колку тој го регулира трудот на „младите лица и жените“. Да се сетиме дека главната цел и главната содржина на овој закон ја чинеше уништувањето на „лажниот“ Relayssystem. Фабрикантите го почнаа својот бунт со простата изјава дека одделите на актот од 1844, што го забрануваат произволното ползување на младите лица и жените во произволни покуси отсеци од петнаесетчасовниот фабрички ден, се покажале:

„релативно непакосни (comparatively harmless), сѐ додека работниот ден бил ограничен на 12 часа. Под законот за десетчасовниот работен ден тие се неподнослива неправда.“ (hardship).[153]

Затоа тие на најладен начин им укажаа на инспекторите дека тие се воздигнуваат над словото на законот и дека на своја рака пак ќе го заведат стариот систем.[154] Тоа ќе стане во интерес на самите лошо советувани работници

„за да можат да им се платат повисоки наемнини“. „Тоа е единствено можниот план, за да се дочува и под десетчасовниот закон индустриското господство на Велика Британија.“[155] Можеби ќе биде нешто потешко да се откриваат неправилностите под Relayssystem, туку што од тоа? (what of that?) зар големите фабрички интереси на оваа земја ќе се третираат како второстепената работа, за да не им се причини малку повеќе труд (some little trouble) на фабричките инспектори и подинспектори?“[156]

Природно сиве овие итроштини ништо не спомогнаа. Фабричките инспектори започнаа со судски преследувања. Но набргу министерот за внатрешни работи сер Џopџ Вреј беше напокриен со таков облак од петиции на фабрикантите, што тој во циркуларот од 5 август 1848 им препорача на инспекторите:

„да не интервенираат воопшто поради кршењето на словото на актот, сѐ додека не се докаже дека релејниот систем се злоупотребува за да се натераат младите лица и жените да работат над 10 часа.“

По ова фабричкиот инспектор Ј. Стјуарт го дозволил таканаречениот систем на смени за време од петнаесетчасовниот период на фабричкиот ден во цела Шкотска, каде што тој набргу пак процути по старо. Англиските фабрички инспектори, противно на тоа изјавија дека министерот нема никаква диктаторска моќ да суспендира закони, и продолжија со судските процедури против proslavery rebellion.

Па и зашто е секое повикување пред суд, кога судовите county magistrates,[157] донесуваа оправдувачки пресуди? Во овие судови заседавале господата фабриканти да си судат сами себеси. Еден пример. Некојси Ескриџ, предач на памук од фирмата Кершо, Лиз и Kо, му предложил на фабричкиот инспектор од неговата околија шема на релеен систем, предопределена за неговата фабрика. Бидејќи бил одбиен, тој отпрвин се држел пасивно. Неколку месеци подоцна се представи пред Borough Justices [градски мировни судии] во Стокпорт некоја индивидуа по име Робинзон, исто така памучен предач, и ако не Петко тоа секако роднина на Ескриџ, обвинет поради воведување идентичен релеен систем измислен од Ескриџ. Заседаваа 4 судии, меѓу нив тројца памукопредачи [фабриканти], на чело со истиот неизбежен Ескриџ. Ескриџ го оправда Робинзона и сега изјави дека што е законски за Робинзона праведно е и за Ескриџ. Опирајќи се на своето сопствено полноправно решение, веднаш го воведе тој систем во својата сопствена фабрика.[158] Најпосле и самиот состав на овие судови беше отворено нарушување на законот.[159]

„Ваков вид судски фарси — извикнува инспекторот Xayeл — „пиштат за лек ... или да се приспособи законот кон овие пресуди, или ,да се остави да го применува помалку грешен трибунал, што ќе ги сообрази своите решенија со законот ... во сите такви случаи. Како се копнее за платени судии!“[160]

Крунските јуристи го објавија за невкусно толкувањето на Актот од 1848 од страна на фабрикантите, но спасителите на општеството не дадоа да се сплеткаат.

„Откако се обидов“, известува Леонард Хopнep, „да присилам кон исполнување на законот со 10 судски пријави во 7 различни судски околии, и само во еден случај бев поткрепен од судиите, ... мислам дека е бесполезно натамошното пријавување против заобиколувањето на законот. Делот од актот, кој беше составен за да се создаде еднообразност во работните часови повеќе не суштествува во Ланкашир. А пак јас и моите помошници немаме апсолутно никакви средства за да се увериме дали во фабриките во кои владее таканаречениот релеен систем младите лица и жените не работат повеќе од 10 часа. .. Кон крајот на април 1849 во мојата околија веќе 114 фабрики работеа по оваа метода и нивниот број во послeдновo време бргу расте. Воопшто земено, тие сега работат 13 1/2 часа, од 6 часот наутро до 7 1/2 часот навечер; во по некој случај по 15 часа, од 5 1/2 часот наутро до 8 часот навечер.“[161]

Веќе во декември 1848 Леонард Хорнер имал список од 65 фабриканти и од 29 фабрички надзорници, што едногласно изјавиле дека под овој релеен систем никаков систем на надзор не може да го спречи најекстензивниот претеран труд.[162] Едни и исти деца и млади лица де се претуркуваат (shifted) од предачницата во ткајачницата итн., де се претуркуваат за време на 15 часа, од една фабрика во друга.[163] Како да се контролира системот „што го злоупотребува зборот смена, за да ги меша рацете бескрајно и многубројно како карти и секој ден така да ги изразместува часовите на труд и починки за различни индивидуи, така што една иста полна група работници никогаш не работи на истото место и во истото време.“[164]

Туку сосем и да не го земаме предвид вистинскиот претеран труд, овој таканаречен релеен систем беше изрод на капиталистичката фантазија, каква што не ја надминал и Фурие во своите хумористични скици „courtes séances“ [кратки сеанси],[18*] само што беше привлечноста на трудот претворена во привлечност на капиталот. Нека се погледаат оние фабрикантски шеми, што ги фалеше добриот печат како пример за она „што може да се изврши при разумен степен на грижливост и методичност“ („what а reasonable degree of care and method can ассоmplish”). Работниот персонал е разделен напати во 12 до 15 категории, а самиве овие постојано пак ги сменуваат своите составни делови. Во време на петнаесетчасовниот период на фабричкиот ден капиталот го привлечуваше работникот де за 30 минути, де за 1 час, а потоа пак го оттуркуваше, за одново да го привлече во фабриката и пак да го оттурне од фабриката, да го гони ваму-таму во расцепкани парчиња време, без да изгуби власт над него сѐ додека не се исполни десетчасовниот труд. Исто како на сцената, што едни исти лица настапуваат едноподруго во различни сцени на различни чинови. Но како што артистот ѝ припаѓа на сцената сѐ додека трае целата драма, така сега работниците ѝ припаѓаат на фабриката за времето од 15 часа, не сметајќи го тука времето за идење и одење. Така се претворија часовите за починка во часови за присилно безделничење, што ги тера младите работници во крчмите и младите работнички во борделите. При секоја нова досетка што ја измислувал капиталистот секој ден за да ја држи својата машинерија во движење 12 или 15 часа без да го зголеми работниот персонал, работниците имале да го голтнат своето јадење де во овој де во оној отпадок од време. За времето на агитацијата за десетчасовен работен ден фабрикантите викаа дека работничкиот џган дава петиции во надеж дека ќе добие дванаесетчасовна наемнина за десетчасовен труд. Сега тие го превртија медалот. Тие плаќаат десетчасовна наемнина за дванаесет и петнаесетчасовно располагање со работната сила![165] Dies war des Pudels Kern. Тука е сушноста на работата, такво беше фабрикантското издание на десетчасовниот закон! Тоа беа оние исти миропомазани човекољубиви приврзаници на слободната трговија, што за време на агитацијата против житниот закон полни десет години им пресметуваа на работниците до пара, дека при слободниот увоз на жито сосем е достатен десетчасовен труд, та со средствата на англиската индустрија, капиталистите да се збоrатат.[166]

Двогодишниот бунт на капиталот најпосле се круниса со пресудата на еден од четирите највисоки судови во Англија, Court of Exchequer [висок финансиски суд], суд што реши, во еден случај изнесен пред него на 8 февруари 1850, дека фабрикантите вистина постапиле против смислата на актот од 1844, но и самиот овој акт содржи извесни зборови што го прават него бесмислен. Со оваа пресуда беше укинат десетчасовниот бил.[167] Маса фабриканти што дотогаш уште не се решаваа да го заведат релејниот систем за младите лица и жените, сега запнаа за него со обете раце.[168]

Туку со оваа привидна дефинитивна победа на капиталот веднаш настапи и обрт. Работниците досега даваа пасивен, иако непоколеблив и секој ден обновуван отпор. Сега тие започнаа да протестираат со громко застрашувачки митинзи во Ланкашир и Јоркшир. 3начи таканаречениот десетчасовен закон е гола лага, парламентарна измама и никогаш и не суштествувал! Фабричките инспектори настојчиво ја предупредуваа владата дека класниот антагонизам е изострен до неверојатен степен:

„Поради противречните пресуди на судовите завладеа сосем абнормална состојба. Друг закон важи во Јоркшир, друг во Ланкашир, друг закон во некоја парохија во Ланкашир, а друг во нејзиното непосредно соседство. Фабрикантот во големите градови може да го заобиколува законот, додека оној во селото не го најдува нужниот персонал за релејниот систем, а уште помалку за преместување на работниците од една во друга фабрика итн.“

А рамноправноста во експлоатацијата над работната сила е првото човечко право на капиталот.

Под такви околности се дојде до компромис меѓу фабрикантите и работниците, што го санкционира парламентот во новиот дополнителен фабрички акт од 5 август 1850. Работниот ден за „младите лица и жените“ беше зголемен во првите 5 дена од неделата од 10 на 10 1/2 часа, за саботата е ограничен на 7 1/2 часа. Работата мора да се врши во периодот од 6 часот наутро до 6 часот навечер,[169] со 1 1/2 часовна пауза за јадење, која треба да се даде едновремено и согласно со определбите од 1844 година итн. Со тоа се направи еднаш за секогаш крај на релејниот систем.[170] За детскиот труд остана во сила законот од 1844.

Една категорија фабриканти и овој пат, како и порано, си осигури особени сенеријални права над пролетерските деца. Таа беа фабрикантите на коприна [свила]. Во 1833 година тие заплашувајќи забучија дека „ако им се одземе слободата децата од секоја возраст да им работат по 10 часа дневно, тогаш ќе запрат нивните фабрики. („if the liberty of working children of any age for 10 hours a day was taken away, it would stop their works”.) Ним им е неможно да купат достатен број деца над 13 години. И тие ја измолкнаа саканата привилегија. При подоцнежните испитувања се покажа и овој предлог како гола лага,[171] што сепак не им попречи за цело десетлетие по 10 часа секојден да предат коприна од крвта на малите деца, кои за извршување на нивниот труд морале да бидат качувани на столчиња.[172] Актот од 1844 вистина им ја „ограби“ „слободата“ да ги држат децата под 11 години подолго од 6 1/2 часа на работа, ама спротивно на тоа им ја осигури привилегијата да ги држат на работа децата меѓу 11 и 13 годишни по 10 часа дневно и го укина пропишаното задолжително школување за другите фабрички деца. Овој пат изговорот бил:

„Деликатноста на ткаенината си сака нежни прстиња, што може да се осигури само со раното влегување во фабриката.“[173]

Поради нежните прсти се колени цели деца како говедата во јужна Русија заради кожата и лојот. Најпосле, дадената привилегија во 1844, е ограничена во 1850 само на одделенијата за мотање и сучење на коприната, но за да се надомести загубата поради одземената „слобода“ на капиталот, покачено е работното време за децата од 11 до 13 години од 10 на 10 1/2 часа. Изговор: „Трудот во копринените фабрики е полесен отколку во другите фабрики и по некој начин не е така пакосен за здравјето.“[174] Официјалното лекарско иследување утврди отпосле дека, напротив,

„средната смртност во копринарските околии е изнимно висока, а дека меѓу женскиот дел од населението е дури и повисока отколку во памучните околии во Ланкашир.“[175]

И покрај протестите од фабричките инспектори, што ги повторувале на секоја полгодина, продолжува оваа безобразност сѐ до овој час.[176]

3аконот од 1850 — само за „младите лица и жените“ — го претвори петнаесетчасовниот период од 5 1/2 часот наутро до 8 1/2 часот навечер во дванаесетчасовен период од 6 часот наутро до 6 часот навечер. Значи не и за децата, кои сѐ уште можеа да се ползуваат половина час пред почетокот и 2 1/2 часа по крајот на овој период, иако вкупното траење на нивната работа не би смеело да премине над 6 1/2 часа. Во времето на дискусијата по законов, фабричките инспектори му претставија на парламентот статистички податоци за бесрамните злоупотреби до кои води оваа аномалија. Но сѐ залудно. Задната мисла беше да се дотера работниот ден на возрасните работници, со помошта на децата, во годините на просперитетот пак на 15 часа. Опитот од следните 3 години покажа дека таков обид мора да се разбие поради отпорот на возрасните машки работници.[177] Поради тоа актот од 1850 мораше најпосле во 1853 да се дополни со забраната, „децата да се земаат на работа наутро пред, а навечер по младите лица и жените.“ Оттогаш фабричкиот акт од 1850 го регулира, со мали одземки, работниот ден на сите работници во индустриските гранки потчинети под него.[178] Од излегувањето на првиот фабрички закон до тоа време измина веќе половина век.[179]

Со „Printwork'ѕ Act“ (законот за печатење басми итн.) од 1845 за прв пат законодавството зафати надвор од својата првобитна сфера. Незадоволството, со кое капиталот ја допушти оваа нова „екстраваганција“, говори од секој ред на актот! Тој го ограничува работниот ден за децата од 8-13 години и за жените на 16 часа, меѓу 6 часот наутро и 10 часот навечер, без никаква законска пауза за јадење. Тој дозволува да 'ргаат машките работници над 13 години ден и ноќ, колку да сакаш.[180] Тој е парламентарно недоносенче.[181]

Сепак принципот победи со неговата победа во крупните индустриски гранки, што се својствена рожба на модерниот начин на производство. Нивниот чудесен развиток од 1853 до 1860, рака за рака со физичката и моралната преродба на фабричките работници, биеше и во најслепите очи. Самите фабриканти, од кои се извојувани законските граници и правилата за работниот ден со полувековната граѓанска војна чекор по чекор, со фалба укажуваа на контрастот со уште „слободните“ области за експлоатација.[182] Фарисеите на „политичката економија“ ја прогласија сега идејата за нужноста да се регулира законски работниот ден како карактеристична нова придобивка за нивната „наука“.[183] Лесно е да се разбере дека сега, откако фабричките магнати се покорија и измирија со неизбежноста, отпорната сила на капиталот постепено опаѓаше, додека едновремено нападната сила на работничката класа растеше со бројот на нејзините сојузници во општествените слоеви што не беа непосредно заинтересирани. Оттука релативниот брз напредок по 1860.

Бојаџилниците за бојадисување и белење[184] беа потчинети 1860 г. под фабричкиот закон од 1850, фабриките за тантели и плетачниците за чорапи во 1861. Поради првиот извештај на „Комисијата за детскиот труд“ (1863) истата судбина ја најде и мануфактурата на сите глинени стоки (не само грнчарниците), работилниците на кибритни чкорчиња, капси, патрони, фабриките за тапети, работилниците за стрижење памучно кадифе (fustian cutting) и многубројните процеси што се опфаќаат под заедничкиот израз „finishing“ (последното дотерување). Во 1863 година „белилниците на отворен воздух“[185] и лебарниците се ставени под специјални акти, од кои првиот, меѓу другото, забранува децата, младите лица и жените да работат ноќно време (од 8 часот навечер до 6 часот наутро), а вториот ја забранува употребата на лебарските помошници под 18 години меѓу 9 часот навечер и 5 часот наутро. Ние уште ќе се вратиме на попослежните предлози од споменатата комисија, кои предлози застрашуваат да им ја земат „слободата“ на сите поважни англиски индустриски гранки, со одземка на земјоделството, рударството и транспортот.[185а]

7. Борбата за нормален работен ден. Влијание на англиското фабричко законодавство врз другите земји

Читателот се сеќава дека производството на вишок на вредноста или извлекувањето вишок на трудот ја сочинува специфичната содржина и целта на капиталистичкото производство независно од преобразувањето на самиот начин на производството, што произлегува од потчинувањето на трудот под капиталот. Тој се сеќава, дека, според досега развиената гледна точка само самостојниот и според тоа законски полнолетен работник како продавач на стока склучува договор со капиталистот. Оттука, ако во нашата историска скица главната ролја ја игра од една страна модерната индустрија, од друга страна трудот на физички и правно неполнолетни, тоа е затоа што првата за нас важеше како особена сфера, а вториот само како особено силен пример за исцицување на трудот. Сепак, без да зафаќаме во подоцните изводи, само врз основа на простиот склоп на историските факти можеме да го извлечеме следново:

Прво: Во индустриите што беа најпрво револуционизирани со водата, пареата и машинеријата, во овие први созданија на модерниот начин на производството, во предачниците и ткајачниците на памук, волна, лен и коприна, најпрво беше задоволен стремежот на капиталот за безмерно и безобѕирно продолжување на работниот ден. Изменетиот материјален начин на производството и изменетите социјални односи на производителите произлезени од него[186] создаваат отпрво безмерни проширувања на границите на работниот ден, а после како реакција предизвикуваат општествена контрола, која работниот ден со неговите паузи законски го ограничува, го регулира и го прави еднообразен. Поради тоа оваа контрола се јавува во време на првата половина од 19 век само како изнимно законодавство.[187] Но штом таа ја освои областа на новиот начин на производство, се покажа дека меѓувремено не само што многу други производни гранки потпаднаа под вистински фабрички режим, туку дека и мануфактурата со повеќе или помалку застарен начин на работа, како грнчарници, стакларници, итн. и старомодните занаети, како лебарите, и најпосле самиот расфрлен таканаречен домашен труд, како клинчари итн.,[188] веќе одамна сосем потпаднале под капиталистичката експлоатација како и фабриките. Затоа законодавството беше присилено постепено да се ослободи од својот изнимен карактер, или, таму каде што се постапува според римската казуистика, како во Англија, произволно да се прогласи за фабрика (factory) која било куќа во која се работи.[189]

Второ: Историјата на регулирањето на работниот ден во некои гранки од производството, во други борбата што уште продолжува за ова регулирање, очевидно докажуваат дека одделниот работник, работникот како „слободен“ продавач на својата работна сила, на извесен степен од зрелоста на капиталистичкото производство подлегнува без отпор. Затоа воспоставувањето нормален работен ден е производ на една долготрајна, малу-многу прикриена граѓанска војна меѓу капиталистичката класа и работничката класа. Како што почнува борбата во областа на модерната индустрија, така таа најпрво се разигрува во нејзината татковина Англија.[190] Англиските фабрички работници беа првоборци не само на англиската работничка класа туку и на модерната работничка класа воопшто, како што и нивните теоретичари први ѝ ја фрлија нараквицата на теоријата на капиталот.[191] Затоа филозофот на фабриката Јур ја обвинува англиската работничка класа дека направила непоправлива срамота кога напишала на своето знаме „робување на фабричките закони“; спротивно на капиталот, кој машки се застапува за „полна слобода на трудот“.[192]

Франција полека куцка по Англија. Требаше да дојде февруарската револуција, за да се роди дванаесетчасовниот бил,[193] кој е многу понезадоволителен одошто неговиот англиски оригинал. Но покрај сето тоа францускиот револуционерен метод ги покажа и своите особени подробности. Со еден удар тој им диктира на сите работилници и фабрики без разлика иста граница на работниот ден, додека англиското законодавство против волјата попушта пред натискот на односите де на оваа точка де на онаа и се најдува на најдобриот пат да снесе некоја нова јуридистичка итроштина.[194] Од друга страна францускиот закон го прокламира принципиелно она, што во Англија се извојува во името на децата, неполнолетните и жените и што се бара дури во последново време како општо право.[195]

Во Соединетите Северноамерикански Држави секое самостојно работничко движење остануваше парализирано сѐ додека ропството наградуваше еден дел од републиката. Трудот во белата кожа не може да се ослободи таму, каде што трудот во црната кожа го носи на себе срамниот ропски печат. На од смртта на ропството веднаш изникна нов подмладен живот. Првиот плод на граѓанската војна беше агитацијата за осумчасовниот работен ден, што се рашири со локомотивски чекори од седум милји од Атлантскиот до Тихиот Океан, од Нова Англија до Калифорнија. Општиот работнички конгрес во Балтимор[19*] (16 август 1866) објавува:

„Првото и велико барање, за да се ослободи трудот на оваа земја од капиталистичкото ропство, е донесување закон според кој би требало да биде нормалниот работен ден во сите држави на американската унија 8 часа. Ние сме решени да ја вложиме целата наша сила сѐ додека не се постигне овој славен резултат.“[196]

Едновремено (во почетокот на септември 1866) „меѓународниот работнички конгрес“ [конгрес на Првата интернационала] во Женева, по предлог од Лондонскиот генерален совет, заклучи: „Ние го објавуваме ограничувањето на работниот ден за претходен услов без кој сите други настојувања за ослободување мораат да пропаднат... Ние предлагаме 8 работни часа како законска граница на работниот ден.“

Така, работничкото движење, што изникна инстинктивно на обете страни од Атлантскиот Океан од самите производствени односи, ги потврди зборовите на англискиот фабрички инспектор Р. Џ. Саундерс:

„Неможно е да се спроведат натамошни чекори за реформа на општеството со какви било изгледи на успех, ако претходно не се ограничи работниот ден и ако придружувањето за неговата пропишана граница не биде строго присилно.“[197]

Мора да се признае дека нашиот работник инаков излегува од процесот на производството од каков што влегува тој во него. На пазарот тој стапува како стопан на стоката „работна сила“ спроти други стопани на стоки, како стопан на стока спроти стопан на стока. Договорот, со кој тој му ја продава својата работна сила на капиталистот, докажува, така да се рече црно на бело, дека тој слободно располага со самиот себе. По склучената трговија се открива, дека тој сосем не бил „слободен агент“, дека времето, што му е слободно за да ја продаде својата работна сила, е време во кое тој е присилен да ја продава неа,[198] зашто вистински неговиот вампир не го пушта „сѐ додека останува за исцицување уште еден мускул, уште една тетива, уште една капка крв“.[199] За да се „одбранат" себеси од „змиите на своите маки“[20*] работниците мораат да се соединат, да ги стегнат своите редови и како класа да извојуваат државен закон, моќна општествена пречка, што ќе ги спречува дури самите нив да се продаваат себеси и својата порода во смрт и ропство врз доброволен договор со капиталот.[200] Место гиздавиот каталог на „неотуѓливите човечки права“ стапува скромната Magna Charta на законски ограничениот работен ден, што „најпосле јасно утврдува кога свршува времето што го продава работникот, и кога почнува времето што му припаѓа нему самиот.“[201] Quantum mutatus ab illo [Каква измена според она што беше]![21*]


Фусноти

[35] „Работниот ден е неопределена големина, тој може да биде долг или кус.“ („An Еѕѕау on Trade and Commerce, containing observations on Taxation etc.“, London 177, стр. 73).

[36] Ова прашање е бескрајно поважно отколку прочуеното прашање што ѝ го постави сер Роберт Пил на трговската комора во Бирмингем: „What is а pound?“ [што е тоа фунта (стерлинг)?] — едно прашање кое можеше да се постави само затоа оти и Пил знаеше за природата на парите исто толку малку како и „little shilling men” од Бирмингем.[1*]

[37] „Задачата на капиталистот е да извлече со издадениот капитал колку што се може поголема сума труд“. („D’obtenir du capital dépense la plus forte somme de travail possible).” J. G. Courcelle-Seneuil. “Traité théorique et pratique des entreprises industrielles.” II изд. Paris 1857, стр. 62.)

[38] „Загубата од еден час труд на ден е од огромна штета за трговската држава“. „Меѓу работните раце од ова Кралство владее мошне големо трошење за луксузни предмети, особено меѓу мануфактурниот плебс; освен тоа трошат и време, а таа е најпогубно растурање". („An Essay on Trade and Commerce etc“. London 1770, стр. 47, 153.)

[39] „Ако слободниот работник си дозволи себеси само еден момент починка, лакомата економија, што го следи со вознемирен поглед, тврди оти тој ја поткрадува." (N. Linguet: „Théorie des Lois Civiles etc“. London 1767, св. II, стр. 466.)

[40] Во време на големиот strikes [штрајк] на London builders [лондонски градежни работници] во 1860-61 за скусување на работниот ден на 9 часа, нивниот комитет издаде една изјава, што од збор до збор ѝ одговара на одбраната на нашиов работник. Изјавата, не без иронија укажува на тоа дека најлакомиот профитер меѓу „building masters” [градежните претприемачи], некојси сер М. Пето — го биел глас на светија“. (Истиот Пето по 1867 заврши исто како Штроугберг, т.е. со банкротство).

[41] „Оние што работат... всушност ги хранат и пензионерите... што се викаат богаташи, и самите себе“. (Edmund Burkе: „Thoughts and Details on Scarcity“. London 1800, стр. 2).

[42] Нибур сосем наивно забележува во своите Römische Geschichte: „Не може да се скрие оти делата, како што се етрурските, што нѐ зачудуваат со своите урнатини, претпоставуваат во малите (!) држави феудални господари и крепосници.“ Многу подлабоко рече Сисмонди, дека „бриселските тантели“ имаат за претпоставка наемен господар и наемен работник.

[43] „Човек не може да ги погледне овие несреќници (во рудниците на злато меѓу Египет, Етиопија и Арабија), кои ниеднаш не можат да ги држат чисти своите тела, нити можат да ја покријат својата голотија, без да ги сожали поради нивната ужасна судбина. Оти тука нема никаков обѕир и милост за болните, за доодените, за старите и за женските слабости. Присилувани со удари, сите мораат да работат понатака, сѐ додека смртта не направи крај на нивните страдања и маки“. (Диодор Сицилијанец, „Историска библиотека“. кн. 3, гл. 13.)

[44] Следново се однесува на состојбата во романските провинции, какви што беа пред превратот што е извршен по Кримската војна.

[44а] [Белешка кон третото издание. — Ова исто важи и за Германија, а специјално за Прусија источно од Елба. Во 15 век германскиот селанец беше задолжен со извесни давања во производи и труд, но инаку беше барем фактички слободен човек. Германските колонисти во Бранденбург, Пoмepaниja, Шлезија и Источна Прусија беа дури и правно признаени како слободни. Победата на дворјанството во Селанската војна направи крај на тоа. И не станаа повторно крепосници само победените јужногермански селани. Уште од средината на 16 век источнопруските, бранденбуршките, померанските и шлеските, а брзо потоа и шлезвигхолдштајнските слободни селани беа понижени до положба на крепосници. [Maurer: Geschichte der „Franhöfe” der Bauernhöfe und der Hafveгfassung in Deutschland. Erlangen 1862/63, св. IV. — Meitгen: „Der Boden und die landwirtschaftlichen Verhältnisse der preussischen Staates“ nach dеm Gebietsumfange von 1866. Berlin 1873. — Hanssen. „Leibeigenschaft in Schlesig — Holstein“. Ф. Е.)

[45] Понатамошни подробности можат да се најдат во Е. Regnault: „Histoire politique et sociale des Principautés Danubiennes“. Paris 1855. [стр. 303, 321 и натаму.]

[46] „Воопшто може да се зборува во извесни граници за процветот на органски суштества ако тие ја преминуваат средната мера на својот вид. Телесната мера на човекот се смалува ако му се попречува на неговото напредување било од физички или од социјални услови. Во сите европски земји каде што има општа воена обврска, намалија од нејзиното воведување средната телесна мера на возрасните мажи и општо нивната способност за војничка служба. Пред револуцијата (1789) минимумот за пешадијата во Франција беше 156 сантиметри; 1818 (од 10 март) 157, а според законот од 21 март 1835 беше 156 см.; средно во Франција се одбиваат над половината од регрутите поради недостатен раст и физички недостатоци. Војничката мера во Саксонија 1780 беше: 178 сантиметри, а сега 155. Во Прусија таа е 157. Според податоците во Bayerische Zeitung од мај 1862, изнесени од д-р Мајер, се покажа дека во Прусија, според еден 9-годишен период, од 1.000 регрути излегуваат 716 неспособни за војничка служба: 317 поради недостатна висина и 399 поради физички недостатоци... Берлин во 1858 г. не можеше да го исполни својот контингент од дополнителен кадар, не му стасуваа 156 луѓе.“ (J. v. Liebig: „Die Chemie in ihrer Anwendung auf Agrikultur und Physioiogie“. 7 изд. 1862, св. I, стр. 117, 118.)

[47] Историјата на фабричкото законодавство од 1850 ќе се изнесе подоцна во оваа глава.

[48] На периодот од почетокот на крупната индустрија во Англија од 1845 ние се запираме само овде-онде, а затоа го упатуваме читателот на „Die Lage der arbeitenden Klasse in England“ од Фридрих Енгелс, Leipzig 1845. Колку длабоко го разбрал Енгелс духот на капиталистичкиот начин на производството покажуваат Factory Reports, Reports on Mines [извештај на фабричките и рудничките инспектори] итн. излезени од 1845 год., а колку чудесно ја сликаше состојбата во детали се гледа од најповршната споредба на неговото дело со официјалните извештаи на Children's Employment Commission [комисија за проучување на детскиот труд], излезени 18 до 20 години подоцна. Овдека се работи имено за индустриските гранки во кои сѐ да 1862 уште не беше воведено фабричкото законодавство, а делум не е заведено уште ни сега. Според тоа состојбата што ја опиша Енгелс овдека се нема горе-долу многу изменето поради мешањето однадвор. Мојот пример го зедов јас главно од периодот на слободната тргавија по 1848, од она рајско време, за кое толку многу им се изнадрдорија[4*] на Германците колку фалбаџиските, толку и научно празните прематари на идеите за слободната трговија. Освен тоа Англија овдека фигурира на преден план само поради тоа што таа е класен претставник на капиталистичкото производство и што само таа има официјална редовна статистика за предметот за кој станува збор.

[49] „Suggestions etc. by Mr. L. Horner, Inspector of Factories“ во „Factories Regulation Act, Ordered by the House of Commons to be printed 9. August 1859, стр. 4, 5.

[50] „RIF, за 31 октомври 1856“, стр. 35.

[51] „RIF, за 30 април 1858“, стр. 9.

[52] Исто, стр. 43.

[53] Исто, стр 25.

[54] „RIF, за 30 април 1861“. Види „Appendix No. 2 во RIF, за 31 октомври 1862“, стр. 7, 52. Во второто полугодие од 1863 пречекорувањата станаа многубројни. Спор. „RIF, за 31 октомври 1863“, стр. 7.

[55] „RIF, за 31 октомври 1860“, стр. 23. Со каков фанатизам, според свидетелските искази на фабрикантите, се противставуваат пред судот нивните фабрички раце против секое прекинување на фабричкиот труд, ни покажува следниов куриозум. Во почетокот на јули 1836 полициските судови во Дјуисбери (Јоркшир) добија пријава, во која се вели оти сопствениците на 8 крупни фабрики во близина на Бетли го нарушиле фабричкиот закон. Еден дел од овие господа беше обвинет дека кај нив работеле 5 деца од 12 до 15 години од 6 часот наутро во петокот до 4 часот попладне во следната сабота, без да им се даде каква било починка, освен обедите и еден час за спиење околу полноќ. И овие деца требало да вршат 30 часа труд непрекинато во „shoddyhole“, како што се вика дупката во која се расчепкуваат волнени партали и каде што облаци од прав, отпадоци итн. присилуваат дури и еден возрасен да ја држи постојано устата врзана со шамија за да ги зачува градите! Господата обвинети дадоа збор наместо клетва — оти како квекери биле луѓе со премногу религиозни скрупули за да земаат клетва — дека тие во своето големо милосрдие им дозволувале на бедните деца да спијат 4 часа, но упоритите деца никако не сакале да одат да си легнат в постела! Господата квекери беа осудени на глоба од 20 ф. ст. Драјден како да ги предосетил овие квекери:

„Лисица полна со измамна светост,
таа се плаши да се колне,
но како ѓавол може да лаже,
испостена — и божовно гледа
и нема таа да стори грев,
без молитва да исчита прво!“

[56] „RIF, за 31 октомври 1856“, стр. 34.

[57] Исто, стр. 35.

[58] Исто, стр. 48.

[59] Исто.

[60] Исто.

[61] Исто.

[62] Moments are the elements of profit („RIF, за 30 април 1860“, стр. 56).

[63] Овој израз доби официјална право на граѓанство како во фабриката, така и во фабричките извештаи.

[64] „Стрвноста на фабрикантите ги прави нив да вршат во ловот за профит такви жестокости, што во ништо не заостануваат од жестокостите што ги покажаа Шпанците по освојувањето на Америка во ловот на злато.“ (John Wade, “History of the Middle and Working Classes,” 3 изд. London, 1835, p. 114.) Теоретскиот дел на оваа книга, еден вид основа на политичката економија, содржи по нешто оригинално за своето време, на пр. за трговските кризи. Историскиот дел врие од бесрамни плагијати од Sir F. M. Eden: „The State of the Poor,” London, 1797.

[65] Лондонскиот „Daily Telegraph“ од 17 јануари 1860.

[66] Спореди го Енгелс: „Положбата на работничката класа во Англија“, Leipzig 1845, стр. 249 до 251.

[67] „СЕС, I, 1863“, Еvidence, стр. 16, 19, 18.

[68] PHR, III, стр. 102, 104, 105.

[69] СЕС, 1863, стр. 24, 22 и ХI.

[70] Исто, стр. XLVII — XII.

[71] Исто, стр. LIV.

[72] Ова не треба да се земе за вишок на работното време во нашата смисла на зборот, овие господа 10 1/2 часовниот труд го третираат како нормален работен ден, што значи го вклучува во себе и нормалниот вишок на трудот. Оттука почнува „прекувремениот“, што е платено нешто подобро. Ние ќе имаме случај да видиме попосле оти применувањето на работната сила во време на таканаречениот нормален работен ден се плаќа под вредноста, така што „прекувремениот“ е едно чисто капиталистичко лукавство, за да се исцеди што повеќе „вишок на труд“, што впрочем си останува така дури и тогаш кога работната сила што се употребува за време на „нормалниот работен ден“ навистина се плаќа по нејзината полна вредност.

[73] СЕС, 1863, Evidence, стр. 123, 124, 125, 140 и LIV.

[74] Стипца, ситно истолчена или измешана со сол, е еден од нормалните трговски артикли и носи карактеристично име „baker'ѕ stuff“ [лебарски материјал].

[75] Саѓите, како што се знае, се една мошне енергична форма на јаглерод и образуваат средства за ѓубрење што им го продаваат капиталистичките оџачари на закупниците. Сега, 1862, британскиот „Juryman“ [поротник] имаше да реши во еден процес дали саѓите, во кои се измешани, без знаење на купувачот, 90% прав и песок, се „вистински“ саѓи во „трговска“ смисла, или „фалсифицирани“ саѓи во „законска“ смисла. „Ammis du camerce” [пријатели на трговијата], решија оти се тие „вистински саѓи“ и му го одбија обвинението на закупникот, кој, одозгора на тоа, ги плати и трошоците за процесот.

[76] Францускиот хемичар Шевалје во една статија за „софистикациите“ [фалсификација] на стоките наброи, меѓу 660-те артикли што ги разгледувал, дека многу од нив имаат по 10, 20 и 30 различни начини на фалсифицирање. Тој притоа додава оти нему не му се познати сите начини, а и не ги споменува сите што му се познати нему. За шеќерот тој дава 6 начини за фалсифицирање, 9 за маслиновото масло, 10 за путерот, 12 за солта, 19 за млекото, 20 за лебот, 23 за ракијата, 24 за брашното, 28 за чоколадата, 30 за виното, 32 за кафето итн. Дури ни милостивиот господ не е спасен од оваа судбина. Види: Ronard de Card: „De la falsification des substances sacramentelles,” Paris, 1856.

[77] „Report etc. relative to the grievances complained of by the journeymen bakers etc.“ London 1862 и „Ѕecond Report etc.“ London 1863.

[78] Исто, „First Report etc.“, стр. VI.

[79] Исто, стр. LXXI.

[80] George Read: „The History of Baking“. London 1848, стр. 16.

[81] „Report (First) etc. Evidence.“ Исказот „full-priced baker“ Cheeseman, стр. 108.

[82] George Read: „The History of Baking“. London 1848. При крајот на 17 и во почетокот на 18 век (агентите) што се вовлекле во сите можни претпријатија уште се обележувале официјално како „Public nuisances” [публично зло]. Така на пр. Grand Jury во време на тримесечното заседание на мировните судии во грофовството Сомерсет испрати до Долниот Дом една „presentment“ [претставка], во која, меѓу другото, се вели: „дали тие агенти од Блеквел Хол се општествено зло и се штетни за индустријата за облекло и дека како зло треба да се укинат.“ („The Саѕе of our English Wool etc“. London 1685, стр. 6, 7.)

[83] „First Report etc.“, стр. VIII.

[84] „Report of Committee on the Baking Trade in Ireland for 1861.”

[85] Истo.

[86] Публичен митинг на земјоделските работници во Ласвед кај Глазгов од 5 јануари 1868 (види: „Workman'ѕ Advocate“ од 31 јануари 1866.) Образувањето на еден тредјунион меѓу земјоделските работници при крајот на 1855 најпрво во Шкотска е историски настан. Во една од најпотиснатите земјоделски околии во Англија, во Бакингемшир, стапија наемните работници во март 1867 во голем штрајк за зголемување на неделната наемнина од 9-10 шил. на 12 шил. — (Од изнесеното се гледа дека движењето на англискиот земјоделски пролетаријат, што беше наполно скршено по задушувањето на неговите енергични демонстрации по 1830, и имено по воведувањето на новите закони за бедните, почна пак во шеесеттите години и најпосле во 1872 стана епохално. Јас ќе се вратам на овој предмет во II книга, како и на Сините Книги за положбата на англиските земјоделски работници излезени во 1867. Додаток кон третото издание.)

[87] „Reynold'ѕ Paper” од 24 јануари 1866. Веднаш потоа истиот неделен весник донесува за тоа од недела на недела цела редица нови железнички катастрофи под „sensational headings“ [сензационални заглавија]: „Fearful and fatal accidents“ [страшни и фатални несреќни случаи] „Apalling tragedies“ [ужасни трагедии] итн. На тоа одговори еден работник од линијата Норд Стафорд. „Секој ги знае последиците ако слабне само за момент вниманието на машинистот на локомотивата и огнарот. А како е можно да биде инаку при безмерно продолжување на трудот, во најсурово време, без запирка и починка? Земете го како пример следниов случај што се врши секој ден. Последниов понеделник еден огнар ја започна својата дневна работа мошне рано. Тој ја сврши неа по 14 часа и 50 минути. Уште пред да стаса да си го испие чајот, го викнаа пак на работа. Според тоа, тој 'ргаше 29 часа и 15 минути без прекин. Остатокот од неговата неделна работа бил распореден вака: среда 15 часа, четврток 15 часа и 35 минути, петок 14 1/2 часа, сабота 14 часа и 10 минути, вкупно во неделата 88 часа и 40 минути. А сега замислете си како бил изненаден кога нему му исплатиле само за 6 работни дена. Човекот беше нов и праша што се разбира под еден работен ден. Одговор: 13 часа, значи 78 часа неделно. Но кој ќе му ги плати прекумерните 10 часа и 40 минути? По долги препирки тој доби една награда од 10 пенси“. (Исто, од 4 февруари 1866.)

[88] Спореди: Friedrich Engels: „Die Lage etc.,“ стр. 253, 254 (Положбата на работничката класа во Англија).

[89] Д-р Летеби, лекар при Board of Неаlth [санитетски совет], објасни тогаш: „Минимумот воздух за возрасните треба да биде 300 кубни стапала во една спална и 500 кубни стапала во една соба за живеење“. Др. Ричардсон, главниот лекар во една лондонска болница, вели: „Шивачките од секој вид, помодните шивачки, шивачките на долни алишта и обичните шивачки страдаат од тројна беда — претеран труд, недостиг на воздух и недостиг на храна или недостаток во варењето на храната. Овој вид труд, општо земено во сите услови подобро им одговара на жените отколку на мажите. Но несреќата на оваа индустрија се состои во тоа што таа, особено во престолнината, е монополизирана од некои 26 капиталисти, а со присилните средства што произлегуваат од капиталот (that spring from capital) насила извлекуваат економија од трудот (force economy out of labour; тој мисли, економија во трошоците со растурање на работната сила). Нивната моќ ја сетува на себеси целата оваа класа од работнички. Ако успее некоја шивачка да добие еден мал круг клиенти, тогаш конкуренцијата ја присилува неа да се отепа работејќи дома за да ги дочува тие клиенти, и со истиот претеран труд таа нужно мора да ги натовари и своите помошнички. Ако нејзиното претпријатие не успее, или ако таа не може самостојно да се нареди, тогаш таа се обрнува кон некое претпријатие каде што работата не е ништо помала, но каде што е платата посигурна. На тој начин таа просто станува робинка, фрлана наваму-натаму од секој бран на општеството; де дома умира од глад во некоја малечка собичка, или е блиску кон тоа; де работи после пак по 15, 16 дури и по 18 часа од 24 часа во одвај издржлив воздух и со храна која, и кога би била добра, не би можела да се сомеле во организмот поради недостиг на чист воздух. Од овие жртви живее офтиката, која и не е ништо друго освен болест предизвикана од лош воздух.“ (Dr. Richardson: „Work and Overwork“ во „Social Science Review“, 18 јули 1863.)

[90] „Morning Star“ 23 јуни 1863. „Тајмс“ го исползува случајот за одбраната на американските сопственици на робови од Брајта итн. „Мнозина од нас — вели „Тајмс“ — мислат оти сѐ додека самите ние ги тераме нашите млади жени да се отепуваат од работа со камшикот на гладот, наместо со плускањето нa камшикот, ние одвај имаме право да фрламе дрвја и камење на фамилиите што се родени како сопственици на робови и што своите робови барем ги хранат добро и ги тераат да работат умерено“. („Тајмс“ од 2 јули 1863). На ист начин „Standard“, еден ториевски весник, му држи проповед на преподобниот Њумен Хол: „Тој ги исклучува од црквата сопствениците на робовите, но му се моли на бога заедно со добрите луѓе што ги тераат лондонските пајтонџии и кондуктерите на омнибусите итн. да работат по 16 часа на ден за една кучешка наемнина.“ Најпосле зазборува и пророкот г. Том Карлајл, за кого јас пишував уште во 1850: „Генијот отиде по ѓаволите, култот си остана. Во една куса парабола го сведува тој единствениот крупен настан на современата историја, Американската граѓанска војна, на тоа што Петар од Север сосе сета сила сака да му ја скрши главата на Павле од Југ, само дека Петар од Север ги изнајмува своите работници „дневно“, а Павле од Југ ги „изнајмува нив за цел живот“. (Macmillan'ѕ Magazine”. Ilias Americana in nuce. Број од август 1863, [стр. 301]. Така најпосле пукна сапунениот меур од симпатии на Ториевците спрема градските — но никако не и спрема селските наемни работници. Јатката од овие симпатии се вика — ропство!

[91] Dr. Richardson: „Work and Overwork” во „Social Science Review“ од 18 јули 1863. [стр. 476 и натаму].

[92] „ТЕТ, Third Report“. London CEC 1864, стр. IV, V, VI.

[93] „Како во Стафордшир, така и во Јужен Велс во рудниците на јаглен и во складовите на кокс работат млади девојки и жени не само дење туку и ноќе. Во извештаите што се доставувани пред парламентот повеќе пати се укажувало на големите и очевидните лоши резултати од таква постапка. Тие жени, работејќи заедно со мажи, по алиштата тешко можат да се разликуваат од нив, извалкани од кал и чад, го губат уважувањето спрема сами себеси и стануваат ниско карактерни. Тоа е исклучиво нужна последица од нивното неженско занимање“. [Исто, 194, стр. XXVI. Cпop. IV. Report (1765), 61 стр. XIII]. Исто така е и во фабриките за стакло.

[94] „Изгледа природно“, забележува еден фабрикант на челик, кој употребува деца за ноќна работа, „дека младите што работат и ноќе, не можат да спијат преку денот нити да ја добијат редовната починка, туку се принудени на следниот ден да талкаат незапирно наоколу.“ (СЕС, IV, 63, стр. XIII). За важноста на сончевата светлина за одржување и развивање на телото еден лекар, меѓу другото, забележува: „Светлината директно дејствува врз ткивото на телото, на кое му дава цврстина и еластичност. Мускулите на животните, на кои им се запира нормалното количество светлост стануваат меки и нееластични. Поради недостиг на возбуденост нервната сила го губи својот тонус, и развитокот на сешто што се најдува во процесот на растењето се спречува ... Што се однесува за децата, за нивното здравје е сосем неопходно потребно за еден дел од денот постојано да им приидува изобилна дневна светлина и директни сончеви зраци. Светлината помогнува да се преработи храната во добра пластична крв и го зацврстува влакното на мускулите штом е тоа образувано. Таа исто така дејствува и како средство за возбуда врз органите на видот и со тоа предизвикува поголеми дејности во различните функции на мозокот.“ Г. В. Стренџ, главен лекар на „General Hospital” во Вустере, од чиј спис „За здравјето“ (1864) е земено ова место, му пишува во една писмо до еден член на иследната комисија, на г. Хвојт: „Порано имав случај да го набљудувам во Ланкашир дејството на ноќниот труд врз фабричките деца, и наспроти омиленото тврдење на некои работодавачи, решително изјавувам дека здравјето на децата бргу страда од тоа.“ (CEG, IV, 284, стр. 55.) Дека такви нешта можат општо да сочинуваат предмет на сериозни расправи, најдобро покажува како дејствува капиталистичкото производство врз „функцијата на мозокот“ на капиталистите и на нивните retainers [слуги].

[95] Исто, стр. XII.

[96] Исто, (IV Report 1865), 58, стр. XII.

[97] Исто.

[98] Исто, стр. XIII. Степенот на образoваноста на овие „работни сили“ природно морал да биде онаков како што се покажува во следниов дијалог со еден член од иследната комисија: Јеремија Хејнз, дете од 12 години: „...Четири пати по четири е осум, но четири четворки (4 fours) се 16... За него е крал оној што ги има сите пари и злато. (A king is him that has all the money and gоId). Ние имаме крал, велат, оти е тој кралица, неа ја викале принцеза Александра, велат оти таа се омажила за синот од кралицата. Принцезата е маж.“ В. Тернер, дванаесетогодишен: „Не живеам во Англија. Мислам оти има една таква земја, но досега не знаев ништо за тоа“. Џон Морис, четиринаесетгодишен: „Сум слушнал да зборуваат оти господ го создал светов и оти сиот народ се поиздавил, само еден останал: сум чул оти едниот бил една мала птица“. Вилијам Смит, петнаесетгодишен: „Господ го создал мажот, мажот ја создал жената.“ Едвард Тејлор, петнаесетгодишен: „Јас ништо не знам за Лондон“. Хенри Метјумен, седумнаесетгодишен: „Одам напати в црква ... Едно име за кое тие проповедуваа беше некојси Исус Христос, но јас не можам да кажам ниедно друго име, а јас не можам ни за него ништо да кажам. Тој не беше убиен, туку си умрел како сите други луѓе. Тој во извесен поглед не беше таков како другите луѓе, зашто во извесен поглед тој беше религиозен, а другите не се тоа.“ Не was not the same as other people in ѕоmе ways, because he was religiouѕ in some ways, and others isn't. Исто, 74, стр. XV. „Ѓаволот е добро лице. Јас не знам кај живее тој“, „Христос беше лош човек.“ („The devil is a good person. I don't know where he lives.“ „Christ was а wicked man.“) „Тоа девојченце (десетгодишно) знаело да го срича God Dog [Бог Пес], а не го знаело името на кралицата.“ CEC, V, 1866, стр. 55. Бр. 278). Истиот систем што го има во споменатите металски мануфактури, го има и во фабриките за стакло и хартија. Во фабриките за хартија, каде што хартијата се прави со машини, ноќниот труд е правило за сите процеси освен за сортирањето на парталите. Во некои случаи ноќниот труд се продолжува со смени непрекинато преку целата недела, обично од ноќта во неделата па до 12 часот ноќта во следната сабота. Работниот персонал што се најдува во дневната смена работи 5 дена по 12 и еден ден по 18 часа, а персоналот од ноќната смена работи 5 ноќи по 12 и една по 6 часа во секоја недела. Во други случаи секоја смена работи по 24 часа едноподруго во секој втор ден. Една смена работи 6 часа во понеделник, а 18 часа во сабота, за да надополни 24 часа. Во други случаи е воведен среден систем, во кој сите наместеници на машините за правење хартија работат секој ден во неделата по 15-16 часа. Овој систем, вели членот на иследната комисија Лорд, изгледа дека го соединува во себеси сето зло од дванаесетчасовните и дваесетчетиричасовните смени. Деца под 13 години, млади лица под 18 години и жени работат под овој ноќен систем. Во дванаесетчасовниот систем напати тие морале да работат, поради неидењета на смената, двојна смена од 24 часа. Исказите на сведоците укажуваат дека децата и девојчињата мошне често работат прекувремено, што не ретко се продолжува на 24, дури 36 часа непрекинат труд. Во „непрекинатиот и неизменливиот“ процес на гланцирањето се најдуваат девојченца од 12 години што преку цел месец работат дневно по 14 часа „без некоја редовна починка или прекинување, освен две, најмногу три получасовни паузи за јадење“. Во некои фабрики, каде што е сосем отфрлен редовниот ноќен труд, ужасно многу се работи прекувремено „и тоа често на најгнасните, најжешки и најмонотони процеси.“ CEC, IV, 1865, Стр. XXXVIII и XXXIX.)

[99] CEC, IV, 1865, 79, стр. XVI.

[100] Исто, 80, стр. XVI.

[101] Исто, 82, стр. XVII.

[102] Во нашево време, богато со рефлексии и резонирања, оној што не знае да изнајде добра причина за сешто, та и за најлошото и за најопачното, мора да не стасал далеку. Сѐ што е во светов упропастено, сѐ е упропастено со добри причини“. (Hegel: „Enzyklopädie”, Erster Teil: „Die Logik”. Berlin, 1840, стр. 249.)

[103] CEC, IV, 1865, стр. 85. На слични деликатни расудувања на г.г. фабрикантите за стакло дека „редовното време за јадење“ на децата е неможно да се одобри, оти со тоа би се дошло до „чиста загуба“ и до „упропастување определени количества топлина што јa испуштаат печките, одговори членот на иследната комисија Хвајт, кого сосем не го засегнуваат „воздржаноста“, „одрекувањето“ и „штедливоста“ на капиталистите во трошењето на нивните пари и нивната Тиму-Тамерланска „растурност“ во трошењето на човечките животи, онака како што ги засегнуваат Јур, Сениор итн. и нивните бедни германски имитатори, како што е Рошер итн. „Поради осигурувањето на редовното време за јадење може да се изгуби извесно количество топлина повеќе отколку доceгa, но дури и во парична вредност тоа не е ништо во споредба со растурањето на животните сили („the waste of animal power“), кое за кралството произлегува сега оттука што децата кои работат во фабриките за стакло, и кои се во годините на растење, немаат ни толку слободно време, што да можат да си ја изедат храната спокојно и да ја сварат во организмот“. (Исто, стр. XLV). И тоа во „годината на напредок“ — 1865! А да не зборуваме за трошењето сила при кревањето и носењето: едно такво дете во фабриките за шишиња и кристални стакла, поминува за време непрекинато исполнување на својата работа 15 до 20 (англиски) милји за 6 часа! А работата често трае 14 до 15 часа! Во многу од овие фабрики за стакло владее, како во предилниците во Москва, системот од шестчасовни смени. „През целото работно време во неделата најголемото непрекинато работно време за починка изнесува 6 часа, и од таа треба да се одбие време за одење кон фабриката и за враќање, за миење, облекување, јадење, што сѐ си сака време. Така навистина останува само најкусо време за починка. Нема место за игра и за свеж воздух, освен за сметка на спиењето, толку потребно за деца што вршат најнапорна работа во врела атмосфера... И самото кусо спиење се прекинува со тоа што детето мора ноќе да се разбудува само, а дење се разбудува поради вревата што иде однадвор. Г. Хвајт дава случај каде што едно момче работело едноподруго 36 часа; друг случај, каде што децата од 12 години 'ргале до 2 часа ноќта и тогаш оделе да спијат во фабриката до 5 часа наутро (3 часа), и пак да ја почнат дневната работа! „Масата труд“ — велат редакторите на општиот извештај Тременхир и Тафнел — „што jа даваат децата, девојчињата и жените во текот на својата дневна или ноќна смена („ѕреll of labour”) е баснословна“. (Исто, стр. XLII и XLIV). А притоа можеби се случува некојпат доцна навечер капиталистот од стаклената индустрија, „преполнет со самоодрекнување“ поднапиен да се порева од клубот накај дома со идиoтско брмчење “Britons never, never shall be slaves!” [Британците никогаш нема да бидат робови].[9*]

[104] Во Англија на пр. ќе се најде сѐ уште овде-ондe случај да се осуди некој работник на казна затвор оти ја обесветувал неделата поради тоа што работел во градината пред својата куќа. Истиот работник ќе биде казнет поради кршење договор, ако не дојде во недела, па дури тоа да било и поради религиозни мушици, во фабриката за метал, хартија или стакло. Ортодоксниот парламент нема уши за да чуе за обесветување на неделата, ако се врши тоа во „процесот за оплодување“ на капиталот. Во еден меморандум (од август 1863), во кој лондонските надничари од продавниците за риби и птици бараат укинување на неделниот труд, се вели оти нивниот труд трае во првите 6 дена во неделата средно по 15 часа на ден, а во неделата 8 до 10 часа. Едновремено може да се разбере од овој меморандум дека овој „неделен труд“ особена е причинет и заоструван од паевтиното гурманство на аристократските побожници од Exeter Наll.[10*] Овие „светии“ така ревносни „in cute curanda“ [во грижата за свето благоутробие] го покажуваат своето христијанство со преданоста, со која го поднесуваат претераниот труд, немаштината и гладот на трети лица. Obsequium ventrіs istis (на работниците) pernicioslus еѕt [благоутробието за нив (работниците) е многу опасно].

[105] Ние изнесовме во понапрежните извештаи изјави од повеќе искусни фабриканти... кои се доказ оти прекувремениот труд ја повлекува по себе опасноста предвремено да се исцрпе работната сила на работникот.“ CEC, IV Rep., 1865, стр. ХIII.)

[106] Ј. С. Cairnes: The Slave Power“, стр. 110, 111.

[107] John Ward: „History of the Borough of Stokе-uроn-Trent". London, 1843, стр. 42.

[108] Говорот на Феранд во Долниот дом од 27 април 1863.

[109] „That the manufacture would absorb it and use it up.“ Those were the very words used by the cotton manufacturers. (Исто).

[110] Исто. И покрај својата најдобра волја да им излезе во пресрет на фабрикантите, Вилјерс беше „законски“ ставен во таква положба што мораше да ги одбие нивните барања. Сепак господата ја постигнаа својата цел благодарение на услужноста на месните управи за бедните. Г. А. Редгрев, фабричкиот инспектор, уверува оти овој пат системот според кој сираците и сиромашките деца „законски“ важат како apprentices (чираци) „не беше проследен од старите злоупотреби“ — (за овие „злоупотреби” види: Die Lage der arbeiteiden Кlаѕѕе etc.) иако секако во еден случај „системот беше повреден во однос на девојчињата и младите жени што беа доведени од земјоделските околии на Шкотска во Ланкашир и Чешир.“ Во овој „систем“ фабрикантот склучува договор со управата на домовите за бедните за определено време. Тој го храни, го облекува и му дава живеалиште на детето, а освен тоа му дава мала доплата во пари. Чудно ѕвонат следниве забелешки на г. Редгрев, особено ако се има на ум оти, дури меѓу годините на просперитетот на англиската памучна индустрија, годината 1860 се истакнува како единствена, а и наемнините особена високо се кренаа, бидејќи извонредното барање на труд најде пречка во смалувањето на населението во Ирска, во беспримерното иселување на англиските и шкотските земјоделски околии за Австралија и Америка, во позитивното смалување на населението во некои англиски земјоделски околии, делум поради успешно постигнатото скршување на животната сила, делум поради понапрежното исцрпување на расположивото население од страна на трговците со човечко месо. И покрај сето тоа г. Редгрев вели: „Овој вид труд (со деца од домовите за бедни) сепак се применува само тогаш, ако не може да се најде никаков друг, оти тој е скап труд (high-priced labour). Обичната наемнина за една дете од 13 години е приближно 4 шил. неделно; но да им се дадат живеалишта, да се облекуваат, да се хранат, да се осигурат со лекарска помош и соодветно надгледување 50 или 100 такви деца и на тоа одозгора да им се дава додаток во пари, за сѐ тоа недостасува 4 шил. неделно на глава.“ (RIF за 30 април 1860, стр. 27). Г. Редгрев заборава да каже како ќе може работникот сам да го постигне сево ова за своите деца со 4-те шил. наемнина, ако не може тоа фабрикантот за 50 или 100 деца што живеат заедно, што се хранат и надѕируваат заедно. За да се избегнат погрешни заклучоци од текстот, мора овде да го забележам уште тоа дека англиската памучна индустрија, нејзиното потчинување под фабричкиот акт од 1850 со неговото регулирање на работниот ден итн., треба да се смета како примерна индустрија на Англија. Англискиот работник во памучната индустрија во секој поглед стои повисоко од неговиот континентален другар по судбина. „Прускиот фабрички работник работи најмалку 10 часа неделно повеќе од неговиот англиски колега, а ако тој работи дома на својот сопствен разбој, тогаш паѓа и оваа граница на неговите додатни работни часови.“ (RIF, од 31 октомври 1855, стр. 103.) Гореспоменатиот фабрички инспектор Редгрев патувал по индустриската изложба од 1851 на континентот, специјално во Франција и Прусија за да ја проучува тамошната состојба во фабриките. Тој вели за прускиот фабрички работник: „Тој добива наемнина што е достатна за набавување проста храна и малку комфор со кој навикнал и со кој е задоволен ... Тој живее полошо, а работи потешко од неговиот англиски колега.“ (RIF за 31 октомври 1853, стр. 85.)

[111] „Оние што работат претерано умираат со поразна брзина; но местата на оние што пропаднуваат се исполнуваат пак веднаш, а честата измена на лицата не предизвикува никаква измена на сцената.“ („England and America“. London 1833. кн. I, стр. 55. Писател E. G. Wakefield.)

[112] Види: „Public Health Sixth Report of the Medical Officer of the Privy Council 1863”, објавен во Лондон 1864. Овој извештај зборува особено за земјоделските работници. Грофовството Содерленд сакало да се претстави како мошне напреднато грофовство, но едно поново испитување откри дека овде во околиите, некогаш толку прочуени со личните мажи и херојството на војниците, жителите се дегенерирале во една сува и спечена раса. Во најздравите места на падините, по бреговите навртени со лице кон морето, лицата на нивните деца се така бледи и испиени, како што може тоа да биде само во смрдливата атмосфера на некоја зафрлена лондонска улица.“ (Thornton: "Overpopulation and its Remedy", London 1864, стр. 74, 75.) Тие всушност личат на оние 30.000 „gallant Highlanders“ [јуначки планинци] што живеат во глазговските wynds и closes [сокаци и дворови] заедно со проститутки и арамии.

[113] „Иако здравјето на населението е еден многу важен елемент на националниот капитал, за жалост ние мораме да признаеме оти капиталистите сосем не се расположени да го ценат и чуваат ова благо ... Да го имаат предвид здравјето на работникот, на фабрикантите им беше натурено насилно.“ („Times“, 5 ноември 1861). „Луѓето од Вест Ридинг станаа производители на платно за човештвото, ... здравјето од работниот народ беше жртвувано, и во неколку генерации расата ќе беше дегенерирана, ако не настапеше една реакција. Часовите на детскиот труд беа ограничени итн.“ („Report of the Registar General“ for October 1861.)

[114] Затоа ние гледаме на пр. дека во почетокот на 1863, 26 фирми што имаат големи грнчарници во Стафордшир, меѓу кои и Џ. Веџвуд и синови, во еден меморандум молат „за присилно мешање на државата“. „Конкуренцијата со други капиталисти“ не им дозволува „доброволно“ ограничување на работното време за децата итн. „И затоа макар колку многу да жалиме за гореспоменатото зло, би било невозможно да се отстрани таа со некаква каква било согласност меѓу фабрикантите... При разгледувањето на сиве овие точки ние дојдовме до увереност оти е неопходен еден присилен закон.“ (СЕС, 1, 1863, стр. 322.)

Додаток кон белешката 114. Блиското минато, ни дава еден многу изразит пример. Висината на цената на памукот, во една епоха на трескави работи им давала повод на стопаните на памучните ткајачници во Блекберн да се согласат да го скусат работното време во нивните фабрики за еден определен рок. Овој рок истекува приближно при крајот на ноември (1871). Притоа побогатите фабриканти, во чии фабрики предењето е соединето со ткаењето, го исползуваа смалувањето на производството условено со оваа согласност за да ги рашират своите сопствени претпријатија и така на сметка на малите фабриканти да направат големи профити. Последниве сега штом се најдоа во неволја се обрнаа кон фабричките работници и ги повикаа сериозно да ја спотераат агитацијата за деветчасовен работен ден, и им ветија парични прилози за оваа цел!

[115] Овие работнички статути, што ги најдуваме едновремено и во Франција, Холандија итн. беа во Англија формално укинати дури во 1813, откако тие веќе одамна беа отстранети од страна на производствените односи.

[116] „Ни едно дете под 12 години не смее да работи ни во едно фабричко претпријатие подолго од 10 часа дневно.“ („General Statutes of Massachusetts“. 63, ch. 12. — Наредбите беа донесени 1836-1858) „Работното време од 10 часа има да се смета како законски работен ден како во сите индустриски претпријатија за памук, волна, коприна, хартија, лен и стакло, така и во индустријата за железо и метал. Се пропишува да не смее во иднина ни едно момче да биде задржано на работа во каква било фабрика нити присилно да работи подолго од 10 часа на ден или 60 часа неделно. Ниеден малолетен од под 10 години не смее да работи како работник во фабрика во оваа држава.“ (State of New Jersey. An act to limit the hours of labour etc. 61 and 62. — Закон од 11 март 1855) „Ни едно дете меѓу 12 и 15 години не смее да биде на работа во индустриско претпријатие подолго од 11 часа дневно, нити пред 5 часот наутро нити по 7 1/2 часот навечер.“ („Revised Statutes of the State of Rhode Island etc.“, гл. 30, § 23, 1 јули 1857.)

[117] „Sophisms of Free Trade.“ 7 изд., London 1850, стр. 205. Инаку истиот ториевец придава: „Парламентарните акти што ги регулираат наемнините против работниците, а за полза на применувачите на трудот се дочувале за еден долготраен период од 464 години. Населението нарасна. Овие закони сега станаа излишни и пречка“. (Исто, стр. 206.)

[118] Џ. Вејд со пpaвo забележува по повод овој статут: „Од статутот од 1496 произлегува дека расходите за исхрана се сметале како еквивалент за 1/3 од приходите на еден занаетчија и 1/2 од приходите на еден земјоделски работник, а ова покажува оти тогаш работниците биле во поголем степен независни отколку сега, кога храната на работниците во земјоделството и мануфактурата сочинува поголем дел од нивната наемнина.“ (J. Wadе: „History of the Middle and Working Сlаѕѕеѕ”, 3 изд., стр. 24, 25 и 577.) Мнението, според кое оваа диференција како да произлегува од диференцијата меѓу односот на сегашните цени на средствата за исхрана и облекло и тогашните, отпаѓа како неточно и кога ќе се погледне само површно на „Chronicon Pretiosum etc.“ by Bishop Fleetwod. 1 изд. London 1702, 2 изд. London 1745.

[119] W. Petty: „Political Anatomy of Ireland, 1672“, изд. 1691, стр. 10.

[120] A Discourse on the Necessity of Encouraging Mechanic Industry. London 1689, стр. 13, Меколе, кој ја фалсифицира англиската историја според интересите на виговците и буржоазијата, декламира вака: Практиката да се земаат деца предвремено на работа во 17 век преовладуваше во еден скоро неверојатен степен за тогашната состојба на индустријата. Во Нарвич, центрот на волнената индустрија, едно дете од 6 години се сметаше за работоспособно. Разни писатели од она време, а меѓу нив мнозина што се сметаа како извонредно добронамерни, го споменуваат со „exultation” (восхит) фактот, дека во овој град дури дечињата и девојчињата создаваат богатство што изнесува 12.000 ф. ст. годишно над трошоците за нивното издржување. Колку поточно ја испитуваме историјата на минатото, толку повеќе најдуваме основа за да го отфрлиме мнението на оние што го сметаат нашево време за бремено со нови социјални мани. Она што е ново е интелигенцијата, која го открива злото, и хуманоста што го лекува него. („History of England“, св. I, стр. 419.) Меколе можеше понатака да раскаже дека „извонредно добронамерните“ amis du соmmеrсе [пријатели на трговијата] во 17 век со „exultation” раскажуваат за тоа како во еден дом за бедни во Холандија натерале едно дете од 4 години да работи и дека овој пример на „vertu mise en pratique“ [добрина спроведена во практика] помина како пример низ сите дела на хуманистите à la Меколе сѐ до времето на А. Смит. Точно е оти со изникнувањето на мануфактурата, за разлика од занаетчиството, се покажуваат траги од експлоатацијата над децата, што отсекогаш ја има до извесен степен кај селаните, и тоа толку е поразвиена, колку е потежок гнетот што го притиснува земјоделецот. Тенденцијата на капиталот е јасна, но самите факти се сѐ уште така ретки, како што е појавата на двоглави деца. Затоа нив предвидливите „amis du соmmеrсе“ со „exultation” им ги опишуваа на своите современици и на идното потомство како особено важни и достојни за чудење и ги препорачуваа за подражавање. Истиот шкотски сикофант и слаткоречив Меколе вели: „Денеска се слуша само за назадок, а се гледа само напредок.“ Какви очи, а особено какви уши!

[121] Меѓу обвинителите на работниците најзлобен е споменатиот во текстот анонимен автор на: „An Essay on Trade and Commerce, containing Observations on Taxation etc“. London 1770. Веќе понапред истапи така во своето дело: „Consideration on Taxes“, London 1765. А по истата линија оди и Полониј Артур Јанг, непрочуениот сатистички дрдорко. Меѓу заштитниците на работниците најнапред стои Џeкoб Вендерлинт со делото: „Money answers аll things“. London 1734, свештеникот Nathaniel Forster во „An Enquiry into the Causes of the Present High Price of Provisions“. London 1766, др. Прајс, а особено и Паслвејт, како во додатокот кон неговото „Universal Dictionary of Trade and Commerce”, така и во „Great Britain'ѕ Commercial Interest explained and improved“. 2 изд. London 1755. Самите факти можат да се најдат забележани и кај мнозина други писатели од истото време, меѓу другите и кај Џocajа Текер.

[122] Postlethwayt, исто дело: „First Preliminary Discourse“, стр. 14.

[123] „An Essay etc.“ Сам тој раскажува на стр. 96 во што се состоеше уште 1770 „среќата“ на англиските земјоделски работници. „Нивните работни сили („their working powers“) постојано се напрегнати да крајност („on the stretch“); тие и не можат да живеат полошо отколку што живеат сега („they cannot live cheaper than they do“), нити да работат потешко“ („nor work harder“).

[124] Протестантизмот со своето претворање на сите скоро традиционални празници во делници, игра важна ролја во генезата на капиталот.

[125] „An Еѕѕау etc.“, стр. 15, 41, 96, 97, 55, 57.

[126] Исто стр. 69. Џекоб Вендерлинт објасни веќе во 1734 дека тајната на капиталистичките поплаки за мрзливоста на работниот народ се состои просто во тоа, што тие сакаат за истата наемнина 6 работни дена наместо 4.

[127] „An Essay etc.“ 242: „Од ваков идеален работен дом мора да направи „дом на ужас“, а не прибежиште за сиромаштијата каде што би се хранела таа добро, би се облекувала топло и прилично и би работела само малку“.

[128] “In ideal workhouse, the poor shall work 14 hours in a day, allowing proper time for meals, in such manner that there shall remain 12 hours of neat-labour.” (Исто.) „Французите", вели тој, „ни се смеат за нашите ентузијазирани идеи за слободата“ (Исто, стр. 78.)

[129] „Тие изнесуваа дека главната причина за нивното противење да работат подолго од 12 часа е тоа оти законот што пропишува 12-часовно работно време е единствено добро што им останало од републиканското законодавство.“ (RIF, за 31 октомври 1855, стр. 80.) Францускиот закон за дванаесетчасовен работен ден од 5 септември 1850, една побуржоазено издание на декретот на провизорната влада од 2 март 1848, ги опфаќа сите atéliers [претпријатија] без разлика. Пред овој закон работниот ден во Франција беше неограничен. Тој по фабриките траеше по 14, 15 и повеќе часови. Види: „Des classes ouvrières en France, pendant l’année 1848. Par M. Blanqui.” На г. Бланки, не на револуционерот а на економистот, му беше доверено од владата да ја врши анкетата за положбата на работниците.

[130] Белгија се потврдува како примерна буржоаска држава и во поглед на регулирањето на работниот ден. Лорд Ходард де Велден, англиски ополномоштен министер во Брисел, го известува Foreign Office [Министерство за надворешни работи] на 12 мај 1862: „Министерот Рожие ми изјави оти детскиот труд никако не се ограничува ни со општиот закон ни со месните уредби; дека владата за последниве 3 години на секое заседание имаше мисла да му поднесе на парламентот законски проект за овој предмет, но дека таа постојано наидуваше на непреминлива пречка во љубоморниот страв од какво и да е законодавство што би било во противречност со принципот за полната слобода на трудот“!

[131] „Секако, сосем е за жалење што која и да била класа од лица мора да се мачи секојден по 12 часа. Ако кон тоа го придадеме и времето за јадење и времето за одење од работилницата и кон работилницата, тогаш тоа всушност изнесува 14 од 24 часа од деноноќието... Да не зборуваме за здравјето, јас се надевам оти никој нема да одрекува, дека од морална гледна точка една такво целосно зафаќање на времето на работните класи непрекинато од рана младост (од 13 години), а во „слободните“ индустрии дури од многу порана младост, е извонредно штетно и страшно зло... Во интерес на општествениот морал, со цел да се воспита здраво население и за да се создаде за големата маса од народот разумно ползување на животот, мора да се настојува во сите индустриски гранки еден дел од секој работен ден да се резервира за починка и слободно време.“ (Leonard Horner во RIF, за 31 декември 1841.)

[132] Bagu „Judgement of Mr. Ј. Н. Otway. Belfast, Hilary Sessions, County Antrim 1860.”

[133] Мошне е карактеристично за режимот на Луј Филип, „roi bourgeois“ [крал граѓанин] дека единствениот фабрички закон, што е издаден во неговото време на 22 март 1842 г. никогаш не беше спроведен. А овој закон се однесуваше само на детскиот труд. Тој поставуваше 8 часа за деца меѓу 8 и 12 години, дванаесет часа за деца меѓу 12 и 16 години итн., со многу одземки што го дозволуваат ноќниот труд дури и за деца од осум години. Надзорот и наложувањето на законот беа препуштени на добрата волја на „amis du commerce“ и тоа во една земја каде што секој глушец е под полициска команда. Дури од 1853 има во еден единствен департамент, во департаментот Нор, еден платен инспектор од владата. Ништо не е помалку карактеристично за развитокот на француското општества воопшто од тоа, што сѐ до револуцијата од 1848 законот на Луј Филип остана единствен од таа област во целата француска фабрика за закони, која ги зафати во својата мрежа сите страни на животот!

[134] RIF, за 30 април 1860, стр. 51.

[135] „Legislation is equally necessary for the prevention of death, in any form in which it can be prematurely inflicted, and certainly this must be viewed as a most cruel mode of inflicting it.“

[136] RIF за 31 октомври 1849, стр. 6.

[137] RIF, за 31 октомври 1848, стр. 98.

[138] Леонард Хорнер дури и официјално го употребува изразот „nefarious practice“. (RIF, за 31 октомври 1859, стр. 7.)

[139] RIF, за 30 септември 1844, стр. 15.

[140] Актот дозволуваше да работат децата по 10 часа, ако не работат секој ден, но само секој втор ден. Општо земено, оваа клаузула остана без никакво дејство.

[141] „Бидејќи ограничувањето на нивното работно време би предизвикала големо барање (за детска работна сила), се смета дека новиот прилив на деца од 8 до 9 години би ги покрил потребите.“ (Исто, стр. 13).

[142] RIF, за 31 октомври 184, стр. 16.

[143] „Јас утврдив дека на луѓето што примаат 10 шилинзи неделно им одбиваат 1 шилинг за сметка на општото смалување на наемнината од 10% и потака уште 1 шилинг и 6 пенси за скусеното работно време, сѐ заедно 2 шилинга и 6 пенси, и покрај сето тоа мнозинството цврсто стоеше за десетчасовниот бил.“ (Исто).

[144] „Кога ја потпишував петицијата, јас едновремено изјавив оти со тоа правам нешто лошо. — Зошто тогаш вие ја потпишавте неа? — Зашто ако откажев ќе ме исфрлеа на улица. — Молителот се сеќава навистина 'угнетен', но сосем не од фабричкиот акт.“ (Исто, стр. 102).

[145] Исто, стр. 17. Во околијата на г. Хорнер се сослушани така 10.270 возрасни машки работници во 181 фабрика. Нивните искажувања можат да се најдат во придатокот кон извештајот на фабричката инспекција за полугодието од крајот на октомври 1848. Овие сослушувања на сведоците даваат драгоцен материјал и во друг поглед.

[146] Исто. Види ги исказите насобрани од самиот Леонард Хорнер под No. 69, 70, 71, 72, 92, 93, и исказите што ги насобрал подинспекторот А. под No. 51, 52, 58, 59, 62, 70 во „Придатокот“. Дури и еден фабрикант ја кажа вистината. Види No. 14 што иде по No. 265. Исто.

[147] RIF, за 31 октомври 1848, стр. 133, 134.

[148] RIF, за 30 април 1848, стр. 47.

[149] RIF, за 31 октомври 1848, стр. 130.

[150] Исто, стр. 142.

[151] RIF, за 31 октомври 1850, стр. 5, 6.

[152] Природата на капиталот си останува иста, како во неговата неразвиена, така и во неговата развиена форма. Во законикот, што е наметнат на територијата Ново Мексико непосредно пред избувнувањето на Американската граѓанска војна под влијанието на сопствениците на рабовите, се вели: „Работникот претставува, до колку капиталистот ја купил неговата работна сила, негови (од капиталистот) пари.“ („The labourer is his (the capitalist’s) money.“) Истото мнение важело и кај римските патриции. Парите, што му ги дале на заем на плебејскиот должник, се превртувале преку неговите средства за живот во месо и крв на должникот. Затоа ова „месо и крв“ биле „нивни пари“. Оттука произлегува шејлоковскиот закон од 10 таблици![16*] Хипотезата на Ленго, според која патрициските доверители приредувале одвреме навреме на онаа страна на Тибар празнични гозби каде што се подавало варено месо од должниците, си останува неиследена, како и хипотезата на Даумер за христијанската тајна вечера.[17*]

[153] RIF, за 30 април 1848, стр. 28.

[154] Така меѓу другите изјавил и филантропот Ешворт во едно квекерски одвратно писмо до Леонард Хорнер. (RIF, за 30 април 1849, стр. 4.)

[155] RIF, за 30 април 1848, стр. 134.

[156] Исто, стр. 140.

[157] Овие „county magistrates“, „great unpaid“ [големи неплатени], како што нив ги вика В. Кобет, се еден вид неплатени мировни судии, што се одбираат од видните лица на грофовството. Тие всушност сочинуваат патримонијален (родовско-наследен) суд на владеачките класи.

[158] RIF, за 30 април 1849, стр. 21, 22. Спореди ги сличните примери на истото место, стр. 4, 5.

[159] Со чл. 1 и 2 од законот на Вилијам IV, гл. 24, § 10, познат под името фабрички акт од Сер Џoн Хобхаус, му се забранува на кој и да било стопан на некоја памучна предачница или ткајачница, било на татко му, син му или брат му на таквиот стопан, да врши функција на мировен судија во прашањата што се однесуваат за фабричкиот закон.

[160] RIF, за 30 април 1849.

[161] Исто, стр. 5.

[162] RIF, за 31 октомври 1849, стр. 6.

[163] RIF, за 30 април 1849, стр. 21.

[164] RIF, за 1 декември 1848, стр. 95.

[165] Види RIF, за 30 април 1849, стр. 6 и широкото изложение на „Shifting system“ [систем на префрлање] дадено од фабричките инспектори Хауел и Саундерс во RIF, за 31 октомври 1848. Види ја и петицијата на свештенството од Аштон и околината, испратена во пролетта 1849 до кралицата [Викторија] против „shift system“.

[166] Спор. на пр. R. Н. Greg: „The Factory Question and the Ten Ноurѕ Bill.“ London 1837.

[167] F. Engels: „Die englische Zehnstundenbill” (Во моето списание „Neue Rheinische Zeitung. Politisch-ökonomische Revue“, Aprilheft 1850. стр. 13.) Истиот „висок" суд откри исто така во време на Американската граѓанска војна една закачка, со која го преврте законот против вооружувањето на пиратските пароброди во негова директна спротивност.

[168] RIF, за 30 април 1860.

[169] Зиме овој период може да се замени со периодот меѓу 7 часот наутро и 7 часот навечер.

[170] „Сегашниов закон (од 1850) е резултат на компромисот со кој работниците се одрекоа од благодетите на десетчасовниот работен ден, за да ја добијат предноста од едновремено почнување и завршување на работата за оние чиишто труд бил ограничен.“ (RIF, за 30 април 1852, стр. 14.)

[171] RIF, за 30 септември 1844, стр. 13.

[172] Исто.

[173] Исто, стр. 20.

[174] RIF, за 31 октомври 1861, стр. 26.

[175] Исто, стр. 27. Општо земено, работничкото население, потчинето под фабричкиот закон, мошне се поправило физички. Сите лекарски изјави се согласуваат во тоа, а и моето лично набљудување во различни периоди мене ме увери во тоа. Сепак, и без обѕир на огромната смртност на децата во првата година од животот, официјалниот извештај на Д-р Гринхау укажува на лошата состојба на фабричките околии, во споредба со „земјоделските околии со нормално здравје“. За доказ на тоа служи, меѓу другото, и следнава табела од неговиот извештај од 1861

Процент на возрасните мажи
на работа
во мануфактурите
14,9 42,6 37,3 41,9 31,0 14,9 36,6 30,4
Норма на смртноста
од градни болести
на секои 100.000 мажи
598 708 547 611 691 588 721 726 305
Име на
околијата
Wigan Blackburn Halifax Bradford Maccles-
field
Leek Stoke-
upon-Trent
Woolstanton 8 здрави
земјоделски
околии
Норма на смртноста
од градни болести
на секои 100.000 жени
644 734 564 603 804 705 665 727 340
Процент на возрасните жени
на работа
во мануфактурите
18,0 34,9 20,4 30,0 26,0 17,2 19,3 13,9
Вид на
женското
занимање
Памук '' Чешл. волна '' Kопринa '' Грнчарство ''

[176] Се знае со каков отпор се откажаа англиските „фритредери“ од заштитните царини на копринената мануфактура. Наместо заштитата против францускиот внос дојде сега незаштитеноста на англиските фабрички деца.

[177] RIF, за 30 април 1853, стр. 31.

[178] За време на највисокиот развиток на англиската памучна индустрија во 1859 и 1860 неколку фабриканти се обидоа со подмамка на високи наемнини за прекурочно време да ги склонат возрасните мажи – предачи итн. за продолжување на работниот ден. Предачите на рачните — муле и на механичките предачници му ставија крај на експериментот со една претставка до нивните применувачи, во која, меѓу другото, се вели: „Искрено да кажеме, животот ни дотегна и сѐ дотогаш додека ќе бидеме скоро 2 дена во неделата (20 часа) приковани за фабриката подолго, отколку што се другите работници, ние ќе се чувствуваме како хелоти на оваа земја, и сами себе си ќе си префрламе што овековечуваме еден систем што ни пакости нам самите и на нашето потомство физички и морално ... Поради тоа ние со почит ве известуваме сега дека од нова година нема да работиме ни една минута повеќе од 60 часа неделно, од 6 часот до 6 часот, со одбивање на законската пауза од 1 1/2 час.“ (RIF, за 30 април 1860, стр. 30).

[179] За средствата што ги дава редакцијата на овој закон за неговото кршење види го парламентарниот извештај: Factory Regulations Acts for 6 август 1859) и во него: Leanhard Horner: „Suggestions for Amending the Factory Act to enable the Inspectors to prevent illegal working, now become very prevalent.”

[180] „Во мојата околија последново полугодие (1857), деца од 8 години нагоре се измачуваат всушност од 6 часот наутро до 9 часот навечер“ (RIF, за 31 октомври 1857, стр. 39.)

[181] „(Printwork'ѕ Act) Законот за печатниците на Катуни се смета за неуспешен, како во поглед на заштитните, така и во поглед на воспитните мерки.“ (RIF, за 31 октомври 1862, стр. 52.)

[182] Така на пр. се искажува Е. Потер во писмото до „Тајмс“ од 24 март 1863. „Тајмс“ го потсетува него на бунтот на фабрикантите против десетчасовниот закон.

[183] Така меѓу другите се искажа и г. В. Њумарч, соработник и издавач на „History of Prices“ од Тук. Дали кукавичката отстапка направена на општественото мнение е научен напредок?

[184] Законот за белилниците и бојаџилниците издаден во 1860 определува работниот ден да се снижи од 1 август 1861 привремено на 12 часа, а од 1 август 1862 дефинитивно на 10 часа, т.е. На 10 1/2 за делниците и на 7 1/2 за саботата. Но сега кога дојде злосреќната 1862 година, се повтори старата песна. Господата фабриканти се обрнаа до парламентот со петиција да се потрпи уште една година да работат младите лица и жените по дванаесет часа ... „При сегашната состојба на индустријата (во времето на памучниот глад) би била голема предност за работниците, ако им се дозволи да работат по 12 часа дневно, за да извадат колку што се може поголема наемнина ... Веќе се успеало да се поднесе во Долниот дом законски предлог во оваа смисла. Тој пропаднал поради агитацијата на работниците во белилните заводи на Шкотска.“ (RIF, за 31 октомври 1862, стр. 14, 15.) Така поразен од самите работници, во чиешто име тој се правеше да говори, капиталот сега, со помошта на правните очила, откри дека законот од 1860, како и сите парламентарни закони за „заштита на трудот“ е составен од заплетени двосмислици, и дека овие му даваат возможност да ги исклучи од негово дејство работниците на пресувањето и на апретурата („Calenderer“ и „fіnishers“). Англиската јурисдикција, постојан верен слуга на капиталот, го санкционира ова изигрување на законот со помошта на Common рlеаѕ [граѓански суд]. „Тоа предизвика меѓу работниците големо незадоволство, и е сосем за жалење што јасната намера на законодавството е спречена под изговор на некоја недостатна дефиниција на некој збор“ (Исто, стр. 18.).

[185] „Белилниците на отворен воздух“ се извлекле од законот за „белилниците“ од 1860, со лага, дека жени кај нив не работеле ноќе. Лагата беше откриена од фабричките инспектори, но едновремено и работничките петиции го лишија парламентот од неговите претстави за „белилниците на отворен воздух“ полни со разладен мирис на ливади. Во овие воздушни белилници се употребуваа сушилници со 90 до 100 фаренхајтови rрадуси [32 до 38° Целзиусови], а во нив работеа главно девојки. „Cooling” (разладување) е технички израз за повремено излегување од собите за сушење на отворен воздух, („Петнаесет девојки во сушилницата, жештина од 80 до 90° [27 до 32° Целзиусови] за лесно платно, од 100 (38°С) и повеќе за батистот. Дванаесет девојчиња го диплат и го редат [батистот итн.] во едно малечко сопче со приближно 10 квадратни стапала, насреде една затворена печка. Девојчињата стојат околу печката, од која се шири страшна жештина и бргу го суши батистот за пеглачките. Бројот на часовите за овие раце е неограничен. Ако има работа, тие работат многу денови едноподруго до 9 или 12 часот ноќе.“ (RIF, за октомври 1862, стр. 56.) Еден лекар изјави. „За разладувањето не се дозволуваат никакви специјални часови, но кога температурата ќе стане неподнослива, или кога ќе им се извалкаат од пот рацете на работничките, тогаш им се дозволува да излезат надвор за некоја минута ... Мојот опит при лекувањето на болестите на овие работнички ме присилува да констатирам дека нивната здравствена состојба стои многу пониско отколку кај памучните предачки (а капиталот во своите молби до парламентот ги наслика нив во стилот на Рубенса здрави и прездрави!). Нивните најкарактеристични болести се: офтиката, бронхитот, материчните болести, хистеријата во најужасна форма и ревматизмот. Според моето мнение сите тие директно или индиректно произлегуваат од претерано вжештениот воздух во нивните работилници и од немањето доволно топли алишта за да се зачуваат од студената и влажната атмосфера при нивното враќање дома во зимските месеци.“ (Исто, стр. 56, 57). За законот од 1863, што е донесен дополнително и против волјата на веселите сопственици на „белилниците на отворен воздух“, фабричките инспектори забележуваат: „Овој закон не само што не ја постигнува целта да им даде на работниците заштита што изгледа оти тој ја дава ... тој е така формулиран, што заштитата настапува само тогаш, кога ќе се затече да работи некое дете или жена до 8 часот навечер, та дури и тогаш пропишаните методи за докажување се ставени така во клаузули, што тешко да може да дојде до казнување.“ (Исто, стр. 52.) „Како закон што треба да постигне хумани и воспитни цели, тој наполно не успеа. Сепак тешко може да се нарече хумано тоа што им се дозволува на жените и децата, или што е едно исто, што се присилуваат тие да работат по 14 или можеби уште повеќе часови на ден, со или без пауза за јадење, како каде ќе се погоди, без ограничување во поглед на возраст, без разлика на пол, и без оглед на општествените обичаи на фамилиите од околината каде што се најдуваат белилниците.“ (RIF. за 30 април 1863, стр. 46.).

[185а] (Белешка кон 2 издание.) Од 1866 г., кога го пишував овој текст настапи пак реакција.

[186] „Поведението на едната и другата класа (капиталистичката и работничката) е резултат на околностите во кои се најдува секоја од нив.“ (RIF, за 31 октомври 1848, стр. 113.)

[187] Гранките, на кои се однесува ограничувањата беа во врска со изработувањето на текстилните стоки со парна и водна сила. Секоја гранка на трудот мораше да исполни два услова за да може да се примени на неа фабричката инспекција: употребата на парната и водната сила и преработувањето определен вид влакнест штоф. (RIF, за 31 октомври 1864, стр. 8.)

[188] За состојбата на оваа таканаречена домашна индустрија има извонредно богат материјал во последните извештаи на „Children'ѕ Employment Commission”.

[189] „Законот донесен во последната сесија (1864)... зафаќа многу гранки на трудот што по начинот на трудот многу се разликуваат. За да се означи законски некое претпријатие како фабрика, не беше повеќе нужен предусловот да се употребува механичка сила за пуштање во движење на маштинеријата." (RIF, за 31 октомври 1864, стр. 8.).

[190] Белгија, рајот на континенталниот либерализам, уште и не покажува никаква трага од ова движење. Дури и во нејзините рудници за јаглен и во рудниците за метали се употребуваат работници од обата пола и од сите степени на возраста со полна „слобода“, како во поглед на временската должина, така и во поглед на временскиот период. На секои 1.000 лица што работат таму идат 738 мажи, 88 жени, 135 деца и 44 девојчиња под 16 години; во високите печки итн. идат на секој 1.000: 668 мажи, 149 жени, 98 момчиња и 85 девојчиња под 16 години. Притоа сега иде уште ниска наемнина за страшна експлоатација на зрела и незрела работна сила, што прави средно на ден 2 шилинга и 8 пенси за мажи, 1 шилинг и 8 пeнcи за жени, 1 шилинг и 2 1/2 пенси за момчиња. Но затоа Белгија во 1863 во споредба со 1850 скоро го вудвоила количеството на вредноста на својот износ на јаглен, железо итн.

[191] Кога Роберт Овен, во почетокот на втората деценија од овој век не само теоретски се застапуваше за нужноста од ограничување на работниот ден, вистински го воведе десетчасовниот работен ден во својата фабрика во Њу Ланорк, тоа беше исмејувано како комунистичка утопија, исто онака како и неговото „поврзување на производниот труд со воспитувањето на децата“, исто онака како и кооперативните претпријатија на работниците создадени од самиот него. Денеска првата утопија е фабричкиот закон, втората фигурира како официјална фраза во сите „Factory Acts“, a третата служи дури за прикривање на реакционерните шарлатанства.

[192] Ure (француски превод): „Philosophie des Manufactures. Paris 1836“ св. II, стр. 39, 40, 67, 77 итн.

[193] Во Compte-rendu [известие], извештајот на „Интернационалниот статистички конгрес во Париз во 1855“, меѓу другото, се вели: „Францускиот закон, што го ограничува траењето на дневниот труд во фабриките и работилниците на 12 часа, не го ограничува овој труд во рамките на определени постојани часови (временски периоди), притоа само за детскиот труд е определен период меѓу 5 часот претпладне и 9 часот навечер. Поради тоа еден дел од фабрикантите се служи со правото што им го дава ним ова кобно молчење, за да ги присилуваат работниците да работат без прекин од ден на ден, можеби со одземка на неделата. За таа цел тие употребуваат две различни смени работници, од кои ниедна не останува повеќе од 12 часа во работилницата, но работата во претпријатието трае ден и ноќ. 3аконот е задоволен, но дали е задоволена и хуманоста?“ Покрај „разорното влијание на ноќниот труд врз човечкиот организам“ нагласено е и „фаталното влијание на ноќното мешање на обата пола во слабо осветлени работилници.“

[194] „На пр. во мојата околија, во истите фабрички згради, еден ист фабрикант како белач и бojaџија е потчинет под „законот за белилниците и бојаџилниците“, и како печатар под „законот за печатење басми“ и како „апретер“ под „фабричкиот закон“. (Report of Mr. Baker во RIF, за 31 октомври 1861, стр. 20). Откако ги изброја различните определби на овие акти и компликациите што произлегуваат оттука, Г. Бејкер вели: „Се гледа колку мора да биде тешко да се осигури извршувањето на овие три парламентарни акти ако сакаат фабрикантите да го заобиколуваат законот“. Но она што им се осигурува на господата јуристи со тоа, се процесите.

[195] Така најпосле се решаваат фабричките инспектори да кажат: „Овие приговори (од капиталот против законското ограничување на работното време) мора да паднат пред широките принципи за правото на трудот ... Настапува момент кога престанува правото на фабрикантот над трудот на неговиот работник и кога овој сам станува господар на своето време, дури и кога не се работи за целосна исцрпеност.“ (RIF, за 31 октомври 1862, стр. 54.).

[196] „Ние, работниците од Данкерк, изјавуваме оти должината на работното време што се сака под сегашниов систем е преголема и оти на работникот не му останува никакво време за починка и развиток, и дури него го фрла во состојба на потчинетост што е само малку подобра од ропството („а condition of servitude but little better than slavery). Поради тоа заклучивме дека 8 часа се доста за еден работен ден и дека законски мораат да се признаат како достатни; го викаме печатот, тој силен лост на помош... и сите што ни откажуваат во тоа да не поткрепат, ги сметаме како непријатели на реформите на трудот и на работничките права“. (Заклучоци на работниците во Данкерк, држава Њујорк, 1866.)

[197] RIF, за октомври 1848, стр. 112.

[198] „Освен тоа овие дејствија (на пр. маневрите на капиталот од 1848 до 1850) дадоа непобитни докази дека се лажни толку повторуваните тврдења оти на работниците не им била потребна заштита, туку тие треба да се сметаат како потполно слободни агенти во располагањето со единствената сопственост што ја имаат, со трудот на своите раце и со потта од своето чело.“ (RIF, за 30 април 1850, стр. 45.) „Слободниот труд ако може општо така да се нарече, дури и во една слободна земја има потреба за својата заштита од силна рака на законот.“ (RIF, за 31 октомври 1864, стр. 34.) „Да се дозволи, а тоа значи исто што и да се присили. .. да се работи по 14 часа на ден со или без починка за јадење итн.“ (RIF, за 29 април 1863, стр. 40.)

[199] Фридрих Енгелс: „Lage etc.”, стр. 5.

[200] Десетчасовниот бил во индустриските гранки што се потчинети под него „ги спаси работниците од полна дегенерација и го зеде во заштита нивното физичко здравје.“ (RIF, за 31 октомври 1859, стр. 47.) „Капиталот (во фабриките) не може никогаш да ја одржува машинеријата во движење преку еден ограничен временски период, без да му пакости тоа за здравјето и моралот на работниците што се на работа, а тие не се во состојба сами себе да се заштитат.“ (Исто, стр. 8.)

[201] „Уште поголемо добро е во тоа што е најпосле повлечена јасна граница меѓу работното време на работникот што му припаѓа на самиот него и времето што му припаѓа на неговиот претприемач. Сега работникот знае кога се свршува времето што го продава тој, а кога почнува времето што му припаѓа на самиот него, и бидејќи ова однапред го знае, затоа е во состојба однапред да располага со своите сопствени минути за свои сопствени цели.“ (Исто, стр. 52.) „Откако тие“ (фабричките закони) ги направија така работниците господари на своето сопствено време им дадоа ним морална енергија што ги подготвува за евентуално вршење на политичките права“. (Исто, стр. 47.) Со воздржана иронија и со мошне претпазливи изрази фабричките инспектори споменуваат оти сегашниов закон за десетчасовното работно време во извесна мера ги ослободува и капиталистите од природната бруталност што им е својствена како просто овоплотување на капиталот и дека им даде време малку да се „образоваат“. Порано „фабрикантите имале време само за парични зделки, а слугите само за труд.“ (Исто, стр. 48.)


Забелешки на уредникот на изданието

[1*] Приврзаници на малиот шилинг или „Бирмингемска школа“ — особена економска школа која настанала во првата половина од 19 век. Нејзините приврзаници проповедале учење за идеална парична мерна единица и согласно со тоа парите ги сметале само како „сметковни имиња.“ Претставниците на Бирмингемската школа браќата Томас, Матијас, Атвуд, Спупер и други изработиле проект за смалување на златната содржина на паричната единица во Англија, кој се нарекол „проект на малиот шилинг“. Оттука произлегло и името на самата школа. Истовремено приврзаниците на „малиот шилинг“ се свртиле против мерките на владата, кои имале цел да се смали паричната маса во оптек. Според нивното мнение, кога би се усвоило нивното учење, цените на индустриските стоки би нараснале, индустријата би оживела и би се постигнал општ напредок во земјата. Вистински пак, предлаганата девалвација можела да создаде услови за бришење на долговите на државата и на големите претприемачи, кои главно ги ползувале кредитите. За приврзаниците на школата за „малиот шилинг“ Маркс говори во својот труд „Кон критиката на политичката економија“.

[2*] Буквално: крајна Тула (Тула била, според верувањето на античките народи, островска земја која се најдувала на крајниот север на Европа). Овде е употребен овој израз во смисла на крајна граница.

[3*] Прв устав на Дунавските кнежевства (Молдавија и Влахија), воведен во 1831 од страна на П. Д. Киселев, главииот управник на руската администрација во овие кнежевства кои биле окупирани од руските војски по Руско-турската војна од 1828-1829 г., а врз основа на Едренскиот мировен договор од 14 септември 1829 г. Според Реглементот, законодавната власт во секое кнежевство ја имало собранието избирано од страна на крупните земјосопственици, а извршната власт — господарите кои биле доживотно избрани од претставниците на земјопоседниците, духовенството и градовите. Реглементот ја зацврстил господствувачката положба на болјарството и високото духовенство, го зачувал дотогашниот феудален поредок, па и кулукот. Селаните одговориле на оваа „Конституција“ со редица востанија. Инаку, Реглементот вовел некои буржоаски реформи: ги укинал внатрешните царински бариери, воведена е слободна трговија, одвоен е судот од управата, на селаните им било дозволено да ги менуваат своите господари-земјосопственици и забрането било мачењето. „Règlement organique“ бил укинат за време на револуцијата од 1848 г.

[4*] Германски: vorfauchen, глагол што го извел Маркс од името Faucher.

[5*] Орган на кралот на Англија, кој се состои од министри и други службени лица и црковни високодостојници. Тајниот савет е образуван во 13. век. Долго време имал законодавни права и му бил одговорен само на кралот, а не на парламентот. Значењето на Советот значително опаднало во 18. и 19. век. Денеска Тајниот совет во Англија нема никакво практично значење.

[6*] Така почнува четвртата сатира од Јувенал, додека во првиот дел од сатирата Кристин, дворјанин кај римскиот цар Домицијан, бил бичуван. Во преносна смисла овие зборови значат: „пак истото лице“ или „пак исто“.

[7*] Идеалистички правец во старогрчката филозофија од 6. и 5. век п.н.е. Нејзините најважни претставници биле Ксенофан, Парменид и Зенон. Елеатите настојувале да докажат, меѓу другото, дека движењето и многустраноста на појавите постојат само во мислењето и дека немаат вистинско битие и суштествување.

[8*] Колегиум од 12 до 23 поротници кој постоел во Англија до 1933 г. Поротниците ги избирал шерифот од „добрите и верните луѓе“ во грофовството каде што се случил настанот кој бил првдмет на процесот. Тој решавал дали поднесениот доказен материјал ја докажува вината на обвинетиот или не и според тоа морал или да го ослободи обвинетиот или да му го предаде на кривичен суд.

[9*] Зборови од англиската национална химна.

[10*] Зграда во Лондон, собиралиште на верски и филантропски здруженија.

[11*] „Продавање на правото на првородство за ваган леѓа“ — овој израз влегол во тек според една легенда од Библијата. Според неа, гладниот Исав за таа цена му го продал правото на првородство на својот брат Јаков.

[12*] Џагернат — еден од ликовите на богот Вишна, кој е меѓу највисоките хиндуистички богови. Култот на Џагернат се обележувал со особено сјаен ритуал и краен верски фанатизам, кој нашол израз во себеизмачувањето и себежртвувањето на верниците. За време на големите празници верниците се фрлале под тркалата на колата на која се најдувал ликот на Вишна—Џагернат.

[13*] People's charter (Народна карта—повела) — документ кој ги содржел барањата на чартистите; објавен е на 8 мај 1838 како предлог закон кој требало да се поднесе до парламентот. Барањата биле: 1. општо право на глас (за мажи постари од 21 година), 2. годишни парламентарни избори, 3. тајно гласање, 4. изедначување на изборните околии, 5. укинување на имотниот цензус за кандидатите во парламентарните избори, 6. дневници за членовите на парламентот.

[14*] Закон против сомнителните — закон, донесен од Законодавното тело на Франција во 1858 г., за општите мерки на безбедноста. Овој закон му давал неограничено право на царот и неговата влада да ги затвораат и прогонуваат во разни места по Франција и Алжир или да ги изгонуваат од Франција сите лица кои биле сомнителни за непријателско однесување спрема Второто Царство.

[15*] Овој и погорните стихови се од Шекспир, „Венецијанскиот трговец“, чин 4, сцена 1.

[16*] Закон од 10 таблици — првобитната варијанта на законот од „дванаесет таблици“, најстариот споменик од законодавноста на римската робовладетелска држава. Овој закон ја бранел приватната сопственост и за должникот кој не бил во состојба да го врати долгот предвидувал затвор, ропство или отсекување некои делови од телото. Од овој закон се развило римското приватно право.

[17*] Германскиот филозоф Даумер во својот труд „Geheimnisse des christlichen Alterthums“ ја изнесол хипотезата дека првобитните христијани се причествувале со човечко месо.

[18*] Фpанцускиот социјалист-утопист Фурие ја скицирал сликата на идното општество во кое човекот би требало да врши разни работи во текот на еден работен ден, а работниот ден би се состоел од неколку кратки сеанси на труд, од кои ни една да не трае подолго од еден и пол до два часа. Така, според мислењето на Фурие, би пораснала производноста на трудот толку многу што и најсиромашниот работник би можел да ги задоволи своите потреби повеќе отколку што можел претходно кој било капиталист.

[19*] Општоамериканскиот работнички конгрес во Балтимор заседавал од 22 до 25 август 1866 г. На конгресот учествувале 60 делегати кои ги застапувале над 60.000 работници зачленети во тредјунионите. На конгресот се расправало за воведувањето осумчасовен работен ден како законска одредба, за кооперативните здруженија, за обединувањето на сите работници во тредјунионите и за други прашања. Потака било заклучено да се оснива една политичка организација на работничката класа National Labor Union (Национален работнички сојуз).

[20*] „Змиите на своите маки“ — парафразирани зборови од поемата на Хајне „Heinrich“ (од циклусот „Современи стихотворби“).

[21*] Вергилиј, „Енеида“, книга 2, стих 274.


Следно поглавје

Содржина

Маркс-Енгелсова интернет архива